Википедија:Се бара извор

Од Википедија — слободната енциклопедија
Предлошката {{се бара извор}} се користи за промовирање на одговорен дискурс.
Можете да го искористите предлошката {{се бара извор}} дури и на политички постер.

За да бидеме сигурни дека целата содржина на Википедија е проверлива, секој може да ја предизвика точноста на непоткрепени тврдења преку внесување на {{се бара извор}} (или скратените варијанти: {{сби}} или {{факт}}).

Пример: Земјата е сплескана како палачинка.[се бара извор]


Оваа ознака го сигнализира следново:

  • Бидете претпазливи ако се потпирате на тврдења без извор.
  • Ако имате причина да мислите дека тврдењето е неточно, тогаш сте охрабрени да го отстраните тврдењето.
  • Ако пронајдете веродостоен извор за тврдењето: Ве молиме, бидете храбри и заменете ја предлошката со <ref>некоја фуснота</ref>, каде што со некоја фуснота давате доволно информации за да се пронајде изворот. Оставете го форматирањето на некој друг или научете повеќе за темата со читање на Википедија:Цитирање извори.
  • Контроверзни тврдења и тврдења кои се слабо поткрепени со извори во биографиите за живи лица треба да веднаш да се отстранат.