Википедија:Барања за оценувачки статус

Од Википедија — слободната енциклопедија


Кратенки:
ВП:БЗАС

Барање за оценувачки статус (БзОС) е процес со кој заедницата на Википедија одлучува кој да биде оценувач. Оценуачите имаат поголеми права, кои им овозможуваат да донесуваат одлуки за тоа дали уредувањата на останатите корисници треба или не треба да бидат прифатени. Корисникот или го приложува неговото/нејзиното барање за оценувачки статус (само-номинација) или е номиниран од друг корисник.

Ве молиме прочитајте ги критериумите за номинирање пред да го приложите Вашето барање. Доколку не ги исполнувата критериумите, Вашето барање ќе биде одбиено.

Критериуми за номинирање[уреди извор]

Корисникот кој сака да поднесе барање за постанување оценувач на Википедија, треба да ги исполнува следните критериуми:

  • да има отворено корисничка сметка на Википедија на македонски јазик пред најмалку 6 месеци;
  • да има повеќе од 500 корисни уредувања* на Википедија на македонски јазик;
  • да е активен корисник;
  • да е запознаен со некои од основните правила: неутрална гледна точка, без свои истражувања, проверливост и што не е Википедија;
  • да е запознаен со начинот на кој функционира процесот на оценување и улогата на оценувачот.

Корисникот, кој веќе станал оценувач не го задржува статусот засекогаш, туку може истиот да загуби, доколку ги злоупотренува доверените права. Администраторите се автоматски и оценувачи.

*За тоа дали корисничките уредувања се корисни, одредува викизаедницата.

Номинирање[уреди извор]

Номинациите мора да бидат прифатени од корисникот во прашање. Доколку номинирате некој корисник, оставате порака на неговата/нејзината разговорна страница и замолете го/ја да одговори на страницата за номинација со цел да ја прифати или одбие номинацијата. Уште подобро, прашајте го/ја дали ќе прифати пред да ја создадете страницата.

За да се номинирате било самите себе, било друг корисник за администраторски статус, следете ги упатствата на оваа страница. Номинацијата може да се смета за „неправилна“ и може да биде вратена доколку не ги следите овие упатства.

Тековни номинации за оценувачки статус[уреди извор]

Моменталното време е 14:02:15, 21 март 2024 (UTC)

Исчистете го кешот доколку номинациите не се обновени.