Википатување

Од Википедија — слободната енциклопедија
Википатување
150px
Екранска снимка
Вид место
вики
Достапно на7 активни изданија (англиски, холандски, француски, германски, руски, шведски)
СопственикWikimedia Foundation (non-profit)
СоздавачФондација Викимедија
Адресаwikivoyage.org
Место на Алекса 15.847 (ноември 2019)[1]
Комерцијалноне
Зачленувањенезадолжително
Пуштено10 декември 2006 (на германски јазик)
15 јануари 2013 (на англиски јазик)

Википaтување wɪkiˈvɔɪ.ɪdʒ (јазик англиски|wiki + voyage што значи вики + патување), слободен водич за патување на кое автори волонтери пишуваат за туристичките одредишта и теми. Тоа е братски проект на Википедија кој ја поддржува и хостува непрофитната Задужбина на Викимедија.[2]

Проектот настанал со раздвојување од германската верзија во септември 2006 година со цел да се избегнат комерцијалните интереси. Го финансирало истоименото германско здружение, а активно е од 10 декември 2006 година.

Од средината на 2012 година повеќето од уредниците на верзијата Википатувања на англиски јазик, вклучувајќи ги повеќето од администраторите, одлучила да ги обедини Wikitravel и Wikivoyage заедниците во нов не-комерцијален проект. Поднесена е молба до фондацијата на Викимедија со цел да се истражи нивниот интерес за вдомување, а што потекнало од успешниот предлог, кој бил одобрен од страна на Фондацијата во октомври 2012 година.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. alexa.com Архивирано на 26 мај 2010 г. пров. 28 ноември 2019.
  2. „WikiVoyage, Wikipedia of travel guides, leaves beta to take on the travel industry“. Huffington Post. 1 јануари 2013. Посетено на 11 март 2015.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]