Венецијански филмски фестивал

Од Википедија — слободната енциклопедија

Венецијански филмски фестивал — меѓународен филмски фестивал со натпреварувачки карактер што се одржува во Венеција, познат и како Мостра. Највисоката награда што се доделува на фестивалот е наречена „Златен лав“.

Историјат[уреди | уреди извор]

2016 година[уреди | уреди извор]

73. издание на Венецијанскиот кинофестивал започнало со проекцијата на филмот „Ла Ла Ленд“, во кој главните улоги ги играат Рајан Гослинг и Ема Стоун. Покрај другите, на фестивалот биле прикажани филмовите: „Патување на времето“ (Voyage of Time), „Ноќни животни“ (Nocturnal Animals), „Џеки“ (Jackie), „На Млечниот Пат“ на режисерот Емир Кустурица, „Рај“ на Андреј Кончаловски итн. Наградата „Златен лав“ за животно дело им била доделена на францускиот глумец Жан-Пол Белмондо и на полскиот режисер Јежи Сколимовски. Исто така, биле одржани посебни проекции, посветени на Мајкл Чимино и на Абас Кијаростами. Жирито го предводел британскиот режисер Сем Мендес. Фестивалот завршил на 10 септември.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Story, број 573, 9 септември 2016, стр. 86.