Велс

Од Википедија — слободната енциклопедија
Велс
Cymru

Wales

Знаме Кралска Значка
ХимнаHen Wlad Fy Nhadau"
(„Земјата на Моите татковци“)

Кралска химнаБоже, чувај го Кралот
Велс (црвена)
Велс (црвена)
Велс (црвена)
Главен градКардиф
Најголем град Главниот град
Службен јазик велшки, англиски
Уредување Деволтирано парламентарно законодавство во рамки на парламентарна уставна монархија
 •  Крал Чарлс III
 •  Прв министер Марк Дрејкфорд
Формирање
 •  Унифициран од Груфид Ап Ливелин 1057 год. 
 •  Статут на Радлан 1284 год. 
 •  Закони во Велс Акти 1535 и 1542 година 1543 год. 
 •  Закон за велшки јазик од 1967 година 1967 год. 
 •  Деволуција 1998 год. 
Површина
 •  Вкупна 21,218 км2 
Валута Фунта стерлинг
Се вози на лево
Повик. бр. +44

Велс (велшки: Cymru, Камри; англиски: Wales) — составна земја на Обединетото Кралство во западниот дел на островот Велика Британија. Во рамките на Обединетото Кралство се граничи само со Англија.

Населението на Велс изнесува 2.921.100 жители што е само 5% од вкупниот број на населението на Обединетото кралство на Велика Британија и Северна Ирска. Главниот град е Кардиф со население од 302.000 жители. Површината на Велс (20.779 км2) е помала од површината на Република Македонија.

Жителите на Велс се чувствуваат како посебен народ, но поради вечната асимилација од страна на Англија се створила ситуација каде што само 20% од велшкиот народ го зборува оригиналниот велшки односно келтски јазик.

60% од жителите на Велс се самонарекуваат Велшани. Службени јазици во Велс се англиски и велшки. Англиски зборуваат сите жители на Велс, а само 20% од жителите знаат велшки.

Велс е поранешна престолнина и заедно со Англија, Шкотска и Северна Ирска ја формира Велика Британија. Велс има свој јазик, свое знаме и своја внатрешна организација. Но, во меѓународните збиднувања е суверена земја Обединетото Кралство и како нејзин дел Велс нема право на глас.

Велс не е политички независен од 1282 год. Тоа е дел од Обединетото Кралство во кој преовладува келтска религија и се зборува велшки јазик. Во остатокот од Обединетото Кралство келтските елементи исчезнале.

Црквата од Велс е англиска црква и има 77,881 членови (отприлика 2,5% од населението). Унија на Независни Велшани (УНВ) е конгрегстионалистичка црква и има отприлика 36 000 членови (1% од населението). Бројот на членови на презвитерјианската црква од Велс има 34,819 (1% од населението).

Потекло на поимот[уреди | уреди извор]

Постојат неколку претпоставки за потеклото на името Велс. Според една претпоставка, името Велс доаѓа од германскиот збор Walha (непознат), а според друга, потекнува од зборот Wealhas што значи странец.

Географија[уреди | уреди извор]

Површината на Велс изнесува околу 20.779 км2, отприлика исто колку Словенија. Се протега 274 км од север на запад и 97 км од исток на запад. Велс се граничи со Англија на исток, со морето од другите страни, каналот Бристол е на југ, а каналот Св. Георги на југозападниот дел и Ирското Море на северозападнот и северниот дел. Велс има 1.200 км крајбрежје. Повшината на Велс, покрај тоа што опфаќа дел од островот Велика Британија, опфаќа и неколку помали острoви. Релефот е претежно планински, особено северниот и средниот дел од Велс. Планините ја добиле нивната форма во последното ледено време.

6 места имаат статус како градови во Велс:

Ланваирпулгвингилгохерихверндробуландисилиогогогох е населба во северозападниот дел на Велс која што го држи рекордот за најдолго име во светот.

Велс како тема во уметноста и во популарната култура[уреди | уреди извор]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]