Вајсенфелс (округ)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Вајсенфелс
Weißenfels

округ
Земја Германија
ПокраинаСаксонија-Анхалт
Укинат1 јули 2007
СедиштеВајсенфелс
Површина
 • Вкупна372,41 км2 (143,79 ми2)
Население (2004)
 • Вкупно74,913
 • Густина200/км2 (520/ми2)
Часовен појасCET (UTC+1)
 • Лете (ЛСВ)CEST (UTC+2)
Рег. таб.WSF
Мреж. местоlandkreis-weissenfels.de

Вајсенфелс (германски: Weißenfels) бил округ на југот на Саксонија-Анхалт, Германија. Соседни окрузи биле (од југ надесно) Бургенланд, Мерзебург-Кверфурт и саксонскиот округ Лајпциг.

Историја[уреди | уреди извор]

Во близина на малиот град Гозек археолозите ја открија во 1999, најстарата сончева опсерваторија во Европа, победувајќи го Стоунхенџ за повеќе од 2000 години. Околу 5000 години п.н.е. кружниот ров со пречник од 75 метри бил опкружен со дрвени палисади, со три отвори што се овозможува да се мери датумот на пролетната и есенската рамноденица. Ископувањата на наоѓалиштето се планирани да продолжат до 2007.

Округот во денешните граници бил основан во 1994, кога двата претходни окрузи Вајсенфелс и Хоенмелзен биле споени.

Географија[уреди | уреди извор]

Главната река во округот е Зале, со лозја по течението на речната долина. Во источниот дел од округот има отворен рударски коп за лигнит, во близина на Хоенмелзен.

Грб[уреди | уреди извор]

Грб Главниот симбол на грбот е сината лента, претставувајќи ја реката Зале. Прускиот орел во горниот десен агол бил додаден, кога оваа територија станала дел од Прусија во 1816, иако историски припаѓа на Саксонија. Листот од детелина со рударски симбол внатре бил земен од грбот на поранешниот округ Хоенмелзен. Листот го претставува земјоделството во округот, рударските чекани рудниците за јаглен.

Градови и општини[уреди | уреди извор]

Градови Општински заедници
  1. Хоенмелзен
  1. Лицен-Визенгрунд (вкл. го и градот Лицен)
  2. Залетал
  3. Фир Верге-Тојхернер Ланд (вкл. го и градот Тојхерн)
  4. Вајсенфелсер Ланд (вкл. го и градот Вајсенфелс)

Надворешни врски[уреди | уреди извор]