Вацлав Клаус

Од Википедија — слободната енциклопедија
Вацлав Клаус.

Вацлав Клаус (чешки: Václav Klaus; 19 јуни 1941, Праг) е чешки политичар.

Животопис[уреди | уреди извор]

Клаус бил поранешен претседател на Чехија, а исто така бил и премиер во период 1992-1997 година. Тој е еден од основачите на Граѓанската демократска партија (Чешка).

Дипломирал на Економскиот факултет во Прага 1962 година, а одредено време поминал на универзитети во Италија и САД.

После Кадифената револуција, како член на Граѓанскиот форум, станал министер на финансии. Во април основа десно ориентирана Граѓанска демократски партија (ГДП) и нејзин водач останал до 2002 година.[1][2] Сега е почесен претседател.

После повеќепартиските избори 1992 ГДП станала најјака чешка партија, а Клаус станал претседател на Владата. И после изборите 1996 останал на тоа место. Премиер останува до наредните парламентарни избори 1998.

Како партијата изгубила на парламентарните избори 1998 и 2002, Вацлав Клаус одлучуил да се кандидира за претседател и чешкиот парламент го избира на тоа место. По вторпат избран за истата позиција на почетокот на 2008 година.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Curriculum Vitae of Vaclav Klaus“. Office of the President of the Republic. 5 March 2003. Архивирано од изворникот на 24 June 2008. Посетено на 10 July 2008.
  2. Klaus, Václav (6 May 2006). „The Threats to Liberty in the 21st century“. Foundation for Economic Education. Архивирано од изворникот на 27 June 2008. Посетено на 11 February 2008.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]