Ватиканска жандармерија

Од Википедија — слободната енциклопедија
Жандармериски корпус на државата на градот Ватикан
Corpo della Gendarmeria dello Stato della Città del Vaticano
Жандарм на стража во Ватиканските градини, јули 2011.
Податоци за органот
Основан 12 февруари 1971 г.
Надлежност Ватикан
Седиште Палата на Судот,
Ватикан
Вработени 130[1]
Раководител Доменико Џани
(Главен ревизор)

Жандармериски корпус на државата на градот Ватикан (на италијански: Corpo della Gendarmeria dello Stato della Città del Vaticano) — жандармерија на Ватикан, институција одговорна за безбедност и јавен ред и мир, опфаќајки ги сите регуарни полициски должности меѓу кои и граничната контрола, превенција на криминалот и истраги и спроведување на финансиските и комерцијалните регуларности.[2]

Оваа институција е составена од стотина припадници со воено искуство со кои управува Главен ревизор на чија функција моментално е Доменико Џани.[1] Неговиот претходник Камило Чибин бил на оваа функција 34 години, почнувајќи од 1972 година. Жандармеријата на Ватикан е надлежна за територија од 44 хектари и домородно население од 836 жители, но како држава со голем број на туристи, таа работи со поголема бројка на луѓе.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 Vatican City State Gendarmerie Interpol Member Countries of Europe (англиски) Грешка во наводот: Неважечка ознака <ref>; називот „interpol“ е зададен повеќепати со различна содржина.
  2. Gendarme Corps Архивирано на 4 ноември 2015 г., Vatican City State (англиски)

Надворешни врски[уреди | уреди извор]