Варен (Мириц)

Координати: 53°31′N 12°41′E / 53.517° СГШ; 12.683° ИГД / 53.517; 12.683
Од Википедија — слободната енциклопедија
Варен (Мириц)
Панорама на Варен
Панорама на Варен
Панорама на Варен
Грб на Варен (Мириц)
Варен (Мириц) во рамките на Германија
Варен (Мириц)
Управа
Земја Германија
Покраина Мекленбург-Западна Померанија
Округ Мекленбуршка Езерска Област
Градоначалник Норберт Мелер (СДП)
Основни податоци
Површина 158,39 км2
Надм. височина 70 м
Население 21.147 (31 декември 2020)[1]
 - Густина 134 жит/км2
Други информации
Часовен појас CET/CEST (UTC+1/+2)
Рег. табл. MÜR
Пошт. бр. 17192
Повик. бр. 03991
Портал www.waren-mueritz.de
Местоположба на градот Варен (Мириц) во рамките на округот Мекленбуршка Езерска Област
Карта
Карта
Координати 53°31′N 12°41′E / 53.517° СГШ; 12.683° ИГД / 53.517; 12.683
Поглед на Варен
Црква Св. Ѓорѓи

Варен (Мириц) (германски: Waren (Müritz)) — град и воздушна бања во округот Мекленбуршка Езерска Област, во сојузната покраина Мекленбург-Западна Померанија, Германија. Бил административно седиште на поранешниот округ Мириц до административната реформа во 2011. Се наоѓа на северниот брег на езерото Мириц, околу 40 километри западно од Нојбранденбург. Моментално, градот е административно седиште на општинската заедница Езерска Област Варен, иако самиот град не припаѓа на самата општинска заедница.

Географија[уреди | уреди извор]

Варен се наоѓа на езерото Мириц, најголемо езеро кое целосно се наоѓа во границите на Германија со површина од 117 км². Исто така, градот излегува и на неколку помали езера: Келпинско Езеро, Тифваренско Езеро, Фајснекско Езеро, Мелцерско Езеро и Ваупакско Езеро. Во самиот град се наоѓа Херенско Езеро.

Градски единици[уреди | уреди извор]

Во рамките на територијата на градот влегува самиот град Варен (Мириц), како и селата Варенсхоф, Алт Фалкенхаген, Ној Фалкенхаген, Јегерхоф, Ригебанд, Швенцин, Елденхолц и Елденбург.

Самиот град може да се подели на следниве четврти:

  • Алтштат
  • Папенберг
  • Варен-Ост
  • Варен-Норд
  • Варен-Вест
  • Неселберг
  • Ектанен
  • Камерун
  • Вердерзидлунг

Историја[уреди | уреди извор]

Име[уреди | уреди извор]

Варен бил спомнат околу 150 година од александрискиот географ Клавдиј Птоломеј (како Virunum) и со тоа е едно од првите забележани места на територијата на денешната покраина Мекленбург-Западна Померанија.

Името на градот може да биде изведено од словенскиот јазик и означува место на чавки или гаврани.[2]

Неговото име исто така можеби доаѓа од германското племе Варини. Името на градот порано било различно пишувано (Wahren, Warne или на латински: Warnae). Во 1914 местото го добило официјалното име Варен (Мириц), поради езерото на кое излегува.

Среден век[уреди | уреди извор]

Средноковниот град бил основан околу 1260 на трговскиот пат од Штаргард до Висмар близу замок и словенско село населено од доселеници од Вестфалија. Првичниот град се раширил околу црквата Св. Ѓорѓи на Стариот плоштад (Alter Markt) во Стариот град (Altstadt). Црквата Св. Ѓорѓи била првпат спомената во 1273. На Стариот плоштад се наоѓало првото Градско собрание. Нешто подоцна бил основан Новиот град (Neustadt) околу црквата Св. Богородица, кој бил споен со Стариот град во 1325. Новиот центар на градот бил Новиот плоштад (Neue Markt), кој ги споил стариот и новиот град. Градскиот ѕид го опкружувал градот.

Во 1292 Варен бил опишан по првпат како civitas (што означува дека добил градски права) и од 1331 како oppidum (мал град). Во 1306 градот добил рибарски права на езерото Мириц.

Од 1347 до 1425 Варен бил резиденција на дел од династијата Верле, кои биле дел од семејството Ободрити. Замокот Верле веројатно се наоѓал јужно од црквата Св. Богородица.

Ран нов период[уреди | уреди извор]

Како последица на големите пожари во 1568, 1637, 1671, 1673 и 1699 и Триесетгодишната војна градот бил често и скоро целосно уништен.

Првото градско собрание се наоѓало на Стариот плоштад, а потоа во средината на Новиот плоштад. Денешното градско собрание на Новиот плоштад бил изграден од 1791 до 1797 и проширено во 1857.

XIX век[уреди | уреди извор]

Во 1806 се одржала битка во близина на градот помеѓу Гебхард Леберехт фон Блихер и Французите.

Канализацијата на реката Елде (1798–1803 и 1831–1837) и изградбата на Каналот Болтер (1831–1837) донеле економски развој во градот. Во 1839 било основано училиште. Во 1845 биле отворени првите јавни бањи на Мириц. Во 1862 била основана пиварницата Биркенштет во градското пристаниште; пиварницата била затворена во 1920. Во 1869 била отворена гимназија. Во 1848/49 бил изграден патот од Малхов преку Варен до Нојбранденбург и со неговото поврзување на железницата Варен-Малхин во 1879, Варен се развил во сообраќаен јазол. Во 1885 била отворена Мекленбуршката јужна железница од Пархим преку Варен до Нојбранденбург, а во 1886 следело поврзувањето со железницата Лојд од Нојштрелиц преку Варен до Росток.

1920-ти[уреди | уреди извор]

Во 1920 коњичкиот капетан Штефан фон ле Форт (1884–1953) од Гут Бек собрал група на борци од Слободниот корпус околу него и наметнал опсадна состојба на градот Варен во текот на Каповскиот пуч на 17 март 1920. На 18 март, тој и неговиот братучед, подофицерот Петер Александер фон ле Форт, дале наредби да се пука од топ и три митралези на самиот град од Галгенберг (Galgenberg), притоа убивајќи пет лице и единаесет лица ранети. Откако пучот бил задушен, обајцата побегнале во Минхен и Австрија, а семејниот имот бил заземен од Слободната Држава Мекленбург-Штрелиц.[3] На задната страна на Градското собрание сè уште може да се види дупка од куршум, како потсетник на аферата.

Во 1920, градот започнал да собира данок за бањи. На 3 декември 1920, Варен станал административно седиште на истоимениот округ. На 11 ноември 1925, општинската заедница Ребел била припоена кон општинската заедница Варен. Во 1925 биле пуштени во употреба првите електрични светилки. Во истата година, пристаништето Варен го достигнало својот економски врв, преку него поминале над 22.330 тони добра.

Нацистичко време[уреди | уреди извор]

На изборите на 1 ноември 1931, нацистите биле најголема партија. Тие го назначиле окружниот претседател (Amtshauptmann) на 1 април 1932 и градоначалник во декември 1932. Во текот на Нацистичка Германија, Евреите биле бркани, протерувани и убивани во концентрациските кампови. Еврејската заедница, која броела 150 лица во средината на XIX век, се смалила на само девет до април 1938. Старата синагога била продадена во 1936 на приватно лице, па така не била уништена од нацистите. Меѓутоа, еврејските гробишта биле осквернавени и уништени во Кристалната ноќ. Од 1961 постои споменик во нивна чест. Во 1942 не останал ниеден Евреин во Варен.[4]

Од 1936 постоела фабрика на Dürener Metallwerke, снабдувачи на воено-авионската индустрија. Неколку илјадници воени затворени, како и мажи и жени од окупираните земји, биле користени како принудни работници, кои работеле во нечовечки услови.

За да се обезбеди сместување за германската работна сила, од 1936 до 1941, била изградена нова станбена област (Westsiedlung). Поради ова, населението се зголемило за повеќе од 4.000 жители. Во Варенсхоф била основана поморска база (Marinenlager).

Во текот на Втората светска војна била поставена поморска болница во бањите Мирицхее. Во текот на последните месеци на војната, основното училиште, гимназијата и хотелот Варенер Хоф станале болници. На 1 мај 1945, Црвената армија го окупирала градот без борба.

По 1945[уреди | уреди извор]

Во октомври, советскиот воен командант станал нов градоначалник. До крајот на годината, над 6.000 бегалци од источните територии дошле во градот. До пролетта 1946 постоела епидемија на туфус, која однела многу жртви. Дел од железницата до Росток и Нојштрелиц, како и делови на линијата од Малхов до Каров и Меленхаген била затворена, а пругите отстранети.

Во 1970-тите, големи делови на историските стар град биле срушени; жртвувани за новиот сообраќаен систем. Подоцна се појавило движење за заштита и спас на преостанатиот дел од Стариот град.

Во текот на Студената војна, Варен бил дом на едно од четирите централни јадрени ракетни депоа на советската војска во Германија.

Во 1991, по повторното обединување на Германија, стариот дел на градот помеѓу езерото Мириц и Тифваренското Езеро бил обновен како дел од програмата за урбан развој.

Развој на населението[уреди | уреди извор]

Сите податоци за бројот на населението се пресметани според 31 декември.

Година Население
1810 3.022
1850 5.258
1900 8.848
1910 9.182
1919 9.203
1925 10.363
1933 11.622
1937 14.236
1939 15.538
Година Население
1945* 19.218
1950 20.594
1970 21.332
1977 23.057
1983 24.101
1987 24.300
2004 21.637
2006 21.236
2012 21.074
  • на 1 декември

Култура и знаменитости[уреди | уреди извор]

Поглед на Тифваренското Езеро
Мирицојм на Херенското Езеро во Варен
Црква Св. Богородица
Водена кула на Неселберг
Поранешен хотел

Постои голем број на официјални паркови околу Варен, како Природниот парк Носентинер/Швинцер или Националниот парк Мириц.

Во историскиот дел на Варен (Мириц) се наоѓаат многу ресторани, кафулиња, барови и продавници.

Мирицојм[уреди | уреди извор]

Мирицојм (Müritzeum) — најголем слатководен аквариум за ендемски видови на риби во Германија и има интерактивна изложба за атракциите од областа на Мириц. Истовремено, Мирицојм служи како информациски и центар за посетители на целата Мекленбуршка Езерска Област. Можат да се видат над 40 видови на риба од Мекленбург-Западна Померанија.

Цркви[уреди | уреди извор]

Св. Ѓорѓи

Црквата Св. Ѓорѓи потекнува од почетокот на XIV век. Објектот е направен од тули. Западната кула е од 1414. Во 1699 била зафатена од пожар, но била повторно изградена до средината на XIX век. Парохијата на Св. Ѓорѓи има 2.300 членови.[5]

Св. Богородица

Црквата Св. Богородица е правоаголна, еднокорабна тулна градба во источниот дел на Стариот град. Новиот град (Neustadt) бил основан околу црквата. Западната кула била изградена во почетокот на XIV век. Делови од црквата се направени од остатоците од поранешниот замок, кој не постои повеќе[6]

Други градби[уреди | уреди извор]

  • Старото градско собрание (Altes Rathaus) — двокатна тулна градба со аркади, од XV век
  • Старата противпожарна станица — еднокатна тулна градба, од XIX век
  • Новото градско собрание (Neues Rathaus) — тјудорски-готски стил, средина на XIX век
  • Аптеката Левен (Löwenapotheke) — двокатна фахверк градба, околу 1800
  • Градско пристаниште (Stadthafen) — со старите пристанишни магацини (Hafenspeichern)
  • Мирицојм (Müritzeum) — најголем аквариум во Германија за слатководни риби
  • Главната градба на гимназијата (Richard-Wossidlo-Gymnasium)
  • Куќа Вајнберг, понекогаш нарекуван замок
  • Пиварница Мириц

Историски споменици[уреди | уреди извор]

  • Споменик-плоча на Фолксбанк (Kiezstraße) за оние мачени од Советите по 1945
  • Споменик во гробиштата за воените бегалци од германските источни територии
  • Споменик-плоча од 1994 за принудните работници и воените заробеници од осум европски земји, кои работеле во фабриката Мемефа
  • Споменик за 224 затворенички во концентрацискиот камп Равенсбрик
  • Споменик-плоча од 1960-тите за комунистичкиот борец Херман Гацке
  • Споменик-плоча од 1960-тите за комунистичкиот советник Паул Рахов
  • Споменик за еврејските гробишта, уништени од нацистите во 1938
  • Споменик за синагогата во Варен на јужниот брег на Тифваренското Езеро

Редовни настани[уреди | уреди извор]

  • Од 2002 секој мај се одржува регата Мириц, која привлекува над 50.000 посетители.
  • Во последниот викенд во јули се одржува триатлонот на Мекленбург-Западна Померанија.
  • Мириц-пливање (Müritz-Schwimmen) се одржува секоја година традиционално во изминатите 40 години на патека од 1.950 метри во северниот дел на Мириц, на која учествуваат неколку илјади пливачи.
  • Од 2001 се одржува и атлетска трка (Müritz-Lauf) секој август.

Сообраќај[уреди | уреди извор]

Железничката станица во Варен (Мириц) нуди врски до Росток на Балтичкото Море, Берлин, Лајпцив и Минхен. Во рамките на градот постои автобуски превоз. Неколку регионални автобуси го поврзуваат градот со скоро секое село во округот и градовите во негова близина.

Бродски врски[уреди | уреди извор]

Постојат бродски врски до Клинк, Ребел, Малхов, Плау и Ланд Флезензе преку езерата во областа.

Збратимени градови[уреди | уреди извор]

Варен е збратимен со следниве градови:

Панорама[уреди | уреди извор]

Поглед на Градското пристаниште во Варен

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Населеност на окрузите, општините и месните заедници во Мекленбург-Западна Померанија на 31 декември 2020 г.“. Статистичка служба на Мекленбург-Западна Померанија. јули 2021. (германски)
  2. Die slavischen Ortsnamen in Meklenburg. in: Jahrbücher des Vereins für Mecklenburgische Geschichte und Altertumskunde. Schwerin 46.1881, p.155. ISSN 0259-7772
  3. „Renate Krüger: Mecklenburg Wege eines Landes (PDF). Архивирано од изворникот (PDF) на 2011-07-18. Посетено на 2014-05-30.
  4. Bernd Kasten: Verfolgung und Deportation der Juden in Mecklenburg 1938–1945. Landeszentrale für politische Bildung Mecklenburg-Vorpommern (publ.), Schwerin, 2008, p. 77–78, ISBN 978-3-940207-16-6
  5. Официјална страница на црквата Св. Ѓорѓи
  6. „Официјална страница на црквата Св. Богородица“. Архивирано од изворникот на 2011-03-18. Посетено на 2014-05-30.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]