Брашов

Координати: 45°40′N 25°37′E / 45.667° СГШ; 25.617° ИГД / 45.667; 25.617
Од Википедија — слободната енциклопедија
Брашов
Град
Знаме на БрашовГрб на Брашов
Местоположба на градот на картата на Романија
Местоположба на градот на картата на Романија
Брашов is located in Романија
Брашов
Брашов
Местоположба на градот на картата на Романија
Координати: 45°40′N 25°37′E / 45.667° СГШ; 25.617° ИГД / 45.667; 25.617
Земја Романија
ОкругПредлошка:RO-BV
СтатусCounty capital
Основање1234
Површина
 • Град74 км2 (29 ми2)
 • Метро1.368,5 км2 (5,284 ми2)
Надм. вис.&10000000000000538000000538 м
Население (2011 [1])
 • Град253,200
 • Густина853/км2 (2,210/ми2)
 • Метро369,896
Етничка група
 • Романци91.3%
 • Унгарци7.1%
 • Германци0.5%
 • Роми0.4%
 • Евреи0.05%
 • Липованци0.05%
 • Италијанци0.036%
Часовен појасEET (UTC+2)
 • Лете (ЛСВ)EEST (UTC+3)
Поштенски кодRO 500xxx
Повик. бр.(+40) 268
Рег. таб.BV
Мреж. местоbrasovcity.ro

Брашов (романски: Brașov, унгарски: Brassó) — град во централниот дел на Романија и административен центар на округот Брашов.

Според пописот од 2011 година, градот има население од 253.200 жители и е седми најнаселен град во Романија, додека областа е дом на 369.896 жители[1].

Брашов се наоѓа на околу 166 километри северно од Букурешт и 380 километри од Црно Море. Тој е опкружен од страна на Јужните Карпати и е дел од регионот Трансилванија.

Историја[уреди | уреди извор]

Најстарите траги на човековата активност во населените места во Брашов датираат од неолитот (околу 9500 п.н.е.). Археолозите откриле континуирани траги од населби во Брашовската област.

Се претпоставува дека градот бил основан во 1203 година. Сепак, нема сигурни документи и извори кои го потврдуваат тоа. Според Енциклопедија Бугарија, градот бил основан во 1211 година од страна на германски колонисти. Овие Германци биле поканети од страна на унгарските кралеви за развој на градовите во различни фази помеѓу 1141 и 1300 година и тие биле по потекло од Рајнланд, Фландрија, Тирингија, Баварија, Валонија, па дури и од Франција. Германците кои живееле во градот главно биле вклучени во трговијата и занаетчиството. Местоположбата на градот давала можност за трговско поврзување на Отоманското Царство и Западна Европа, заедно со одредени даночни ослободувања. Тие придонеле во голема мера за архитектонскиот изглед на градот.

Градските ѕидини по пожарот од 1689 година

Во 1234 истражувачот Норберт Бакмунд го издал т.н. „Catalogus Ninivensis“, кој содржи список на манастири во Унгарија и Трансилванија. Каталогот всушност е копија на документ од 15 век, кој денеска е изчезнат. Според историчарите, оригиналниот документ бил направен во периодот од 1236 до 1241 година и го содржи најстарото споменување на Брашов со името „Корона“.

За време на татарската инвазија во 1241 година, тврдината била осноена, а по нивното повлекување била изградена шестаголна кула за заштита на градот. Во 1252 година кралот Бела IV ја дал земјата Зек на комитата Винченциу, син на Акадаш. Во донаторскиот документ се наведува дека територијата се наоѓа меѓу земјите на Романците од „Крца“, Сасите од „Барасу“ и Секелите од „Себус“. Се претпоставува дека топонимот „Барасу“ или Брашов, се однесува за областа на денешниот град, додека Корона се однесува на самиот град.

Во 1271 се споменува топонимот во латински документ, кој се наоѓа во Државниот архив во Будимпешта и фотокопија на Историскиот институт во Клуж. Документот е чин со кој царот Стефан, крал на Унгарија, го потврдил договорот меѓу „Chyel comes, filius Erwin de Calnuk si Teel, filius Ebl de Brasu cognatus eiusdem“. Од овој и други документи од периодот 1252-1271 година романските историчари прават заклучок дека топонимот „Брашов“ бил користен повеќе како име на областа, отколку како име на градот.

Во 1288 се споменува топонимот Брасо во латински документ, кој се наоѓа во библиотеката во Алба Јулија, како „Datum in Braso“. Се смета дека ова е прв зачуван документ кој бил издаден во Брашов. Во 1364 година на Брашов му била дадена привилегијата да одржува годишен пазар. Во периодот 1369-1380 било издадено Брашовското признание на бугарскиот цар Јован Страцимир. Во 1424 била создадена првата кожарска организација, додека кон 1798 година нивниот број изнесувал 43, со 1227 мајстори.

Во периодот помеѓу 1448-1453 година, Јануш Хунјади ја разрушил тврдината и по овој период тврдината добило ново проширување со 32 одбранбени кули.

Во 1850 година градот имал 21.782 жители. 8.874 (40,7%) Германци, 8727 (40%) Романци 2939 (13,4%) Унгарци.[2] , додека во 1910 година градот имал 41.056 жители: 10.841 (26,4%) Германци, 11.786 (28,7%) Романци, 17.831 (43,4%) Унгарци[2]. Во Првата светска војна, градот бил окупиран од страна на романските војници во периодот од 16 август до 4 октомври 1916 година за време на битката во Трансилванија.

Во 1918 година, по присоединувањето на Трансилванија кон Романија, градот станал дел од Романија. Периодот меѓу двете светски војни претставувал период на економски и културен развој на градот. По крајот на Втората светска војна, многу етнички Германци биле насилно протерани од земјата.

За време на комунистичкиот период, индустрискиот развој бил значително забрзан. Во 1987 година во градот се случил бунт и штрајк од работниците, но набргу бунтот бил задушен и голем број на работници биле затворени.

Стопанство[уреди | уреди извор]

Индустрискиот развој во Брашов започнал во периодот меѓу војните, кога била изградена со една најголемите фабрики се производство на авиони IAR, кои биле користени за време на Втората светска војна против Советскиот Сојуз. Откако во земјата била воведена комунистичка власт, фабриката била претворена во производство на земјоделска опрема, под името „Uzina Tractorul Braşov“.

Индустријализацијата во времето на комунизмот била забрзана, со посебен нагласок на тешката индустрија, привлекувајќи голем број работници од други делови на земјата. Тешката индустрија во градот сè уште е во изобилство. Во Брашов се наоѓа фабриката за производстово на камиони и автобуси, МАН Груп.

Демографија[уреди | уреди извор]

Население на градот по години
Година Население
1890 30,781
1900 34,511[3] 12.1%
1910 41,056 18.9%
1930 59,232 44.2%
1948 82,984 40%
1965 140,500[4] 69.3%
1975 206,156[5] 46.7%
1983 331,240[6] 60.6%
1992 323,736 −2.2%
2002 284,596 −12%
2011 253,200 −11.0%

Брашов има вкупно население од 253.200 жители. Нејзиниот етнички состав вклучува:

Образование[уреди | уреди извор]

Во Брашов има околу 30 основни училишта. Меѓу училиштата со средно образование, попознати се: Училиштето Андреј Сагуна, кое е рангирано на петтото место во целата земја, училиштето Јоан Мешота, Униреја итн. Исто така во градот се наоѓаат и осум универзитети: Универзитет Трансилванија, Универзитет Георге Баритиу, Унивњерзитет Спиру Харет итн.

Сообраќај[уреди | уреди извор]

Локалната транспортна мрежа е добро развиена, со околу 50 автобуски и тролејбуски линии. Исто така, постои редовна автобуска линија Појана-Брашов. За целиот градски превоз во градот се грижи компанијата RAT Brașov. Железничката станица Брашов е една од најпрометните во Романија. Преку железнички пат, градот е поврзан со најголемите центри во Романија и Европа.

Во близина на градот се наоѓа и аеродромот кој е во изградба.

Знаменитости[уреди | уреди извор]

Црната црква
Белата кула, на планината Тампа
Појана Брашов
Плоштад Брашов
Порта Катерина
Спортска сала

Брашов денеска претставува културен центар на јужниот дел од Трансилванија. Во градот се наоѓаат голем број на цркви, плоштади, палати и паркови додека во околината на градот се наоѓаат едни од најпосетуваните зимски туристички места во Романија.

  • Црната црква. Црквата била изградена во 1477 година на местото на постара црква од 1385 година. Името на црквата доаѓа од големиот пожар во 1689 година, кога таа била опожарена.
  • Поранешната зграда на градоначалникот. Управата за Брашов во оваа зграда се наоѓала повеќе од 500 години.
  • Црквата Свети Никола, изградена во 14 век.
  • Прво Романско училиште, кое денеска е претворено во музеј и место каде работела првата романска печатница
  • Улица Страда Сфориј, најтесната улица во Романија.
  • Порта Катерина, единствената оригинална порта од средниот век која се наоѓала во тогашната населба
  • Порта Шкеј, изградена во 1827 година
  • Православна црква „Успение на Пресвета Богородица“, изградена во 1896 година.
  • Музејот Прима Карте Романеска, место на првата печатена книга на романски јазик
  • Тампа, мала планина во центарот на градот (900 м надморска височина)
  • Брашовска тврдина
  • Појана Брашов, ски-центар
  • Замок Бран, во близина на Брашов

Спорт[уреди | уреди извор]

Градот има долга традиција во спортот. Првите спортски друштва биле основани на крајот на 19 век. Трансилванискиот спортски музеј е еден од најстарите во земјата и претставува еволуцијата на спортот во градот. За време на комунистичкиот период, во градот се одржувале универзијади, каде локалните спортисти биле должни да учествуваат. Денес, инфраструктурата на градот им овозможува на многу млади да се спортуваат фудбал, рагби, тенис, велосипедизам, ракомет, едрење, скијање, уметничко лизгање, планинарење, кошарка, куглање, пливање, одбојка или гимнастика.

Фудбалкиот клуб Колтеја бил шампион во 1928 година со само 10 години од своето постоење (1921-1931). Клубот бил наследен од ФК Брашовија Брашов. Брашов бил домаќин на групата А на Светското првенство по хокеј (втора дивизија) во 2008 година, на Европските младински Зимски олимписки игри во 2013 година.

Во ноември 2013 година, Брашов поднел понуда за организација на Зимските младински олимписки игри во 2020 година.

Спортски екипи[уреди | уреди извор]

Спортски зданија[уреди | уреди извор]

Збратимени градови[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 „Population at 20 October 2011“ (романски). INSSE. 5 July 2013. Архивирано од изворникот на 2018-12-26. Посетено на 5 July 2013.
  2. 2,0 2,1 Erdély etnikai és felekezeti statisztikája
  3. Encyclopædia Britannica Eleventh Edition
  4. Dictionar Enciclopedic Roman vol.IV, Editura Politica Bucuresti, 1966 (романски)
  5. Statele Lumii, Editura Stiintifica si Enciclopedica Bucuresti, 1976 (романски)
  6. Statele Lumii, Editura Stiintifica si Enciclopedica Bucuresti, 1985 (романски)
  7. „Tampere - Finlanda“ (PDF). Архивирано од изворникот (PDF) на 2009-12-29. Посетено на 2016-10-24.
  8. „Sister Cities International (SCI)“. Sister-cities.org. Архивирано од изворникот на 2015-06-13. Посетено на 2013-04-21.
  9. „News Report concerning the Twinning with Linz“. Архивирано од изворникот на 2015-02-04. Посетено на 2016-10-24.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]