Бохум

Координати: 51°28′55″N 7°12′57″E / 51.48194° СГШ; 7.21583° ИГД / 51.48194; 7.21583
Од Википедија — слободната енциклопедија
Бохум
Знаме на Бохум
Грб на Бохум
Бохум во рамките на Германија
Бохум
Управа
Земја Германија
Покраина Северна Рајна-Вестфалија
Адм. подрач. Арнсберг
Округ Урбан округ
Градоначалник Отоли Шолц (СДП)
Основни податоци
Површина 145,4 км2
Население 364.454 (31 декември 2020)[1]
 - Густина 2.507 жит/км2
Други информации
Часовен појас CET/CEST (UTC+1/+2)
Рег. табл. BO
Пошт. бр. 44701-44894
Повик. бр. 0234, 02327
Портал www.bochum.de
Координати 51°28′55″N 7°12′57″E / 51.48194° СГШ; 7.21583° ИГД / 51.48194; 7.21583

Бохум (германски: Bochum) — град во германската сојузна државата Северна Рајна-Вестфалија. Поседува регионална шифра (AGS) 5911000, NUTS (DEA51) и LOCODE (DE BOM) код. Се наоѓа во центарот на Рурската област. Бохум е еден од четирите граови во центарот на Рурската облас со скоро 380,000 жители а со тоа и шести град по големина во Северна Рајна-Вестфалија, втор град по големина во Вестфалија и се наоѓа во внатрешноста на 20 градови по големина во Германија. Бројот на населението на Бохум во 1905 година надминал 100,000 жители и од тогаш добил статус на град.

Географија[уреди | уреди извор]

Бохум лежи меѓу реката Рур и Емшер. Должината на подрачјето на градот е правец север-југ во должина од 13км, а во правец запад-исток 17,1км. Должната на границата на градот е 67,2км. Градот се наоѓа на андморска височина од 100 метри. Површината на општината изнесува 145,4 км2.

Историја[уреди | уреди извор]

Поглед на Бохум во 1840 година
Бомбардирана црква, 1943
Бохум во 2007 година

Градот е основан во 10 век, а првпат се споменува во 1041 година како Кофбуокхајм (Cofbuokheim). Градските привилегии ги добил во 1321 година. Бохум бил многу мал значаен град сè до средината на 19 век и индустријалицазијата кога почнале масовно да се отвораат рудници за јаглен и индустријата за челик доживеала експанзија во Рурската област доведувајќи до раст на целокупниот регион.

Стратегиското бомбардирање во текот на Втората светска војна, Бохум го имало како еден од приоритетните цели. Скоро целиот центар на градот е уништен а повеќе илјади цивили страдале.[2] После ратот новата република Северна Рајна-Вестфалија е оформена на границата на регионот Рајна и Вестфалија, а Бохум бил дел од регионот.

Сите рудници престанале со работа меѓу 1960 и 1980 година. Другите индустрии како што е автомобилската имале губиток во работата. Опел Астра е склопен од страна на Џенерал Моторс во фабриката во Бохум, меѓутоа во 2009 година Опеловата фабрика се нашла во сериозни финансиски проблеми.[3] Во 1965 година е оотворен Рур-Универзитет во Бохум како прв нов универзитет во Сојузна Република Германија по Втората светска војна. Од седумдесеттите години на XX век Вохумската ундустрија поминала низ неколку структурни трансформации од тешки до сервисни индустрии.

Во текот на комуналните реформи во 1975 година, Батеншајд, претходно независен град интегриран е во урбана целина на Бохум. Внатрешноста на референдумот против интегрирањата пропаднале. Во 2007 година отворена е нова синагога за припадниците на еврејските општини Бохум, Херне и Хатинген. Во 2008 година Нокиа планирала да ги затвори своите производителни погони во Бохум. Планот наишол на остро противење на 20,000 луѓе кои претостираа, но поголемиот дел од протестите не можеле да ја променат судбината на фабриката која на крајот е преселена во Романија.

Население[уреди | уреди извор]

Во самиот град според проценките од пописот од 2010 година живееле 376,319 жители. Просечната густина на населеност изнесувала 2,587 жители на км2.

Спорт[уреди | уреди извор]

Најпознат спортски тим од Бохум е германскот прволигашен ФК Бохум.

Грб[уреди | уреди извор]

Грб на Бохум

Грбот на Бохум го сочнуваат книга со црвено-бела трака во позадината. Не е познато од каде книгата се користи на грбот на БОхум, а цвено-белата трака го означува Батеншајд со кој Бохум се соединил во 1975 година од кога настанал и грбот и се користи и ден денес.

Култура[уреди | уреди извор]

Музеј на германското рударство

Во Бохум се наоѓаат осум високообразовни институции. Најголем и најпознат е Рур-Универзитет Бохум, кој со над 30,000 жители е еден од најголемите универзитети во Германија. Универзитетот е отворен во 1965 година како прв новоотворен универзитет во Сојузна Република Германија. Доста е познат и Германскиот рударски музеј, но и Театрот, Планетариумот, Германскиот железнички музеј во Далхаузен и најуспешниот мјузикл на светот tarlight Express.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Населеност на местата“. Статистичка служба на Северна Рајна-Вестфалија. 21 јуни 2021. (германски)
  2. „1940-1949“. Архивирано од изворникот на 2009-09-14. Посетено на 2013-08-07.
  3. Europe Feels the Strain of Protecting Workers and Plants - NYTimes.com

Надворешни врски[уреди | уреди извор]