Бостонски универзитет

Од Википедија — слободната енциклопедија

Бостонскиот универзитет (скр. BU) е приватен истражувачки универзитет сместен во Бостон, Масачусетс. Со повеќе од 4000 членови од наставниот кадар и повеќе од 31.000 студенти, Бостонскиот универзитет е еден од најголемите приватни универзитети во САД и еден од најголемите работодавачи во Бостон. Овој универзитет е не – секташки, но е историски поврзан со Обединетата Методистичка Црква. Бостонскиот Универзитет е категоризиран како RU/VHR Истражувачки универзитет (Истражувачки активности на многу високо ниво) според Карнегиската класификација на институции од Високо Образование. Во 2009-2010, БУ имаше расходи за истражувања кои изнесуваа 407.8 милиони долари, или 553 милиони долари доколку се вклучат и истражувањата од Медицинскиот факултет при Бостонскиот Медицински центар. БУ е член на Бостонскиот конзорциум за високо образование. Универзитетот нуди диплома од прв степен на студии, од втор степен на студии (магистер), и диплома од трет степен на студии (докторат), како и медицински и стоматолошки дипломи од 18 школи и колеџи на два урбани кампуси. Главниот кампус е сместен покрај реката Чарлс во Бостонските Фенвеј – Кенмор и Олстон соседствата, додека Медицинскиот кампус на Бостонскиот универзитет е сместен во Бостонското Саут енд соседство. БУ исто така оперира со 75 студии во странство во повеќе од 33 градови и преку 20 држави, и нуди прилики за стажирање во 10 различни земји (вклучувајќи ги земјите од САД и надвор) Кошаркарскиот тим на Бостонскиот универзитет ТЕРИЕРИ се натпреваруваат во првата дивизија на НЦАА лигата. Атлетските тимови на универзитетот се натпреваруваат во АМЕРИКА ИСТОК, ХОКЕЈ ИСТОК, и конференцијата на КОЛОНИЈАЛНАТА АТЛЕТСКА АСОЦИЈАЦИЈА, нивна маскота е РЕТ – Бостонскиот Териер. Исто така БУ е познат во Хокеј за мажи, во кој има освоено 5 национални првенства, најскоро во 2009 година.

Историја[уреди | уреди извор]

Претседатели на Бостонскиот универзитет[уреди | уреди извор]

Вилијам Ферфилд Ворен 1873 – 1903 Вилијам Е. Хантингтон 1904 – 1911 Лемјуел Х. Марлин 1911 – 1924 Едвинд Холт Хјуз Мај – Септември 1923 Вилиам Ф. Андерсон 1925 – 1926 Даниел Л. Марш 1926 – 1950 Херолд Ц. Кејс 1950 – 1967 Арланд Краст – Џанер 1967 – 1970 Келвин Б. Т. Ли 1970 Џон Силбер 1971 – 1996 Џон Вестлинг 1996 – 2003 Џон Силбер 2003 – 2004 Арам Кобаниан 2004 – 2006 Роберт А. Браун 2006 – и сè уште

Претходни институции и Универзитетска повелба[уреди | уреди извор]

Бостонскиот Универзитет влече свои корени во воспоставувањето на Њубурискиот Библиски Институт во Њубури, Вермонт, во 1839 година, и со Легислатурата на Масачусетс во 1869 е прекрстено во “Бостонски Универзитет”. Во Април 24 – 25 1839 група на Методистички свештеници од Оулд Бромфилд Стрит црквата во Бостон гласаа да се изгради Методистичка – теолошка школа. Школата беше изградена во Њубури, Вермонт, и беше крстена Њубуриски Библиски Институт. Во 1847, Соборното Друштво во Конкорд, Нов Хепшиср, го покани институтот да се премести во Конкорд, и им ја понуди зградата на една напуштена Соборна црква со капацитет од 1200 луѓе. Други граѓани на Конкорд ги покрија трошоците за реновирање на зградата. Еден од условите на поканата беше Институтот да остане во Конкорд најмалку 20 години. Повелбата издадена од Њу Хемпшир го назначи школото во “Генерален Методистички Институт”, но луѓето го викаа “Конкордски Библиски Институт”. Кон крајот на договорените 20 години од Институтот, Доверителите на Конкордскиот Библиски Институт купија 30 ари земја (120 000 м2) во Аспинвол Хил во Бруклин, Масачусетс, бидејќи сметаа дека можно е релокацијата на Институтот да биде на тоа место. Институтот се премести во 1867 година во 23 Пикни Улица во Бостон и доби Повелба од Масачусетс како “Бостонски Теолошки институт.” Во 1869, тројца доверители на Бостонскиот Теолошки Институт добија повелба од Масачусетската Легислатива за Универзитет којшто треба да се вика “Бостонски Универзитет”. Овие тројца доверители беа успешни Бостонски стопанственици и методисти. Тие станаа основачите на Бостонскиот Универзитет. Тие се Ајзак Рич (1801 – 1872), Ли Клафлин (1791 – 1871), и Џејкоб Слипер (1802 – 1889). Домовите на трите Западни кампуси на Универзитетот се крстени по нивните имиња. Синот на Ли Клафлин, Вилијам, тогаш беше Гувернер на Масачусетс и ја потпиша Повелбата за Универзитет на 26 Мај 1869. Кејтлин Килгор во нејзината книга “Transformations, A History of Boston University” напишала”: На ниеден инструктор во споменатиот Универзитет не смее да му се побара од страна на доверителите да биде член на некое религиозно движење, и на ниеден студент не смее да му се одбие приемот на Универзитетот на сметка на неговите религиозни сфаќања; освен на Теолошкиот оддел на споменатиот Универзитет. Сите оддели на Универзитетот се отворени за сите подеднакво, без разлика на полот, бојата, или (со исклучок на Теолошкиот оддел) религијата.

Раните години (1870 – 1900)[уреди | уреди извор]

Бостонскиот Теолошки институт беше претворен во Бостонски Универзитет а во 1871 беше отворена Школа за Теологија при Бостонскиот Универзитет. Во Јануари 1872 Ајзак Рич умре, оставајќи огромент дел од својот имот да се довери на Бостонскиот Универзитет после 10 годишниот раст додека Универзитетот да се организира. Огромен дел од неговата оставнина се состоше од недвижнини низ центарот на Бостон и беа проценети на повеќе од 1.5 милиони долари. Килгор ова го опиша како најголемата донација на еден Американски Универзитет или колеџ во тоа време. Во Декември, Големиот Бостонски пожар во 1872 ги уништи сите освен една зграда кои Рич ги остави на Универзитетот, и компаниите за осигурување кај кои беше осигуран целиот негов имот беа во банкрот. Вредноста на неговиот имот, кога го наследи Универзитетот во 1882, вредеше само пола од онаа вредност која имотот го имаше во 1872 година. Како резултат на ова, Унверзитетот не можеше да го изгради испланираниот кампус на Аспинвол Хил и земјата беше продадена парче по парче како развојни парцели. Имињата на улиците во областа како Клафлин Роуд, Клафлин Пат, и Јуниверзити Роуд, се единствените докази кои ги поседува Универзитетот во оваа област. Бостонскиот Универзитет ги втемели своите објекти во згради расфрлани во помалку привлечните делови на Бикон Хил, и подоцна се прошири во Бојлстон улицата и областа околу плоштадот Копли пред да го изградат кампусот на реката Чарлс во 1937 година

20 век и поставувањето на Кампусот кај реката Чарлс[уреди | уреди извор]

Обидувајќи се да го обедини географски поделениот Универзитет и да овозможи да учествува во развојот на градот, претседателот на Универзитетот Лемјуел Марлин успеа да се спогоди Универзитетот да го купи денешниот кампус покрај реката Чарлс. Помеѓу 1920 и 1928 година, универзитетот купи 15 ари (61. 000 м2) земја. Плановите за крајбрежен четириаголниг со административна кула моделирани на “Стариот Бостонски Труп”, Англија беа измерени уште во доцните 20-ти години од XXти век кога Државната областна комисија искористи познато подрачје за да присвои речна земја за Стороу Драјв. Преку кампањи за собирање на средства организирани од Марлин, Универзитетот полека го наполни буџетот за изградба на новиот кампус. До пролетта 1936 година во Универзитот имаше 10.384 студенти. Во 1951 година, Херолд Кејс стана петтиот претседател на Универзитетот, и под негова команда карактерот на кампусот драматично се промени, бидејќи се обидуваше да го трансформира во Национален Истражувачки Универзитет. Пред да се пензионира Кејс (1967) кампусот се зголеми за трипати односно имаше површина од 45 ари (180, 000 м2), и додаде 68 нови згради. Беа изградени првите големи студентски домови, Клафлин Хол, Рич Хол и Слипер Хол, и во 1965 година започна изградбата на студентскиот дом 700 Комонвелт Авенија, подоцна именуван како Ворен Тауерс, студентски дом дизајниран да смести 1800 студенти. Помеѓу 1961 и 1966 година изградени се БУ Зградата на Законот, Унијата на Џорџ Шерман, и Мугар Меморијалната Библиотека, тие се изградени во Бруталистички стил, тоа претставуваше оддалечување од Универзитетската традиционална архитектура. Колеџот за Инженерство и Колеџот за Комуникации беа сместени во некогашна штала и во некогашен Авто салон. И покрај напорите да го прошири заспаниот Универзитет во соперник на Поголемите Бостонски престижни академски институции, како Универзитетот во Харвард и Инститот за Технологија во Масачусетс (МИТ) (двете институции се наоѓаат во Кембриџ покрај реката Чарлс во кампусот на Б.У), Кејс се вклучи во стартот на Студенско/Општествената пресвртница која дојде до израз во 60-тите години од XXти век. Кога дојде до мали препирки за уредничка статија во Студентско радио WBUR-FM – чии канцеларии беа под јарболот на голема антена пред Школото за Односи со Јавноста и Комуникации(Подоцна Колеџ за Комуникации) почна да се развива во пролетта 1964 година, Кејс ги убеди Универзитетските доверители дека Универзитетот треба да ја преземе далеку слушаната радио станица. Доверителите го одобрија отпуштањето на Менаџерите на радиото кои беа студенти и го насочија радиото на политика со програмирање и уредување, кое што беше водено од Џим Тистл, Подоцна големо име во Бостонската известувачка средина. Спорот помеѓу Кејсовата конзервативна администрација и одеднаш активното и либерално студентско тело доведоа до други спорови во Штампата на Б.У, како на пр. Спорот помеѓу Б.У Новости и СКАРЛЕТ, весник кој го издава братството. Исто така за време на претседателството на Џон Силбер, Универзитетот доживеа големи експанзии. Во доцните 70-ти, Клиниката Лахи беше преместена од 605 Комонвелт Авенија во Барлингтон, Масачусетс. Изпразнетата зграда беше купена од Б.У и тука го сместија Училиштето за Едукација. Во доцните 90-ти, поради недостатокот на чувстото за “Кампусивното” чувство и физичката поделеност меѓу источниот и западниот дел на кампусот активира нов бран на развој. Со намера за обединувањето на двата Кампуси беше изградено студентското село Џон Хенкок (StuVi). Во овој комплекс беа вклучени нов Центар за Рекреација и Фитнес (FitRec), голема повеќенаменска арена, и три нови Студентски Домови, еден од нив беше отворен во 2000 година, а другите два беа завршени до есента 2009 година, вклучувајќи 26 катна зграда(највисока во кампусот). 19 и 26 катната зграда, познати како StuV – II, сместуваат 960 студенти, и со тоа овозможија да се сместат 80 проценти од 16.000те студенти. Покрај Студентското село Џон Хенкок, исто така и други проекти беа завршени под раководството на Силбер. Почнувајќи од изградбата на центарот за Фотоника за студиите на светлина, до изградбата на зградата за Животна наука и Инженерство за интердисциплинарни истражувања, па сè до реновирањето на 928та Комонвелт Авенија со цел да се создаваат постојани живеалишта за Училиштето за Гостопримлива Администрација (SHA).+

21 век[уреди | уреди извор]

Претседателството на Д-р Роберт Браун, кое започна во 2005 година, ќе тежнее кон зацврстување на инфраструктурата на кампусот која ја започна Кејс а ја продолжи Силбер. Особено Браун го обврза Универзитетот да инвестира 1.8 милијарди долари во пополнување на овој 10 – годишен стратешки план, посветувајќи се кон нови ресурси за отворање на нови вкрстени колеџ шанси за додипломците, унапредувајќи ги академските и сместувачките капацитети на кампусот. Стратегијата насловена “Бираме да бидеме најдобри” , поставува цели кои треба да бидат исполнети во следната декада, и повикува на зголемување на годишните расходи на 225 милиони долари за поддршка на главните цели од планот. Камен – темелникот на планот, кој повикува на поголема кампусна соработка, е фокусиран на додипломските студии, почнувајќи си напорите да ја охрабрат вкрстената – регистрација помеѓу школите и колеџите и да ги охрабри додипломските студенти да ги искористат предностите на слободната уметност и на професионалните програми кои се достапни. За да се засили слободната уметност, Колеџот за Уметност и Наука, и Школото за Уметност и Наука се должни да примаат уште 100 наставници во текот на следната декада. Покрај тоа, интердисциплинарното истражување кое ги опфаќа традиционалните бранши на студии исто така е идентификувано како моментална сила со простор за развој. Андреј Ракенштајн, професор на CAS по Физика, и новоназначен соработник на Ректорот и потпретседател на истражувањата, работи со факултетот да ги идентификува моменталните снаги на Универзитетот во вкрстените дисциплинарни иструвања и го води вработувањето на 30 нови наставници во Универзитетот. Неколку професионални Универзитетски училишта се назначени како кандидати за развој. Училиштето за Менаџмент ќе вработи 20 нови наставници. Правното Училиште ќе ја започне својата кампања за проширување и реновирање на објектот. Колеџот за Фини Уметности, далеку познат по своите Додипломски и Последипломски студии, со почитувани институции за уметност низ Бостон, исто така има план за проширување и реновирање на своите објекти. Медицинското Училиште исто така е спремно за развивање. Веќе со национална репутација во медицинската едукација, клиничката пракса, и истражувања, училиштето тежнее кон проширување на истражувачките капацитети. Медицинското Училиште исто така ќе посвети значајни ресурси кон реновирање на објектите, и развивање на поудобни студетски сместувања. Иницијативите фокусирани на животот надвор од училницата се клучот кон успехот на планот. Моменталната изградба на Сала за престој во Комплексот Студентско Село 2 е дел од големата кампања за проширување во која се вклучени реновирања на сместувачките капацитети, Рекреативните капацитети, и салите за вечерање. За да се приспособи на оваа експанзија, Бостонскиот универзитет ги објави своите намери за да се придобијат правата над Мас Пајк. Се очекува оваа земја да ги спои областа околу Реката Чарлс со Јужниот Кампус, како и да донесе ширина на долгиот тесен кампус. Иницијативите за спроведување на планот веќе започнаа. Есента 2009 година, во средината на финансиската криза, 2.5 милиони долари беа вложени во поправка на компјутерските сервиси на Универзитетот. Во иницијативата беше вклучено комплетно реновирање на првиот кат на Библиотеката МУГАР, набавката на 200 станици ThinClient за ефикасно искористување на електричната енергија, и релокацијата на компјутерската лабораторија и ИТ помошниот Центар од 111та Камингтон ул. Неколку илјадници книги беа преместени за да се направи место за компјутерските кластери, промена која го одразува начинот на кој наставниците и студентите си разменуваат информации, вели Хадсон. Овој нов столб на студирање и интеракции во кампусот, стручно наречен BU Common@Mugar, вклучува ИТ Центар за помош кој го зафати ѕидот на кој претходно имаше книги објавени од автори од БУ, како и референтно биро, каде студентите можат да бараат професионална помош. Покрај тоа, 888 Комонвелт авенија стана првата Геотермална зграда на Бостонскиот Универзитет. Таму моментално се наоѓаат Кидни Ценатот, Универзитетскиот центар за Англиски јазик, и училниците со програми за Ориентација, канцелариите на Интернационалните програми, и неколку продавници и ресторани. И последно, но и не најмалку важно, Универзитетот планира да изгради 6 катна зграда со површина од 9,800 м2 која ќе служи за сместување на студентите, со сервиси за јадење и Едукативент истражувачки центар (ERC), како и програмата за Пишување, Советувалиште на Бруцошите, и канцеларии за Професионално советување од колеџите за Уметности и Науки. Изградбата на 50 милиони долари вредниот Центар на Источниот кампус за студентски сервиси започна во есента 2010, а официјалниот датум за отворање е закажан наесен во 2012та година.

Кампус[уреди | уреди извор]

Бостонските Кампуси и Објекти[уреди | уреди извор]

Главниот Универзитетски кампус покрај реката Чарлс, кој се наоѓа низ Комонвелт Авенијата и Зелената Линија, почнувајќи од Плоштадот Кенмор па продолжува до границата на Бостонското соседство Олстон. Мостот на Универзитетот кај реката Чарлс во Кембриџ претставува линијата која ги дели Главниот Кампус (каде се концетрирани повеќето училишта и зградите со училници) и Западниот Кампус (домот на неколку атлетски капацитети, игралишта, големиот Студентски дом на Западниот Кампус, и новото студентско село Џон Хенкок. Како резултат Експанзијата која сè уште трае, кампусот на реката Чарлс содржи низа од архитектонско различни згради. Колеџот за Уметности и Науки, Капелата Марш (местото на експериментот Капелата Марш), и Училиштето за Теологија се најпрепознатливите градби на Универзитетот и се изградени во доцните 30-ти и 40-ти години од XX век во Готски стил. Голем дел од кампусот е изграден од традиционален Бостонски кафеав камен, посебно кај Беј Стејт Роуд и Јужниот кампус каде БУ ја има присвоено речиси секоја куќа во тие области. Зградите се воглавно студентски домови но многу исто така служат и како институти како Канцеларии. Од 1960 – 1980 многу современи згради беа изградени вклучувајќи ги Библиотеката Мугар, БУ Правното Училиште, и кулите Ворен, сите се изградени во Бруталистички стил. Центарот за Наука и Инженерство Metcalf, изграден во 1983 година, е изграден во стилот на Структурен Експресионизам. Аудиториумот Морс кој е во близина на Metcalf, е во гол архитектонски контраст, и прво бил изграден како еврејски храм. Градби кои се изградени во најскоро време во кампусот се: Центарот за Фотоника, Зградата за Животна наука и Инженерство, Студентското село (во кое се вклучени FitRec центарот и Agganis арената), и зградата на Училиштетот за Менаџмент. Сите овие згради се изградени со цигли, неколку од нив и со значителна количина на кафеав камен.

Сместување на Студентите[уреди | уреди извор]

Сместувачкиот систем на БУ е меѓу 10те најдобри во САД. БУ првично беше патувачко школо, но сега универзитетот ја гарантира опцијата за сместување во кампусот за 4 години за сите додипломски студенти. Моментално, 76% од додипломците живеат во кампусот. Сместувачките згради во БУ се необично различни мешавини, почнувајќи поединечни куќи од 19 век и згради со апартмани, па до згради од големи размери изградени од 60-тите години па до 2000. Големите студентски домови вклучувајќи ги и Ворен кулите со капацитет од 1800 студенти, најголемиот дом во Кампусот, како и Западниот кампус и Кулите. Помалите студентски домови и куќите се главно се наоѓаат во два дела од кампусот: Беј Стејт Роуд и Јужниот кампус. Беј Стејт Роуд е улица која се наоѓа паралелно со Комонвелт Авенијата и е дом на мнозинството куќи на БУ, или таканаречени ,,Brownstones”. Јужниот кампус е област со сместувања за студенти јужно од Комонвелт Авенијата и е одделен од главниот кампус со Масачусетскиот автопат. Некои од поголемите згради во таа област се претворени во Студентски домови, додека останатите градби на Јужниот кампус се апартмани. Најновата област со резиденции и апартмани на БУ официјално се вика 33 Harry Agganis Way, StuVi2 неофицијални, и е дел од проектот Студентско Село Џон Хенкок. На север од оваа област се наоѓа зграда од 26 ката е со апартмани внатре, додека од Јужната страна се наоѓа зграда од 19 ката е со соби за 8 лица. Вкупно, во зградата можат да се сместат 960 лица. Настрана од овие главни области за сместување на студенти, исто така се наоѓаат помали студентски домови долж Комонвелт Авенијата. Бостонскиот Универзитет исто така овозможува посебни куќи или посебни катови за студенти кои имаат посебни интереси. Сите големи студентски домови имаат обезбедување 24/7 и сите студенти за да влезат мора да ги покажат своите Студентски идентификации пред да влезат. За еден студентски дом, Шелтон Хол, кружат гласини дека е прогонет од духот на драмскиот писател Јуџин О’ Нил. О’ Нил живеел во соба 401 (денес соба 419) додека зградата била Хотел. Умрел во болница на 27 Ноември, 1953 година, и се верува дека неговиот дух ги прогонува собата и целиот спрат. Четвртиот спрат е сега специјален спрат и се вика Коридорот на Писателот.

==Студентското село Џон Хенкок==

Студентското село е нов сместувачки и рекреативен комплекс кој опфаќа 10 ари (40, 000м2) и се наоѓа помеѓу улицата Бјуик(Buick Street) и полето Никерсон (Nickerson Field), земјиште кое порано припаѓало на Армијата, кое било користено како терен за атлетика. Студентското село е дизајнирано со намера за унапредување на општествената свест и спојување на источните со западните делови од кампусот. Студентскиот дом со Апартмани се наоѓа 10 Бјуик Улица (Од студентите наречен StuVi) отворен за јуниори и сениори есента 2000 година. Во 2002 година Џон Хенкок осигурувањето го објави своето спонзорство на мулти-милионскиот проект. Во 2009, Студентско село II, луксузен студентски дом од 26 ката е отворен на улицата 33 Harry Agganis Way. Agganis арената, именувана по Harry Agganis e отворена за концерти и Хокеј во јануари 2005 година. Арената може да собере вкупно 6.224 гледачи за Териер Хокеј и ја менува помалата Walter Brown Arena. Арената исто така може да биде искористена за Концерти и други Шоуа. Во Март 2005, последниот елемент од втората фаза на Комплексот Студентско село, Центарот за Фитнес и Рекреација (FitRec) e отворен. Конструкцијата на остатокот на Втората Фаза, која вклучуваше кули од 19 и 26 ката е завршена есента 2009 година.

Други Капацитети на БУ[уреди | уреди извор]

Меморијалната библиотека МУГАР е централната академска библиотека за кампусот на Чарлс реката. Во истата зграда се наоѓа и Архивскиот Истражувачки Центар Хауард Готлиеб, претходно позната како Архива на 20 век, каде што се складирани документи кои припаѓале на илјадници еминентни фигури од литературата, новинарството, дипломатија, уметност и од многу други гранки. Помеѓу тие документи се и личните документи на Ајзак Асимов од 1965 па наваму, документите на истакнатиот економист Мартин Лутер Кинг Јуниор, и скорашниот додаток на личните документи на Луиз Паркер.

Унијата Џорџ Шерман (GSU) се наоѓа до Меморијалната библиотека МУГАР ги снабдува студентите со скапа храна вклучувајќи и многу синџири за Брза Храна, вклучувајќи ја и Panda Express, Starbucks и Jamba Juice. GSU исто така има и комотни простории за учење. Подрумот на Унијата Џорџ Шерман е дом на BU Central lounge, каде се одржуваат концерти и други активности. Во подрумат исто така има и канцеларија на Поштата на САД.

,,Замокот” кој се наоѓа на Западниот крај на Беј Стејт Роуд е една од постарите градби на кампусот, и градба со интересна историја. Според приказната, Замокот бил изграден од милионерот Вилијам Линдзи за неговата ќерка Лесли Линдзи Мејсон како подарок за нејзината свадба. Како и да е, таа била убиена кога нејзиниот брод „Лузитанија“, бил торпедиран и потонат од Германските подморници на 7 Мај, 1915 година. Всушност Замокот припаѓал на Вилијам Линдзи и бил наменет за негова употреба во 1905 година, долго пред Медениот месец на неговата ќерка на „Лузитанија“. Во 1939 година, Универзитетот го добива имотот со договор со градот да ги исплати сите неплатени даноци; Овие даноци беа платени преку донации од, меѓу другите, Др Вилијам Ченери, Доверител на Универзитетот. Замокот служел како дом за претседателот на Универзитетот до 1967 година, кога тогашниот Претседател Крист – Јанер рече дека е премногу голем за неговите потреби како дом и го претвори за други потреби на Универзитетот. Сега служи како простор за конференции. Под Замокот се наоѓа Пабот на БУ, единственото место на БУ каде се служи алкохол. Делови од филмот 21 снимен во 2008 година се снимени во Замокот, бидејќи поради неразјаснети правни причини му забранија на Роберт Лукетич да го снима филмот во МИТ. Филмот исто така е снимен и на други места како што се Училиштетот за Менаџмент на БУ, Библиотеката Мугар како и FitRec. Училиштето за едукација на БУ кое се наоѓа на 605 Комонвелт авенијата се наоѓа во зградата на претходната клиника Лахи. Училиштето за Едукација ги спојува двете претходни згради, што ги објаснува полу спратовите(3½, 4½, 5½, итн.). Куќата Велд (Weld House), канцеларијата на претседателот на Бостонскиот Универзитет, е некогашниот дом на Чарлс Гадард Велд, член на богатата фамилија Велд од Масачусетс.Во соседната куќа Дан (Dunn House) се наоѓа канцеларијата на Канцеларот на Универзитетот. Барнс и Нобл се Универзитетските книжарници, кои се наоѓаат на плоштадот Кенмор. Во зградата од 5 ката се наоѓаат сите работи кои им се потребни на студентите, почнувајќи од книги па до облека и кафе.

Културен живот[уреди | уреди извор]

Сместен на раскрсницата кај Фенвеј – Кенмор, Олстон и Бруклин, универзитетот долго уживаше во културата кои овие соседства ја нудат. Во областа Фенвеј – Кенмор се наоѓаат Музејот за фини уметности, и Музејот Изабела Стјуарт Гарднер, и улицата Лендсдоун. Олстоун е Бостонското најголемо Боемско соседство од 60-тите години. Со прекарот ,,Олстон Рок Сити”, соседството е дом на многу уметници и музичари, како и различни кафичи, и на многуте Бостонски мали музички хали. Надвор од јужната граница на кампусот во Бруклин, Харвард авенијата нуди независни и странски филмови во Театарот Кулиџ Корнер, и читања од почитувани писатели во Бруклин Буксмит (Brookline Booksmith). Други локални одредишта за интелектуалците од кампусот и љубителите на културата се Симфониската Хала(Symphony Hall), Бикон Бук Анекс(Beacon Book Annex), Халата Џордан( Jordan Hall), главната бранша на Бостонската Јавна Библиотека во плоштадот Копли, како и многу музеи, продавници и галерии на Плоштадот Харвард и насекаде низ Кембриџ. Комбинираната близина на толку многу културни институции, колеџи, јавни простори, и простори за изведби, заедно со Колеџот за Фини Уметности, Колеџот за Комуникации, Програмата за Универзитетски професори и други извори за културна енергија, му овозможи на Бостонскиот универзитет да култивира една просперитетна креативна заедница.Студентската унија Џорџ Шерман на Комонвелт Авенијата одржува концерти и други изведби во ,,BU CENTRAL” и Халата MetCalf. На кампусот има 12 А’ Капела групи. Двете највпечатливи групи се The BosTones и машката група The Dear Abbeys. И двете имаат настапувано на бројни настани низ кампусот. БУ е дом на Театарското друштво Хантингтон во Театарот на БУ како и на Бостонскиот Драмски Театар.

Политика за гости и посетители[уреди | уреди извор]

Пред Септември 2007, Бостонскиот Универзитет имаше прилично рестриктивна политика за посети, која им забрануваше на студентите од различни студентски домови да се посетуваат преку ноќ. Ова се смени кога нов закон од одобрен од претседателот Браун стапи на сила. Новиот закон им овозможуваше на студентите да се посетуваат во било кој Студентски дом на кампусот користејќи ги своите идентификациони картички, но само од 7 часот па до 2 часот по полноќ. Студентите смеат да примаат гости со фото идентификација во секое време. Како и да е за време на неделата пред испитите за гостите е забрането да се шетаат во ходниците преку ноќта.

Одржување[уреди | уреди извор]

Комитетот за одржување на Бостонскиот универзитет работат да ја намалат потрошувачката на енергија и да се намали отпадот низ кампусот со концентрирање на четири клучни области: рециклирање и управување со отпадот, енергетска ефикасност, развој на одржувањето на зградите и оперирање, и комуникации, едукација. Еден од раните чекори кон создавање на позелен кампус беше имплементирање на служењето на јадење со бесплатен послужавник за една употреба, со што се заштедени вода и пари. Новиот директор на БУ за одржување Денис Карлберг, ќе продолжи да се фокусира кон нови идеи за полесно одржување на Университетот.

Други Кампуси[уреди | уреди извор]

Кампусот Брисел[уреди | уреди извор]

Бостонскиот Универзитет во Брисел, официјално именуван како Центар за Дипломирање во Брисел при Бостонскиот Универзитет (Boston University Brussels Graduate Center) и исто познат како БУБ, е дел од Метрополитенскиот Колеџ(Metropolitan College) на Бостонскиот Универзитет(МЕТ). Во 1972 година Бостонскиот Универзитет стана првиот Американски Универзитет кој нуди дипломирање за Бизнис Менаџмент во Европа со отворањето на својот кампус во Брисел, Белгија. Заради својата локација во главниот град на Европа, домот на Европската Унија и НАТО, Училиштето стави силен нагласок на меѓународниот бизнис, и студентското тело се опфаќа различни националности и култури.

Кампусот во Дубаи[уреди | уреди извор]

Универзитетот отвори ново Стоматолошко Училиште во Дубаи, Обединети Арапски Емирати во 2007 година. Новото стоматолошко училиште ја призна својата прва група на студенти во јули, 2008 година. Освен своите стоматолошки капацитети, кампусот ќе изгради и Велнес центар, приватни клиники и главна подучувачка болница. ‘’Центарот за грижа на Здравјето во Дубаи, слободна медицинска зона во Дубаи, разви една од светска класа и академска медицинска заедница, која ќе биде развиена околу Харвардскиот Центар и Медицинско Училиште во Дубаи, Институтот за Стоматолошки истражувања и Едукација при Бостонскиот Универзитет и главната универзитетска болница”, според Кети Ферланд, директор за пристапување во ГСДМ.

Кампусот во Лондон[уреди | уреди извор]

Најголемиот кампус за програмата за студирање во странство на Бостонскиот Универзитет се наоѓа во Лондон, Англија. Британските програми на Бостонскиот Универзитет нудат семестри на студирање и работење во Лондон преку Лондонската програма за стажирање (LIP), како и програми во Универзитетот во Оксфорд, во Колеџот Света Ана. Почнувајќи од Есента 2008 година условото е цела академска година, не само семестар како порано. LIP програмата ги комбинира професионалното стажирање со посетување на часови кои опфаќаат одредена академска област во контекстот на Британската Историја, култура, и општество и Британската улога во модерна Европа. Курсевите во одредена академска област се водени од избраниот Британски Факултет и важи екслузивно за студентите запишани на програмата на Бостонскиот Универзитет. После успешното завршување на семестар, студентите заработуваат 16 кредити на Бостонскиот Универзитет. БУ Британските Програми се засновани во Јужен Кенсингтон, Лондон. Кампусот се состои од главната зграда на улицата 43 Херингтон Гарденс, како и 6 ката од зградата кои се направени за сместување на студентите. Оваа програма е отворена за студентите на Бостонскиот Универзитет, како и за студентите на другите Американски колеџи, и прима од 650 до 850 студенти на Есен, Пролет и Лето секоја година. Кампусот во Лос Анџелес Во Лос Анџелес, БУ има програма за стажирање за студенти кои сакаат да студираат и да работат во срцето на филмот, телевизијата, рекламирањето, односи со јавноста, менаџмент во забавната индустрија и законските индустрии. Програмата нуди три насоки на студентите да изберат: Рекламирање и Односи со Јавноста, Филм и Телевизија, и Менаџмент во Забавната индустрија. Дипломираните студенти имаат шанса да ја продолжат својата едукација со запишување во програмата Los Angeles Certificate Program, каде студентите можат да изберат да станат глумци во Холивуд или писатели во Холивуд. Курсевите се водени од факултетите на Бостонскиот Универзитет и Алумни на Универзитетот кои работат како ментори внатре и надвор од училницата. После успешно завршување на семестар студентите стекнуваат 16 кредити на Бостонскиот Универзитет. Студентите кои успешно ќе ја завршат програмата Los Angeles Certificate Program стекнуваат 8 кредити на Бостонскиот Универзитет и сертификат од Колеџот за Фини Уметности или од Колеџот за Комуникации од БУ.

Кампусот во Вашингтон[уреди | уреди извор]

Во Вашингтон, БУ има програми за стажирање и новинарство. Студентите живеат во зградата на Универзитетот на Авенијата Конектикат во Вудли Паркот и ги искористуваат предностите на градот преку стажирање на различни локации. Програмата за новинарство, водена од Линда Килиан им овозможува на студентите да работат како дописници за весници и телевиските станици од целата држава. Кампусот во Сиднеј Во Сиднеј, БУ има програма за стажирање и менаџмент како и програми за филмски фестивал и за патешествија. Околу 150 студенти живеат во новоизградената зграда на Универзитетот во Чипендејл која е развиена од Тони Овен Партнерс. Уникатниот дизајн на зградата користи “пукнатини за да се дојде до максимална сончева светлина во собите како и природна вентилација низ зградата” Во новата зграда отворена во почетокот на 2011 има подземни училници, амфитеатар, простор за канцеларии, библиотека и двор на покривот.

Запишувања и Демографија[уреди | уреди извор]

Статистиките за студенти кои аплицирале за запишување во 2016 година се 43.979 студенти. Но, ќе бидат примени 45,5 % од апликантите. Бруцошите кои се запишале во 2010 година се 68% Бели, 15% Азијати, 7% странски студенти, 7% Шпанци и 2% Црнци. Бостонскиот Универзитет е втор приватен Универзитет(После Њујоршкиот Универзитет) во САД по бројност на запишани Евреи со бројка меѓу 3000 и 4000 студентит, или грубо пресметано 15% од студентите на БУ се изјасниле како Евреи. Во меѓународната заедница на БУ се 18% Кинези, 12% Корејци, 11% Индијци, 6% Тајванци, 6% Канаѓани, 4% Јапонци, 3% Турци, 2% Тајланѓани, 2% Саудиски Арапи и 2% Мексиканци. Од 7% студенти кои се студенти од странство, 26% се на додипломски студии, 47 % се на постдиплопски студии, а останатите 27% се вклучени во други образовни активности. Мнозинството од регистрираните студенти се од Масачусетс (19%), Њујорк(16%), Њу Џерси(9%), Калифорнија (8%), Конектикат (4%), Пенсилванија (4%) и Тексас (2%).

Академици[уреди | уреди извор]

Бостонскиот Универзитет нуди дипломи од додипломски студии, магистерски студии, и од докторски студии, и медицински и стоматолошки дипломи преку своите 18 училишта и колеџи. Секое училиште и колеџ на универзитетот има кратенка со три букви од своето име, кои се користат место целото име на колеџот или училиштето. На пример, Колеџот за Уметности и Науки го има името CAS, Училиштето за Менаџмент го викаат SMG, Училиштето за Едукација SED, итн.

Колеџи и Училишта[уреди | уреди извор]

Колеџи и Училишта на Бостонскиот Универзитет се: Колеџ за Фини Уметности - College of Fine Arts (CFA) - 1954 Колеџ за Уметности и Науки - College of Arts and Sciences (CAS) - 1873 Дипломско училиште за Уметности и Науки - Graduate School of Arts and Sciences (GRS) - 1874 Колеџ за Комуникација - College of Communication (COM) - 1947 Колеџ за Инженерство - College of Engineering (ENG) - 1963 Колеџ за Генерални Студии - College of General Studies (CGS) - 1952 Колеџ за Здравствени и Рехабилитативни науки - College of Health and Rehabilitation Sciences (Sargent College) (SAR) - 1881 Училиште за Едукација - School of Education (SED) - 1918 Одделение за продолжена едукација Училиште за Гостопримлива Администрација - School of Hospitality Administration (SHA) - 1981 Правно Училиште - School of Law (LAW) - 1872 Училиште за Менаџмент School of Management (SMG) - 1913 Метрополитски Колеџ - Metropolitan College (MET) - 1965 Бостонски Универзитет во Брисел - Boston University Brussels (BUB) Програма на БУ за Наука и Инженерство - Boston University Science and Engineering Program (SEP) Училиште за Социјална Работа - School of Social Work (SSW) - 1940 Училиште за Теологија - School of Theology (STH) - 1839 Училиште за медицина - School of Medicine (MED) - 1848 Група за Постдипломски Медицински Науки - Division of Graduate Medical Sciences (GMS) Училиште за Стоматолошка Медицина ,,Голдмен” - Goldman School of Dental Medicine (SDM) - 1963 Училиште за Јавно Здравје - School of Public Health (SPH) - 1976

Академија на Бостонскиот Универзитет[уреди | уреди извор]

Колеџот за Уметности и Науки (CAS) претходно беше именуван како Колеџ за Слободни Уметности (CLA). Колеџот за Комуникација претходно го носеше името Училиште за Јавна Комуникација (SPC). Училиштето за Менаџмент (SMG) претходно беше именуван како Колеџ за Бизнис Администрација (CBA). Колеџот за Генерални студии (CGS) претходно се викаше Колеџ за Основни студии (CBS). Училиштето за Медицински сестри (SON), и Колеџот за Практични Уметности и Букви (PAL) се единици на Универзитетот кои се прекинати и веќе не постојат.

Рангирања[уреди | уреди извор]

U.S. News и World Report го рангираат Бостонскиот Универзитет на 42 место меѓу националните универзитетит за 2012 година. Бостонскиот Универзитет се наоѓаше на 11то место меѓу Училиштата за Јавно здравје, 22ро место меѓу правните училишта, 22ро место меѓу училиштата за социјална работа, 31во место меѓу училиштата за Бизнис, 34то место меѓу Медицинските Училишта, 42ро место меѓу училиштата за инжинеринг, и на 56то место меѓу училиштата за едукација. QS World University Rankings во 2011 година го рангираа БУ на 70то место во светот. БУ исто така ги доби и максималните 5 ѕвезди според системот за евалуација на QS World University Rankings. Times Higher Education во 2011 година го рангираа БУ на 54то место во светот. Шангајските Џао Тонг Академски Рангирања на Универзити во Светот во својата листа Топ 500 Универзитети го рангираа БУ на 44 место во САД, и 76то место во светот. Newsweek (International Edition), во својата список на Топ 100 Светски Универзитети, го рангираа БУ на 35то место во Сад, а на 65то место во светот. Додипломските и Постдипломските програми во Биомедиски Инженерство се рангирани на 7-мо и 8-мо место во САД според U.S. News & World Report. Додипломските програми се 6 најголеми програми во САД акредитирани од ABET. Дополнително, сите професионални постдипломски програми во БУ Колеџот за Здравје и Рехабилитација се рангирани во Топ 8те проценти во државата. Професионалната програма за Терапија е рангирана на 2-ро место од 156 програми; Програмата за Физичка Терапија е рангирана на 16-то место од 201 програма; и програмата за Говорно – Јазична Патологија е на 21-во место од 250 програми. Business Week ја рангираат MBA програмата на БУ на 38мо место, и нејзината додипломска Бизнис програма ја рангираат на 31-во место. The Economist Училиштето за Менаџмент на БУ го рангираат на 42ро место во светот. The Financial Times ја рангираат програмата MBA на 68мо место во светот. Quantnet програмата за Математичко Финансирање на БУ ја рангираат 17та во светот. Центарот за мерење на Универзитетските Перформанци, го рангираат Бостонскиот Универзитет помеѓу првите 50 истражувачки универзитети во САД. Бостонскиот Универзитет е еден од 96те Американски Универзитети кои ја добиваат највисоката истражувачка класификација ("RU/VH") од Фондацијата Карнеги. Трошоци, Цени Целосната школарина за учебната 2010 – 2011 година со некои мали исклучоци во некои училишта чинеше 39, 314 долари. Целата цена (со сместување и други трошоци) изнесуваше во просек 52.574 долари. Споредено со претходната година, Цената на Школарина, Сместување и другите трошоци се зголемила за 3.65 проценти. Тоа е најмалото процентуално зголемување на цената од 1969 година. Освен тоа, покачувањето на школарината е како резултат на зголемувањето на финансиската помош на студентите за 12 проценти. Претседателот Браун во e-mail пораката до студентското тело напишал дека ,,напорите да се управува со цената и квалитетот се успеши”. Стандардно сместување на кампусот за една година чини 8.000 долари, додека по луксузни избори во новото Студентско Село чинат скоро 13.000 долари годишно. За споредба, просечна рента за двокреветен апартман во областа Олстон – Брајтон чини 13.000 долари, или 7800 долари од личност годишно.

Весници и изданија[уреди | уреди извор]

Бостонскиот универзитет е дом на неколку весници и изданија. Правниот факултет издава шест национално признати правни весници, видувајќи ги “The Boston University Law Review”, “American Journal of Law and Medicine”, “Review of Banking and Financial Law”, “Boston University International Law Journal”, “Journal of Science and Technology Law” и “Public Interest Law Journal”. Факултетот за образование го објавува “The Journal of Education”, кој е најстариот без прекин објавуван весник во полето на образованието во земјата. “The American Journal of Media Psychology” и “The Public Relations Journal”, моментално се уредувни од професорите на Колеџот за комуникација, тој исто така е дом на “New England Center for Investigative Reporting”, тој издава бројни изданија годишно. Изучувањата за романтизмот се сместени во Англиската катедра и “The Journal of Field Archeology” е сместен во катедрата за археологија на колеџот за уметности и науки.

Специјални академски програми[уреди | уреди извор]

Главна наставна програма[уреди | уреди извор]

Понуден во Колеџот за уметности и науки, главната наставна програма нуди интензивна програмасо одлични книги за сите новодојдени бруцоши кои одлучуваат да учествуваат. Опфаќајќи два часа по семестар за време на бруцошката и втората година, програмата содржи четири оддели за хуманитарни науки кои почнуваат со епот за Гилгамеш и ги разработуваат Платон, Аристотел, Есхил, Макијавели, Шекспир, Милтон, Данте, Вах и многу други.

Универзитетска професорска програма[уреди | уреди извор]

Универзитетската професорска програма (УПП) беше интердисциплинарна програма што им дозволуваше на студентите да следат широк опсег на академски интереси. Во сооднос меѓу студентите и универзитетскиот наставен кадар од четири спрема еден (4:1), УПП им нудеше на студентите широко образование во поперсонализирана атмосфера. Студентите посветуваа честа, интимна ,главна програма која се содржи од курсеви по либерални уметности одржувани од универзитетски професори на мали семинарски состаноци. Тие таму работеа заедно со советник за да создадат научен курс кој водеше до интердисциплинарна диплома, кулминирајќи со научна теза. Заснована врз извештајот на акдемскиот комитет за ревизија, нова универзитетска широка почесна програма беше развиена и УПП беше заменета со универзитетскиот почесен колеџ.

Универзитетски почесен колеџ[уреди | уреди извор]

Универзитетскиот почесен колеџ беше основан во академската 2010/11 учебна година. Од страна на веб – локацијата на уни – почесен – колеџ тој е опишан како “Елитна почесна програма како никоја друга досега за најуспешните и најкреативните студенти”.

Бостонска универзитетска академија[уреди | уреди извор]

Бостонската универзитетска академија е уште еден истакнат дел од универзитетот. Основана во 1993 г. Академијата е позната по нејзината моќна акдемска програма, класична наставна програма и нејзината уникатна поврзаност со универзитетските ресурси.

Студенски живот[уреди | уреди извор]

И покрај полисата за студенски активности која што забранува изданијата водени од студентите да добиваат универзитетска финансиска поддршка за печатарските трошоци. Студенските весници продолжуваат да напредуваат на Бостонскиот Универзитет како изданија спонзорирани од администрацијата, уредени од студентите под надзор од факултетските и наставните советници. Координаторот за студенските изданија, одговорен за запознавање на новите уредници со универзитетските начела и упатување на издавачкиот персонал до производството на кампусот и финансиските ресурси, е Закари Бос од главната наставна програма уште од 2006 година. Иако е официјално и целосно независен од универзитетот “The Daily Free Press” често нарекуван (The FreeP) е студенски весник на кампусот, и четврт најголем дневен весник во Бостон.Уште од 1970 година, ги снабдува студентите со новости за кампусот, градски и државни новости, спортски прегледи, уредувања, уметности и забава, приказни со специјални особености. “Д дејли фри прес” се објавува секој обичен работен ден од универзитетската година и е достапен во студенските домови Бостонскиот универзитет, во училниците и комерцијални локации посетувани од студентите. “Synapse” е Бостонски универзитетски научен магазин и се објавува на интернет секој семестар фокусот на “научната” се оденсува на многу дисциплини опфаќајќи општестевни науки до физички науки, од инженерство до математика и од финансии до економија. Магазинот е проверен од страна на студентите и факултетскиот кадар, рекламиран е со рутина, дистрибуција низ целиот кампус на брошури потенцирајќи ги карактеристичните статии. “Synapse” за првпат беше издаден пролетта 2009 година и продолжува да објавуваа сттатии секој семестар. “The Brown Stone Journal” е најстаро издание на кампусот кое сè уште се издава објавувајќи студенски истражувања, научни статии и есеи и литературни преводи уште од 1982 година. “The Brown Stone Journal” во сегашно време е спонзориран од истражувачката програма за студенски можности, но оригинално беше административно издание на универзитетската професорска програма. Персоналот работи во нивните канцеларии во поранешниот простот за алманасите во подрумот на “Ленокс стрип ” 10, под уредничките канцеларии на “Бостонија”. Во 2006 година, првото издание на преведувачкиот ”Pusteblume Journal ” беше објавено од група на поранешни и сегашни студенти од ко – наставен семинар за поезија предводен од професорот од Џорџ Калогерис од ” Јадрената наставна програма ”. Весникот взаемно спонзориран од Катедрата за романски јазици , Катедрата за модерни јазици и компаративна литература и ”Главната наставна програма” објавува преводна литература и статии што се однесуваат на преведувањето. Весникот на главниот наставен план се објавува непрекинато уште од 1992 од Главниот наставен план на Колеџот за уметности и науки. Продуциран од студентски уреднички персонал предводен од факултетски советник, самиот интердисциплинарен ”Core Journal” објавува академска проза, книжевни имитации, фиктивни средби помеѓу ликовите на ” големите работи ”, оригинална поезија и творечко пишување, есеи, уметнички дела, преводи и дури во VOL. XVI век пролетта 2007 година оригинални лирични композиции. “The Back Bay Review” е весник за критични трудови предводен од студентите. “Аrche” е годишен весник за студенски трудови за филозофијата чие прво издание беше идадено во летото 2007 година. Спонзорирано е од Катедрата за филозофија и е објавено од страна на “Студенската филозофка асоцијација”. “The International Relation review” е отпочнат во 2009 година како дополнително издание на Бостонската Универзитетска асоцијација за интернационални афери. Целосно предводен е студенти, “The IR Review” е независен научен весник кој објавува статии во сите сфери на интернационалните афери. Целта на “IRR” е да ги обедини многуте таленти и искуства на огромната катедра за интернационални односи при БУ. Уште посамостојно, студенското подземје, се фокусира на алтернативни политички и културни активности. Од 1997 година, прашања беа објавувани скоро месечно од страна на “непрофитабилна колектива” составена најмногу од студентите на БУ. Во 2007 година весникот почна со работа под името “The Boston Underground”; оригиналниот уреднички фокус врз проблемите на кампусот со тек на годините е ослабнат како што основачките уредници дипломираа и заедно со тоа го напуштија БУ. “The Sam Adams Review” беше краткотраен месечен студенски весник кој снабдуваше новости за американскиот “дух”, се прилагодуваше кон конзервативните читатели. Неговиот персонал не беше официјално признат како регистрирана студенска активна група, но исто како и подземјето беше во целост водена од студентите. “Boink” беше стартуван во февруари 2005 година од група на студенти предводени од Алециа Олеоруг, која тогаш беше апсловент на колеџот за комуникации. Магазинот ги прикажува студентите на БУ како позираат голи, и статии поврзани со сексуалноста. Во врмето на првото издание, деканот издаде изјава објаснувајќи дека “универзитетот не ги поддржува, ниту одобрува потенцијалните изданија на “Boink” . Магазинот беше тогаш и сè уште е неприпоен до универзитетот. Во Септември 2005 година студенскиот весни “The Source” почна да се појавува неделно, и беше окарактеризиран со доминација на уметничка и забавна репортжа. По Ноември 2006 година не беа испечатени нови изданија, и изгледа дека издавачот “Greenline Media” е сега непостоечки. “The BU Quad” е независен предводен од студентите интернет магазин започнат есента 2009 година. Магазинот прикажува статии и колумни на теми вклучувајќи новости за кампусот, телевизијата, храна, политика и музика. “BU Culture Shock” е официјалниот блог на “Howard Thurman Center” , мултикултурниот центар на БУ. Посветен е на слободно изразување и отворена дискусија. “Culture Shock” е познат по неговата репортажа на изборите на Бостонската Универзитетска зедница прикажувајќи придонеси од кандидатите заедно со другите студенти. Community Service Center The Boston University Community Service Center (CSC) е скоро во целост водена од студенти. Секој семестар СЅС реализира 13 волонтерски програми поврзани со проблемите од локален, национален и глобален карактер, вклучувајќи глад, деца, стари, неспособности, бездомништво и пристапно домување, човекови права, свест за сида, родови проблеми и околината.

СЅС исто така води две неизмерно популарни едно – неделни програми. За време траењето на “First up student outreach project” (FSOP) студентите од повисоките години водат групи од нови бруцоши во волонтерски акции низ Бостон пред стартот на првиот семестер. За време на “ Alternative spring break “ (АЅВ), стотици студенти патуваат со комбиња, автобуси или авиони на различни локации низ цела земја да изработуваат сервисни проекти во различни области на потреби. Во минатото студентите кампуваа пред објектите за запишување за да го почнат денот пред запишувањата и за да ги зафатат посакуваните патувања. Од 2010 регистрирањето е преместено на интернет.

СЅС може да се пофали со најголема студентска ангажираност од било која друга организација на кампусот.

Дипломски работилници[уреди | уреди извор]

“Willing Suspension Productions“ им овозможува на дипломираните студенти по англиски јазик да презентираат ретка англиска модерна драма пред Бостонската публика. Програмата е отпочната во 1993 и продуцира по една претстава годишно. ROTC ROTC на БУ ги бележи своите почетоци од 16 Август 1919 кога министерството за одбрана на САД ги оформи студентските воени тренинг групи на БУ, претходниците на воената ROTC програма. Денес, БУ е еден од дваесет и петте колеџи и универзитети во земјата кои ги исполнуваат сите три програми – Војска, морнарица и воздушна сила. Студентите кои сакаат да добијат чин во Маринците студираат како морнарички кадети.

Останати клубови и активности “The Boston University Dear Abbeys“ e призната целосно машка студентска а капела група. Во 2005 тие победија на Меѓународното првенство на универзитетска а капела, престижен национален турнир за универзитетски а капела групи. БУ е еден од дваесет и двата национални универзитетски локации каде има гранка на студентска здравствена размена. СЗР ги тренира универзитетските студенти да станат СЗР здравствени едукатори во околните јавни средни училишта кои немаат доволно средства за здравствени едукатори. Здравствените едукатори проучуваат на следниве теми кај деветтоодделенците: Носење на одлуки и комуникација I, Носење на сексуални одлуки, Спречување на бременоста, сексуално преносливи инфекции и ХИВ, здрави врски, насилнички врски, силување и сексуални напади, нутриционизам и физичка активност, цигари, алкохол, дрога, ментално здравје, Носење на одлуки и комуникација II. БУ театарска група е универзитетската најстара и најголема група за драмски уметности. Отворена за студенти кои не студираат глума, групата изведува многу претстави годишно и исто така приредува специјални настани, од кои некои се координирани со деканот. БУ дебатно општество редовно се натпреварува на “ American Parliamentary Debate Association “ дебатен круг. За време на сезоната 2010/11 БУДО настапија на две дебати и ги освоија признаниата “ Team of the year “ и 2011 државно првенство во “ West Point – NY “. Тимот приредува национален турнир на кампусот секоја пролет, и е претставен скоро секој колеџ од APDA. Клубот за уметничко лизгање на БУ е тим од студенти кои тренираат уметничко лизгање и танцување на мраз. Тие се двократни шампиони на “ US National Intercollegiate “. “ Териерите “ на БУ се натпреваруваат во Колегијално синхронизирано лизгање, и редовно се наоѓаат во првите десет на Синхронизираните тимски лизгачки првенства во САД. “ The Boston International Affairs Association “ (BUIAA) e настаната од “ Boston University Model United Nation Association “ (BUMUNA) која е основана во 1973. Овој клуб исто така приредува 2 конференции годишно, една за средношколци друга на универзитетско ниво. BUIAA средношколската конференција, собира преку 1000 студенти годишно од целиот свет. Минатата година дојдоја училишта од Кина, Гватемала и Канада. BarMUN (Boston and model United Nations Conference) e BUIAA конференција на универзитетско ниво. “ The Hug Don’t Hate “ мировната кампања беше оформена во 2006 во БУ со цел создавање траен мир преку среќа, разбирање и почит. Сите активности на “ The Hug Don’t Hate “ се фокусирани кон тоа индивидуалците да најдат заедничка основа. Активностите се поделени на четири гранки: “ Free Hug Fridays “, “Urban smiles”, “Connective Kindness” и “BUNITED”. “Hug Don’t hate” што тема моментално се проширува на различни локации. Грчката заедница на кампусот на БУ се состои од девет сестринства (девет старохеленски поглавја), десет братства (седум меѓубратски управни поглавја) и неодамна создадените “Multicultural Greek Council” (четири братства и едно сестринство). Студентската популација што е зачленета во братства и сестринства е 8% и се зголемува. Во 2008, преку 560 жени поминале преку формално сестринско избирање кое се случува на првиот викенд од вториот семестар. “The BU India Club” е најголемата универзитетска организација предводена од студентите. Отворена за студентите од сите етнички групи, клубот спонзорира културни претстави, изведби и активности што ја претставуваат Јужно Азиската култура. BUIC исто така е домаќин и организатор на годишниот Garba Fest Competition, натпревар во “Garba raas”. Lambda Chi Alpha, чин на “North-American Interfratanity Conference” (NIC) и едно од најголемите машки братства во Северна Америка беше основано О Warren A. Cole, додека бил студент на БУ на Ноември 1909. Delta delta delta е основан на БУ на “денот на благодaрноста” 1888 “Sarah Ida Show”, подоцна позната како “Ida Show Martin” го основала “Tri Delta” без помошта на машките братства, уникатно постигнување за нејзиното време.

“The College of Arts and Sciences” (CAS) “Dean’s Hosts” се големи студентски волонтерски организации каде членовите служат како врски помеѓу студентите на “CAS” и факултетскиот персонал. Најважно, “CAS Dean’s Hosts” заедно со “CAS – Student Government” го организираат официјалниот прием “Top of The Hub” во центарот на Бостон секоја година.

“The BU Soccer Club” е атлетско – заснован клуб што им дозволува на членовите на БУ да учествуваат во различни настани поврзани со фудбалот почнувајќи од “pick – up” фудбалски натпревари во центарот за фитнес и рекреација, до филантропски натпревари како што е годишниот. “Lose the shoes” хуманитарен турнир, од кој сите средства одат до кампањата “Grassrootsoccer” . Mотото на клубот е: “Обединување на различните преку љубовта кон светски најубавата игра”. “CAS” Студентската влада е универзитетски најголемата поединечна студентска владина група. Секоја година тие работат заедно со администрацијата на “CAS” за да се справат со големиот број на студентски прашања и проблеми на “CAS”. Тие исто така припремаат многу програми за студентите на “CAS” вклучувајќи: Келтски Ноќи, Кафе за финалните испити, Лизгање на мраз на Жабиното Езеро, Апсолвентски примања и многу д-р БУ нуди приближно 500 студентски организации на кампусот.

Атлетичари[уреди | уреди извор]

“BUNCAA Division I Terriers” се натпреваруваат во кошарка, крос, голф, хокеј на мраз, веслање, фудбал, пливање, тенис, атлетика и борење, додека “женските териери” се натпреваруваат во кошарка, танц, крос, хокеј на трева, голф, хокеј на мраз, лекрос, веслање, фудбал, софтбал, пливање, тенис и атлетика. БУ атлетските тимови се натпреваруваат во “America East”, “Hockey East” и “Colonial Athletic Association” конференции и нивната маскота е “Rhett”, Бостонскиот териер. БУ машки хокејски тим е најуспешниот лиценциран хокејски тим NCAA првенства, вклучувајќи го и NCAA 2009 која беше класична победа во последната минута. Тимот е трениран од припадникот на таленти на “NHL”, како и на “1980 USA Gold – Medal winning” машки хокејски тим. БУ Хокејскиот тим има освоено 29 “Beanpot” титули повеќе од било кој тим на турнирот кој ги вклучува: “Harund Grimson Tide”, “Boston College” и “Northeastern University”. БУ исто така го има освоено натпреварот “Sun Life Frozen Fenway” во 2010 против “ Boston College” со резултат 3 – 2. Беше источна хокејска игра на отворено во “Fenway Park”, една недела по “NHL Winter Classic”. БУ има победено на два национални првенства во женско веслање, во 1991 и 1992. БУ неодамна ја изгради новата “Agganis Arena” која се отвори на 3 Јануари 2005 со натпревар помеѓу “Териерите” и “Златните кртови” од универзитетот во Минесота. “The Agganis Area” исто така привремено служи за организирање на настани кои не се поврзани со спортот. БУ го растури својот рагби тим во 1997. Универзитетот ги употреби трите милиони од рагбиската програма за да го изгради мултимилионското “John Hencour” студентско село и атлетски комплекс. Најголема корист од одлуката имаа жените од БУ, кои видоа дека нивниот тимски фонд е зголемен. “ Со имплементирање на целиот план, можеме да постигнеме многу повеќе балансирани спортски програми за мажите и жените, што се во согласност со филозофијата насловена “Title IX” – рече поранешниот БУ атлетски директор “Gary Strickler”.

Клупски спортови[уреди | уреди извор]

Студентите на БУ исто така се натпреваруваат во спортови на клупско ниво. 36 спортови се признати од универзитетот, вклучувајќи: син Хрнизирано лизгање, безбол, хокеј во линија, машка одбојка, женска одбојка, машки лакрос, сноубординг, ултимејт фризби, кунг-фу, мечување, рагби, синхронизирано пливање, навивање, пинг-понг, женско ватерполо, машко ватерполо, женско рагби,планинско скијање, велосипедизам,бадминтон, балски танци,уметничко лизгање, голф,гимнастика, џиу џицу, кендо, шотокан карате, едрење, тек ван ду, трјатион, танцувачки театарски групи, сквош, јавање коњи, и машки

фудбалскиклуб.

Бу пинг-понгарскиот тим победи на дивизиско првенство неколкупати оваа декада, последно во 2006 (мажи) и 2007 (жени). И двата, машките и женските универзитетски пинг-понгарски тимови се натпреваруваа националните универзитетски пинг-понг првенства и се рангираа во првите 10. Морнарите со кајчиња на БУ се последниот тим од БУ што победил на државно првенство за училиштето на универзитетско ниво, имајќи победено на “CSA Collegiate Nationals” во 1999. БУ тим за уметничко лизгање неодамна победи на државното првенство по уметничко лизгање на универзитетско ниво во 2009 одржан во “Colorado Springs”,CO. Војувачка песна:“Напред БУ” “Напред БУ”, “Напред БУ” Пејте ги нејзините молитви гласно и правилно! Ќе се бориме за нашиот универзитет Кон сигурна победа Борба, Борба, Борба! “Напред БУ”, “Напред БУ” Низ полето кон нова победа Нашите срца се со тебе кога се бориш со противникот Те поздравуваме, оле БУ! Поради недостатокот од рагби тим уште од 1997, студентите го користат зборот “мраз” наместо “поле” во седмиот стих на хокејски натпревари, и “терен” на кошаркарски натпревари. Има 285 000 универзитетски поранешни студенти претставувајќи ја скоро секоја земја во светот. “Maртин Лутер Кинг” е еден од најважните поранешни студенти на БУ. Тројца други поранешни студенти се од историска важност: “Ребека Ли Крумпер” е првата афроамериканска жена и “Чарлс Истман” (првично наречен Охијеса) првиот американски индијанец кои добиле докторска сертификати и “Хелен Мегил Вајт” e првата жена во САД кој станала докрор на науки. Први славни студенти се глумците “Мариса Томеи”, ”Џулијан Мур”и Џина Дејвис”, поранешниот секретар за одбрана ”Вилијам Кохен”, сегашниот секретар за трговија ”Гери Локи”, поранешниот сенатор ”Џед Грег”, радио водителот ”хауард Стерн”, славниот готвач”Роко Ди Спирито”, директорот на ”J.Crew”и поранешниот директор на ”Gap Inc.””Милард Дрекстер”, спортскиот писател ”Бил Симонс”, телевизискиот водител ”Бил О Рајли”, извршниот директор на ”Bravo” ”Енди Кохен”, поранешната ”втора дама” ”Типер Гор”,водител на ”Project Runway” и моден уредник” за ”Marie Claire Magazine” ”Нина Гарсија”. Поранешниот прв претседател на федералната банка за резерви на Бостон ”Ерл О Латам”. Американскиот сликар” Франц Клине” бил на БУ. Основачот на албанската православна црква ”Фан С. Ноли” зеде докторат од БУ. Копронаоѓачот на ”Infosys” ”С.Д. Шибулал” го направи својот магистарски труд на БУ. Сегашни и поранешни професори на БУ ги вклучуваат “Александар Грахам Бел”, ”Ели Висел”, ”Андре Де Квадрос”, ”Хауард Зин”, ”Исак Асимов”, ”Роберт Пински”, ”Боб Зелник”, ”Ендру Бачевич” и “Јумпа Лахири”.