Бор (град)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Бор
Бор
Град и општина
Панорама на Бор
Панорама на Бор
Знаме на БорГрб на Бор
Местоположба на Бор во Србија
Местоположба на Бор во Србија
Координати: 44°05′N 22°06′E / 44.083° СГШ; 22.100° ИГД / 44.083; 22.100Координати: 44°05′N 22°06′E / 44.083° СГШ; 22.100° ИГД / 44.083; 22.100
ДржаваСрбија
ОкругБорски
населби14
Управа
 • ГрадоначалникСаша Вукадиновиќ (Српска напредна странка)
Површина
 • Општина856 км2 (331 ми2)
Население (попис 2011)
 • Град34.160
 • Општина48.615
Часовен појасCET (UTC+1)
 • Лете (ЛСВ)CEST (UTC+2)
Поштенски број19210
Повикувачки број+381 30
Автомобилска ознакаBO
Мреж. местоopstinabor.rs

Бор (српски: Бор) – градска населба и седиште на општината Бор и Борскиот Округ во источна Србија, во регионот кој е познат и под името Тимочка Краина. Според пописот од 2011 година Бор имал 34.160 жители и после Заечар е најголема населба во овој дел на Србија.

Бор е рударски и индустриски град со развиена обоена металургија.

Населбата е основана околу 1800 година, а градот во 1945 година. Плански е населуван со стручна работна снага за време на Југославија, па има исклучително шаренолик етнички состав.

Географија[уреди | уреди извор]

Бор се наоѓа во Тимочка Краина во непосредна близина на Брестовачка Бања. Во негова близина е Борското Езеро и планината Стол.

Во општината Бор се наоѓа еден од најголемите рудници на бакар во Европа.

Бор е оддалечен околу 30 км од Заечар, 60 км од Неготин, околу 60 км од Мајданпек и 120 км од Кладово.

Најблиски гранични премини се Ѓердап-Железна Капија кај Кладово со Романија и Вршка Чука кај Заечар со Бугарија.

Историја[уреди | уреди извор]

Домот на културата во Бор

Во рамките на Римското Царство, Бор бил во состав на провинцијата Горна Мизија, чиј главен град бил Виминициум (денешен Костолац). Од 4 до 6 век, градот бил дел од Источното Римско Царство (Византија). Потоа на подрачјето се промениле многу господари. Прво ја освоиле Гепидите и под нивна власт останало до бугарското освојување. Потоа повторно влегло во состав на Византија, а потем во Кралството Унгарија.

Населбата Бор настанала до рудникот за бакар кој го отворил Ѓорѓе Вајферт во 1903 година. Оттогаш Бор почнува брзо да се развива и расте. Во периодот од 1933 до 1940 година, Бор добил нова населба, подигната е болница и ново училиште, а рудникот нараснал во еден од најголемите во Европа. Во 1931 година имал 4.749 жители[1].

За време на Втората светска војна, рудниците за бакар биле под германска управа и воспоставиле работен логор. Во овој период, околу 6.000 луѓе биле затворени во кампот и работеле во рудниците. Затворениците во најголем број биле со еврејско потекло, саботјани и Јеховини сведоци. Кратко пред крајот на Втората светска војна рудниците биле евакуирани, а најголемиот број затвореници бил погубен.[2]

Статусот на град Бор го добил дури после Втората светска војна, на 30 мај 1947 година кога имал околу 11.000 жители, додека денес брои околу 33.000 со дваесетина нации.

Демографија[уреди | уреди извор]

Според пописот од 2002 година општината Бор е главно населена со Срби, но Бор е и една од општините со најголем број жители со различни националности. Во него има вкупно 32 различни националности.

Според пописот од 2011 година, населението на општината Бор броело 48.615 жители, додека градот имал 34.160 жители. Бројот на жители опаднал во текот на годините бидејќи многу луѓе го напуштиле градот заради загадувањето на воздухот од рудникот.

Етнички состав на општината:

Етничка група попис 2002 Попис 2011
Срби 39.989 35.435
Власи 10.064 6.701
Роми 1.259 1.758
Македонци 540 429
Романци 107 293
Албанци 115 113
Други 3.743 3.886
Вкупно 55.817 48.615

Стопанство[уреди | уреди извор]

Стопанството на Бор и околината од самото основање се засновала на рударството. Со развојот на рударството се развивал и градот. Бројот на жители се зголемувал и покрај рудникот се формирале други фабрики (фабрика за бакарни жици на пр.). Својот врв градот го достигнал во осумдесеттите години на 20 век, а со распаѓањето на Југославија рудникот се нашол во тешка ситуација, што се одразило и на градот.

Збратимени градови[уреди | уреди извор]

Бор е збратимен со :

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Мате Ујевиќ, Хрватска енциклопедија, трета книга, Загреб 1942 — страна 70
  2. „Labour Service“. degob.org.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]