Блез Сандрар

Од Википедија — слободната енциклопедија
Блез Сандрар
Блез Сандрар
Роден/а1 септември 1887
Шо де Фон, Швајцарија
Починат/а21 јануари 1961
Париз, Франција
Занимањеписател
ДржавјанствоФранцузин

Блез Сандрар (француски: Blaise Cendrars, роден на 1 септември 1887 во Шо де Фон - починал на 21 јануари 1961 во Париз) — псевдоним зна француско-швајцарскиот писател и поет Фредерик Луј Созе.

Биографија[уреди | уреди извор]

Блез Сандрар е роден на 1 септември 1887 во Шо де Фон, Швајцарија. Потекнува од буржоаско семејство на протестанти. Тој е писател со значаен придонес во европското модернистичко движење.

На 16 години Фредерик побегнал од дома, и со воз заминал во Москва. Од таму тој го продолжил своето патување со Транссибирскиот воз и пристигнал во Кина. За некое време тој патувал и живеел со Роговин. Тој финансиски се издржувал преку продажба на мали предмети, како одвртувачи, џебни ножеви и слично. На 20 години Блез Сандрар, кој подоцна станал натурализиран Французин, за првпат пристигнал во Франција. Во почетокот тој се занимавал со одгледување на пчели. Потоа тој заминал за Брисел и Лондон. Во Лондон живеел во една соба со еден млад студент - Чарли Чаплин, кој во тоа време исто така се борел за материјална добивка.

Вљубен во Франција, Блез Сандрар се вклучил во Легијата на странци за време на Првата светска војна. Во текот на војната тој ја изгубил едната рака. Исполнетиот со дрскост и новаторство јазик на Сандрар го опишува светот на машините, железниќките станици (кои тој ги споредува со катедрали), непознатите лица кои ги сретнал во текот на еден век, во кој се открива просторот и брзината.