Блез Матуиди

Од Википедија — слободната енциклопедија
Блез Матуиди
Лични податоци
Полно име Блез Матуиди
Роден на 9 април 1987(1987-04-09)(36 г.)
Роден во Тулуза, Франција
Држава Франција Франција
Висина &100000000000001780000001,78 м
Позиција среден ред
Клупски податоци
Сегашен клуб Интер Мајами Интер Мајами
Број 8
Агент Холандија Мино Раиола
Младинска кариера
ИНФ Клерфонтејн
Кретеј Кретеј
Троа Троа
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
2004-2007 Троа Троа 67 (4)
2007-2011 Сент Етјен Сент Етјен 132 (3)
2011-2017 Париз Сен Жермен Париз Сен Жермен 203 (23)
2017-2020 Јувентус Јувентус 98 (6)
2020- Интер Мајами Интер Мајами 0 (0)
Репрезентација
2006-2007 Франција Франција 19 9 (0)
2006-2009 Франција Франција 21 25 (0)
2010- Франција Франција 84 (9)
*Настапи и голови само на првенствени натпревари, според податок од 10 јули 2016
‡ Настапи и голови за репрезентација, според податок од 10 јули 2016

Блез Матуиди (роден на 9 април 1987 во Тулуза, Франција) — француски фудбалер, играч од средниот ред на Интер Мајами и на француската репрезентација.

Животопис[уреди | уреди извор]

Матуиди е роден во Тулуза, од татко анголец, Фарија Ривелино, и мајка конгоанка Елис. Неговиот татко ја напуштил земјата на потекло поради граѓанската војна, засолнувајќи се во тогашен Заир, каде се запознал со мајката на Матуиди.[1][2] Парот подоцна се преселил во Франција, каде е роден Блез.[3] Тој има четири други браќа и сестри со кои израснал во париското предградие Фонтен су Буа.[3]

Во детството тој често ги следел натпреварите на Париз Сен Жермен за кои настапувал и неговиот идол Џеј-Џеј Окоча.

Технички одлики[уреди | уреди извор]

Комплетен играч од средниот ред, добар организатор на играта и одличен во запирање на противничките играчи и освојување на топката, со одлични тркачки вештини.[4]

Клупска кариера[уреди | уреди извор]

Почетоци[уреди | уреди извор]

Матуиди ја започнал својата фудбалска кариера на шестгодишна возраст, играјќи за клубот од местото во кое што растел, УС Фонтен су Буа.[5] По пет години во клубот, тој се приклучил на КО Венсеноа во близина на Венсен, каде што една година биле соиграчи со Јасин Брахими. Во 1999 година, Матуиди бил оценет како еден од најдобрите играчи во регионот Ил де Франс и подоцна бил избран да присуствува на престижната академија Клерфонтејн. Тој тренирал на академијата три сезони, играјќи таму во работните денови, а истовремено играјќи за Венсеноа за време на викендите. Во 2001 година, Матуиди го напушти Венсеноа и потпишал "младински" договор со полупрофесионалниот клуб Кретеј. Тој поминал четири години во младинската академија на клубот и брзо станал еден од најбараните таленти во светот. И покрај интригантната понуда од двократниот и тогаш актуелен шампион Лион, Матуди сепак се одлучил да потпише со Троа, повикувајќи се на центарот за обука на клубот како негова примарна причина за донесување на таквата одлука.[5]

Троа[уреди | уреди извор]

Матуиди ја започнал својата кариера со Троа играјќи за резервниот тим на клубот во Аматерското првенство на Франција 2, петтото ниво на францускиот фудбал. Во ноември 2004 година, тој бил повикан во сениорскиот тим од тренерот Жан-Марк Фурлан и го направил своето професионално деби на 23 ноември во натпреварот против Гењон во Лига 2. Матуиди го започнал натпреварот и одиграл нешто повеќе од 60 минути во победата со 2-1.[6] Неговото второ и последно појавување за сениорскиот тим во сезоната 2004-2005 дошло на 4 февруари 2005 година во лигашки натпревар против Генгамп.[7] Матуиди потоа бил префрлен назад во резервниот тим на клубот за остатокот од сезоната, каде што му помогнал на тимот да заврши на респектабилното шесто место.[8]

Во следната сезона, Матуиди бил промовиран на трајна основа во сениорскиот тим, кој за таа сезона се натпреварувал во Лига 1. Тој бил користен главно како стартер од страна на тренерот Фурлан и се појави во 31 првенствен натпревар. Матуиди исто така бил еден од водечките играчи во лигата по бројот на заработени картони, со вкупно 11. Тој го постигнал својот прв професионален гол на 11 јануари 2006 година во победата со 1-0 против Лил, зафаќајќи еден волеј кој од страна на медиумите бил опишан како "прекрасен".[5][9] И покрај импресивната сезона на поединечно ниво за Матуиди, Троа заврши само едно место над зоната за испаѓање.

На почетокот на следната сезона, на 16 јуни 2006 година, Матуиди го потпишал својот прв професионален договор, согласувајќи се на четиригодишна верност кон Троа и покрај силниот интересот за него од страна на англискиот клуб Чарлтон Атлетик.[10] И покрај отпуштањето на Фурлан, Матуиди останал прв избор на својата позиција и под водството на новиот тренер Денис Трох. Тој се појавил во игра во 35 натпревари и постигнал три гола, а исто така и го намалил бројот на добиени картони на само 6. Вероватно најдобриот натпревар на Матуиди во дресот на Троа бил оној на 28 април 2007 година против Седан, со кого неговиот тим водел Битката за испаѓање; Троа заостанувала на домашен терен со 1-2 на 15 минути до крајот, кога Матуиди го постигнал изедначувачкиот погодок во 75-тата минута, а осум минути подоцна повторно тој го постигнал победничкиот гол со кој и донел победа на Троа со 3-2.[11] Матуиди повторно постигнал гол во финалниот натпревар од сезоната против Ленс во победата со 3-0, меѓутоа, Троа испадна во Лига 2 завршувајќи ја сезоната на 18-тата позиција на табелата.[12] Со испаѓањето на клубот во Лига 2 се појавиле и шпекулации во врска со иднината на Матуиди во клубот.

Сент Етјен[уреди | уреди извор]

И покрај тоа бил поврзуван со поквалитетни клубови од Лига 1 како Бордо, Лил и Монако, Матуиди одлучил да му се приклучи на Сент Етјен согласувајќи се да потпише четиригодишен договор со клубот.[13] По неговото пристигнување, Матуиди го добил дресот со број 12 и бил вклучен во почетниот состав, каде што основал партнерство во средниот ред со Лоик Перин и Кристоф Ландрин. Тој, исто така, имал добро разбирање со поранешниот соиграч од "Троа" Бафетимби Гоми, кој ја имал својата пробивна сезона. Матуиди го имал своето деби за клубот на 11 август 2007 година во натпреварот против Валенсиен.[14] Тој остана прв избор за целата сезона на Сен Етјен под водство на тренерот Лоран Руси. Претставата на клубот во сезоната кулминирала во самиот финиш со освојувањето на респектабилното петто место и квалификација во Купот на УЕФА за следната сезона.

За време на сезоната 2008-2009, настапите на Матуиди го привлекле вниманието на англискиот клуб Арсенал, кој го испратиле својот скаут Жил Гриманди да го следи. Гриманди подоцна го препорачал играчот на неговиот сонародник менаџерот на Арсенал Арсен Венгер.[15] Матуиди исто така бил следен од италијанскиот клуб Милан во текот на сезоната. На 16 август 2008 година го постигнал својот прв гол во кариерата за Сент Етјен во победата од 2-1 над Сошо.[16] На 18 септември 2008, Матуиди го направил своето деби во европските натпреварувања, играјќи во првиот натпревар од првото коло на Купот на УЕФА против израелскиот клуб Хапоел Тел Авив.[17] Тој направил осум настапи во ова натпреварување, пред Сент Етјен да биде елиминиран во осминафиналето од германскиот Вердер Бремен. Паралелно, Матуиди играл редовно во лигата, сè до поразот од Лил со 3-0 во кој го добил првиот црвен картон во кариерата.[18] Во втората половина на сезоната, како Матуиди така и клубот воопшто се бореле со повреди. Разбиениот тимски колектив поради повреди резултирал со едвај избегнато испаѓање на Сент Етјен, спасувајќи се дури во последниот ден од сезоната. По завршувањето на сезоната, Матуиди ја објавил својата намера да го напушти клубот, кажувајќи го тоа во францускиот весник "Л'Екип": "Мојата желба е да заминам, бидејќи мислам дека е време". Матуиди, исто така, изјавил дека ќе биде среќен и ако остане во Сент Етјен.[19] По неуспехот да добие значителни понуди од поголемите клубови во летото 2009 година, спортскиот директор Дамјан Комоли објавил дека Матуиди ќе остане во клубот и за сезоната 2009-2010.

Во првиот натпревар од сезоната 2009-2010 Матуиди бил назначен за капитен на Сент Етјен од страна на новиот тренер Ален Перин, поради повредата на актуелниот капитен Лоик Перин. И покрај тоа што Лоик Перин се вратил во тимот во септември 2009 година, Матуиди сè уште останал сопственик на капитенската лентата. Под негово водство, Сент Етјен го победил тогашниот бранител на титулата Бордо со 3-1 на 3 октомври 2009 година.[20] По отпуштањето на Ален Перин во средината на сезоната, новиот тренер Кристоф Галтје му ја вратил капитенската лента назад на Лоик Перин. На 18 мај 2010 година, Матуиди бил вмешан во физичка пресметка со тимскиот колега Димитри Паје за време на поразот од Тулуза со 1-0.[21] Во средината на првото полувреме, Паје добил критики од соиграчот Јоан Беналуан за прикажување на недостаток на агресија. Тој тогаш се соочил и со Матуиди, кој ги повторил чувствата на Беналуан. Матуиди и Паје се за туркале лице в лице по што вториот играч му нанесол удар во главата на Матуди пред двајцата да бидат разделени од судијата Бруно Куе и соиграчите.[22] Како резултат на инцидентот, Паје бил заменет по 31-вата минута и санкциониран од претседателот на клубот Роланд Ројмеје.[23] На 6 октомври 2010 година, двајцата Матуиди и Паје биле повикаи во француската репрезентација, а Матуиди го опишал прекршокот како "недостаток на зрелост" на двајцата играчи, додека Паје го опишал инцидентот како "аргумент што нема место" и дека "инцидентот меѓу нив бил решен и двајцата сега се на нов терен".[24]

Париз Сен Жермен[уреди | уреди извор]

Матуиди во дресот на ПСЖ.

На 25 јули 2011 година, Париз Сен Жермен потврдиле дека клубот потпишал тригодишен договор со Матуиди како замена за заминатиот Клод Макелеле, кој се пензионирал од фудбалот.[25] Надоместокот за трансферот не бил објавен, но се смета дека е во зона околу 7.5 милиони евра плус идните стимулации.[26] Матуиди бил претставен на медиумите истиот ден , заедно со другото ново засилување за клубот и неговиот репрезентативен соиграч Жереми Менез, и му бил доделен дресот со број 14.[27] Своето деби за ПСЖ го направил на 6 август 2011 година во натпреварот против Лорјан на отворањето на сезоната во Лига 1, во кој неговиот клуб загубил со 1-0.[28] Својот прв гол за парижаните Матуиди го постигнал на 6 мај 2012 во 36-тото коло од првенството, во кое Париз Сен Жермен како гостин го победил Валенсиен со 4-3.[29] Својата прва сезона во Париз Сен Жермен ја завршил со 35 настапи во сите натпреварувања и еден постигнат гол, а Париз Сен Жермен завршил на второто место во Лига 1 со три бода помалку од Монпелје.

За време на сезоната 2012-2013, Матуиди постигнал пет гола во 37 првенствени натпревари стрелајќи во победите против Бастија (0-4), Троа (4-0, 0-1), Лион (1-0) и Брест, помагајќи му на ПСЖ да ја освои титулата во Лига 1, за првпат по 19 години. Во текот на истата сезона тој го направил своето деби во Лигата на шампионите, и постигнал два гола. Својот прв гол во Лигата на шампионите го постигнал во победата со 4-0 над Динамо Загреб на 6 ноември 2012 година на Паркот на Принцовите. Тој повторно постигнал гол во првиот четвртфинален натпревар против Барселона, израмнувајќи го резултатот на 2-2 во судиското продолжение.[30] По завршувањето на сезоната Матуиди бил еден од петте играчи на Париз Сен Жермен кој се нашле во Тимот на годината на Лига 1.[31]

На 24 февруари 2014 го продолжил договорот со Париз Сен Жермен за уште четири години до летото 2018.[32] На 10 мај 2014 година, тој постигна еден од головите со кој ПСЖ со 3-1 го победил Лил, со што парижаните поставиле нов рекорд во Лига 1.[33]

До летото 2017, Матуиди поминал шест сезони во дресот на Париз Сен Жермен во кој одиграл речиси 300 натпревари во сите натпреварувања освојувајќи 4 Првенства на Франција (2012–2013, 2013–2014, 2014–2015, 2015–2016), 3 Купа на Франција (2014–2015, 2015–2016, 2016–2017), 4 Лига купа на Франција (2013–2014, 2014–2015, 2015–2016, 2016–2017) и 5 Суперкупа на Франција (2013, 2014, 2015, 2016, 2017).

Јувентус[уреди | уреди извор]

На 18 август 2017, потпишал тригодишен договор со Јувентус во трансфер вреден 20 милиони евра плус 10 милиони евра евентуални бонуси во зависност од бројот на натпревари кој ќе ги одигра за Јувентус.[34] Своето деби за Јувентус го направил во Серија А на 19 август 2017, во победата на домашен терен со 3–0 над Каљари влегувајќи како замена во второто полувреме на местото на Гонсало Игуаин.[35] Својот прв гол во дресот на Јувентус го забележал на 17 декември, во победата со 3-0 на гости над Болоња.[36] На 11 април, Матуиди го постигнал третиот гол за Јувентус во победата со 3-1 на гостувањето на Бернабеу против Реал Мадрид во Лигата на шампионите, по големата грешка на голманот на кралевите Кејлор Навас кој ја испуштил топката буквално пред нозете на Матуиди.[37] Првата своја сезона во Торино ја завршил со 46 настапи и 4 гола, давајќи голем придонес за успешната сезона на Јувентус во која била освоена домашната двојна круна: скудетото и Купот на Италија, први за Матуиди во неговата кариера.

Сезоната 2018-2019 ја отворил со гол во победата со 1-2 на гостувањето кај Парма. Тој повторно бил стандарден првотимец во формацијата на тренерот Масимилијано Алегри, играјќи 42 натпревари на кои постигнал 3 гола, помагајќи за освојувањето на новата титула во италијанското првенство и Суперкупот на Италија. Во неговата последна сезона во Јувентус, под водство на новиот тренер Маурицио Сари, тој го освоил своето трето скудето со бјанконерите започнувајќи ја како стартер и оваа сезона, но во текот на истата имал пад во перформансите[38] што довело до тоа да остане на клупата и неговото место во тимот да го заземе неговиот сонародник Адријан Рабио.[39] Во март 2020 година, за време на пандемијата на COVID-19, тој бил еден од спортистите кои биле тестирани позитивно на SARS-CoV-2.[40]

На 12 август 2020 година, неколку недели по освојувањето на третото последователно скудето, тој консензуално го раскинал договорот со клубот од Торино, завршувајќи го своето искуство во Јувентус по три сезони и пет освоени трофеи.[41]

Интер Мајами[уреди | уреди извор]

Еден ден по раскинувањето на договорот со Јувентус, тој потпишал договор со американската екипа Интер Мајами, која се натпреварува во МЛС.[42][43]

Репрезентативна кариера[уреди | уреди извор]

Матуиди играјќи за Франција против Грузија во 2013

Матуиди е поранешен француски младински репрезентативец, кој ја претставувал својата нација во селекциите под 19 години и под 21 година. Тој останал незабележен додека се развивал во Кретеј и Троа; Откако се утврдил во Троа во сезоната 2006-2007, тој сепак, бил повикан во францускиот тим под 19 години од селекторот Жи Фериер. Матуиди го направил своето деби за репрезентацијата под 19 години на 5 октомври 2005 година во победата со 4-0 во пријателскиот натпревар против Норвешка.[44] Подоцна тој се појавил за репрезентацијата во неколку квалификациски натпревари за Европското првенство под 19 години 2006. Франција на крајот не успеала да се квалификува за турнирот и Матуди ја заврши својата епизода во репрезентацијата под 19 години со девет настапи и без постигнат гол.

Подоцна Матуиди играл за репрезентацијата под 21 година, за која својот прв повик го добил од тренерот Рене Жирар за натпреварот против Белгија, влегувајќи како замена на полувремето на местото на Џими Бриан.[45] Тој играл во квалификациите за Европското првенство 2007 и се појави како замена во двата натпревари од плејофот во кој Франција изненадувачки била поразена од Израел.[46][47] Матуиди бил меѓу неколкуте помлади играчи кои останале да играат за тимот под 21 година и во следниот квалификациски циклус. Неговата кариера во селекцијата под 21 година завршила по поразот на тимот од Германија во двомеч плејофот за пласман на Европското првенство 2009.

Откако не одиграл ниту еден натптревар на репрезентативно ниво речиси цели две години, на 5 август 2010 година, Матуиди бил повикан во сениорската репрезентација за првпат од страна на новиот селектор Лоран Блан за пријателскиот натпревар против Норвешка на 11 август 2010 година.[48] Тој не добил шанса да се појави на натпреварот, но бил повикан во тимот повторно следниот месец како замена за повредениот Јоан Кабај за квалификациските натпревари против Белорусија и Босна и Херцеговина.[49] Матуиди го направи своето сениорско деби во победата со 2-0 над Босна и Херцеговина, појавувајќи се во игра како замена. На 29 март 2011 година, тој го забележал својот прв старт во ремито 0-0 против Хрватска.

Матуиди и неговите деца позираат со трофејот од Светското првенство.

Матуиди бил избран во францускиот состав за Европското пренство 2012, но не настапил на турнирот поради повреда.[50]

Тој настапил на девет натпревари во текот на квалификациите за Светското првенство 2014 и посебно импресионирал со својот перформанс во плејоф натпреварот против Украина на Стад де Франс, во кој триколорите победиле со 3-0 за да ја обезбедат својата квалификација на завршниот турнир. Својот прв репрезентативен гол Матуиди го постигнал со ножички во победата со 2-0 против Холандија во пријателски натпревар одигран на 5 март 2014 година.[51] На 13 мај 2014 година, Матуиди бил избран од Дидје Дешан во составот на француската репрезентација за Светското првенство 2014 во Бразил.[52] На 8 јуни, тој постигнал два гола за Франција во победата со 8-0 над Јамајка во подготвителен пријателски натпревар во склоп на Светското првенство.[53] Матуиди го започнал првиот натпревар на Франција на турнирот играјќи заедно со Пол Погба и Јоан Кабај во средниот ред во победата со 3-0 над Хондурас.[54] Во вториот натпревар, Матуиди го постигнал својот прв гол во официјален репрезентативен натпревар кога Франција ја победила Швајцарија со 5-2 и се квалификувала за нокаут фазата.[55] Својот пат на Мундијалот триколорите го завршиле во четвртфиналето во кое биле елиминирани од подоцнежниот шампион Германија со 1-0.

Во мај 2016, Матуиди бил повикан од Дешан за Европското првенство 2016 на кое Франција била домаќин и го освоила второто место.[56] На 3 јули, Матуиди му асистирал на Оливје Жиру за првиот гол на Франција во четвртфиналето од турнирот на Стад де Франс, во кое организаторите биле подобри од Исланд со 5–2.[57]

На 17 мај 2018, Матуиди бил повикан меѓу 23-цата играчи за Светското првенство 2018 во Русија.[58] Своето деби на турнирот го направил на 16 јуни 2018, во првиот натпревар на Франција во групата против Австралија кој триколорите го добиле со 2-1, влегувајќи во игра од клупата за резерви на местото на Корентан Толисо во 78-мата минута. На 15 јули, Матуиди го започнал финалето за Франција, во кое тие ја победиле Хрватска со 4-2 и по вторпат во историјата станале светски шампиони..[59]

Хронологија на репрезентативните настапи[уреди | уреди извор]

Хронологија на настапи и постигнати голови за националната селекција ― Франција
Дата Град Домашни Резултат Гости Натпреварување Голови Инфо Детали
7-9-2010 Зеница Босна и Херцеговина Босна и Херцеговина 0 – 2 Франција Франција Квал. за Евро 2012 - влегол во игра 81'
29-3-2011 Сен Дени Франција Франција 0 – 0 Хрватска Хрватска Пријателска - заменет 87'
6-6-2011 Донецк Украина Украина 1 – 4 Франција Франција Пријателска - заменет 77'
10-8-2011 Монпелје Франција Франција 1 – 1 Чиле Чиле Пријателска - влегол во игра 77'
7-9-2012 Хелсинки Финска Финска 0 – 1 Франција Франција Квал. за СП 2014 - влегол во игра 73' добил жолт картон во 75-тата минута 75'
11-9-2012 Сен Дени Франција Франција 3 – 1 Белорусија Белорусија Квал. за СП 2014 - влегол во игра 75'
12-10-2012 Сен Дени Франција Франција 0 – 1 Јапонија Јапонија Пријателска - заменет 46'
16-10-2012 Мадрид Шпанија Шпанија 1 – 1 Франција Франција Квал. за СП 2014 -
14-11-2012 Парма Италија Италија 1 – 2 Франција Франција Пријателска -
6-2-2013 Сен Дени Франција Франција 1 – 2 Германија Германија Пријателска - заменет 46'
22-3-2013 Сен Дени Франција Франција 3 – 1 Грузија Грузија Квал. за СП 2014 - заменет 67'
26-3-2013 Сен Дени Франција Франција 0 – 1 Шпанија Шпанија Квал. за СП 2014 - добил жолт картон во 67-мата минута 67'
5-6-2013 Монтевидео Уругвај Уругвај 1 – 0 Франција Франција Пријателска - заменет 76'
9-6-2013 Порто Алегре Бразил Бразил 3 – 0 Франција Франција Пријателска - заменет 70'
10-9-2013 Гомељ Белорусија Белорусија 2 – 4 Франција Франција Квал. за СП 2014 -
11-10-2013 Париз Франција Франција 6 – 0 Австралија Австралија Пријателска - влегол во игра 63'
15-10-2013 Сен Дени Франција Франција 3 – 0 Финска Финска Квал. за СП 2014 - заменет 70'
15-11-2013 Киев Украина Украина 2 – 0 Франција Франција Квал. за СП 2014 -
19-11-2013 Сен Дени Франција Франција 3 – 0 Украина Украина Квал. за СП 2014 -
5-3-2014 Сен Дени Франција Франција 2 – 0 Холандија Холандија Пријателска 1
27-5-2014 Сен Дени Франција Франција 4 – 0 Норвешка Норвешка Пријателска - заменет 74'
1-6-2014 Ница Франција Франција 1 – 1 Парагвај Парагвај Пријателска - заменет 64'
8-6-2014 Лил Франција Франција 8 – 0 Јамајка Јамајка Пријателска 2
15-6-2014 Порто Алегре Франција Франција 3 – 0 Хондурас Хондурас СП 2014 - Прва фаза -
20-6-2014 Салвадор Швајцарија Швајцарија 2 – 5 Франција Франција СП 2014 - Прва фаза 1
25-6-2014 Рио де Жанеиро Еквадор Еквадор 0 – 0 Франција Франција СП 2014 - Прва фаза -
30-6-2014 Бразил Франција Франција 2 – 0 Нигерија Нигерија СП 2014 - Осминафинале - добил жолт картон во 56-тата минута 56'
4-7-2014 Рио де Жанеиро Франција Франција 0 – 1 Германија Германија СП 2014 - Четвртфинале -
4-9-2014 Сен Дени Франција Франција 1 – 0 Шпанија Шпанија Пријателска - заменет 68'
7-9-2014 Белград Србија Србија 1 – 1 Франција Франција Пријателска - влегол во игра 74'
11-10-2014 Париз Франција Франција 2 – 1 Португалија Португалија Пријателска -
14-10-2014 Ереван Ерменија Ерменија 0 – 3 Франција Франција Пријателска - заменет 46'
26-3-2015 Сен Дени Франција Франција 1 – 3 Бразил Бразил Пријателска - заменет 84'
29-3-2015 Сент Етјен Франција Франција 2 – 0 Данска Данска Пријателска - влегол во игра 71'
7-6-2015 Сент Етјен Франција Франција 3 – 4 Белгија Белгија Пријателска -
4-9-2015 Лисабон Португалија Португалија 0 – 1 Франција Франција Пријателска -
7-9-2015 Бордо Франција Франција 2 – 1 Србија Србија Пријателска 2 заменет 46'
8-10-2015 Ница Франција Франција 4 – 0 Ерменија Ерменија Пријателска - заменет 63'
11-10-2015 Копенхаген Данска Данска 1 – 2 Франција Франција Пријателска -
13-11-2015 Сен Дени Франција Франција 2 – 0 Германија Германија Пријателска - заменет 87'
17-11-2015 Лондон Англија Англија 2 – 0 Франција Франција Пријателска - заменет 46'
25-3-2016 Амстердам Холандија Холандија 2 – 3 Франција Франција Пријателска 1 добил жолт картон во 70-тата минута 70'
30-5-2016 Нант Франција Франција 3 – 2 Камерун Камерун Пријателска 1
4-6-2016 Лонжевил-ле-Мец Франција Франција 3 – 0 Шкотска Шкотска Пријателска - заменет 69'
10-6-2016 Сен Дени Франција Франција 2 – 1 Романија Романија Евро 2016 - Прва фаза - дет.
15-6-2016 Марсеј Франција Франција 2 – 0 Албанија Албанија Евро 2016 - Прва фаза - дет.
19-6-2016 Лил Швајцарија Швајцарија 0 – 0 Франција Франција Евро 2016 - Прва фаза - влегол во игра 77' дет.
26-6-2016 Лион Франција Франција 2 – 1 Ирска Ирска Евро 2016 - Осминафинале - дет.
3-7-2016 Сен Дени Франција Франција 5 – 2 Исланд Исланд Евро 2016 - Четвртфинале - дет.
7-7-2016 Марсеј Германија Германија 0 – 2 Франција Франција Евро 2016 - Полуфинале - дет.
10-7-2016 Сен Дени Португалија Португалија 1 – 0 прод. Франција Франција Евро 2016 - Финале - добил жолт картон во 97-мата минута 97' дет.
1-9-2016 Бари Италија Италија 1 – 3 Франција Франција Пријателска - заменет 63'
7-10-2016 Сен Дени Франција Франција 4 – 1 Бугарија Бугарија Квал. за СП 2018 -
10-10-2016 Амстердам Холандија Холандија 0 – 1 Франција Франција Квал. за СП 2018 -
11-11-2016 Сен Дени Франција Франција 2 – 1 Швајцарија Швајцарија Квал. за СП 2018 -
25-3-2017 Луксембург Луксембург Луксембург 1 – 3 Франција Франција Квал. за СП 2018 - добил жолт картон во 32-рата минута 32' заменет 83'
2-6-2017 Рен Франција Франција 5 – 0 Парагвај Парагвај Пријателска -
9-6-2017 Стокхолм Шведска Шведска 2 – 1 Франција Франција Квал. за СП 2018 -
7-10-2017 Софија Бугарија Бугарија 0 – 1 Франција Франција Квал. за СП 2018 1
10-10-2017 Сен Дени Франција Франција 2 – 1 Белорусија Белорусија Квал. за СП 2018 -
10-11-2017 Сен Дени Франција Франција 2 – 0 Велс Велс Пријателска -
14-11-2017 Келн Германија Германија 2 – 2 Франција Франција Пријателска - заменет 64'
23-3-2018 Сен Дени Франција Франција 2 – 3 Колумбија Колумбија Пријателска - заменет 65'
27-3-2018 Санкт Петербург Русија Русија 1 – 3 Франција Франција Пријателска - влегол во игра 81'
28-5-2018 Сен Дени Франција Франција 2 – 0 Ирска Ирска Пријателска -
1-6-2018 Ница Франција Франција 3 – 1 Италија Италија Пријателска - влегол во игра 77'
9-6-2018 Десен Шарпје Франција Франција 1 – 1 САД САД Пријателска - заменет 58'
16-6-2018 Казањ Франција Франција 2 – 1 Австралија Австралија СП 2018 - Прва фаза - влегол во игра 78' дет.
21-6-2018 Екатеринбург Франција Франција 1 – 0 Перу Перу СП 2018 - Прва фаза - добил жолт картон во 16-тата минута 16' дет.
30-6-2018 Казањ Франција Франција 4 – 3 Аргентина Аргентина СП 2018 - Осминафинале - добил жолт картон во 72-рата минута 72' заменет 75' дет.
10-7-2018 Санкт Петербург Франција Франција 1 – 0 Белгија Белгија СП 2018 - Полуфинале - заменет 86' дет.
15-7-2018 Москва Франција Франција 4 – 2 Хрватска Хрватска СП 2018 - Финале - заменет 73' 2. титула дет.
6-9-2018 Минхен Германија Германија 0 – 0 Франција Франција УЕФА Лига на нации 2018-2019 - Прва фаза - заменет 86'
9-9-2018 Париз Франција Франција 2 – 1 Холандија Холандија УЕФА Лига на нации 2018-2019 - Прва фаза -
16-10-2018 Сен Дени Франција Франција 2 – 1 Германија Германија УЕФА Лига на нации 2018-2019 - Прва фаза -
16-11-2018 Ротердам Холандија Холандија 2 – 0 Франција Франција УЕФА Лига на нации 2018-2019 - Прва фаза - заменет 65'
20-11-2018 Сен Дени Франција Франција 1 – 0 Уругвај Уругвај Пријателска - заменет 62'
22-3-2019 Кишињев Молдавија Молдавија 1 – 4 Франција Франција Квал. за Евро 2020 - заменет 73'
25-3-2019 Сен Дени Франција Франција 4 – 0 Исланд Исланд Квал. за Евро 2020 -
4-6-2019 Нант Франција Франција 2 – 0 Боливија Боливија Пријателска - влегол во игра 66'
8-6-2019 Коња Турција Турција 2 – 0 Франција Франција Квал. за Евро 2020 - заменет 46'
7-9-2019 Сен Дени Франција Франција 4 – 1 Албанија Албанија Квал. за Евро 2020 -
11-10-2019 Рејкјавик Исланд Исланд 0 – 1 Франција Франција Квал. за Евро 2020 -
14-10-2019 Сен Дени Франција Франција 1 – 1 Турција Турција Квал. за Евро 2020 - заменет 77'
Вкупно Настапи 84 Голови 9

Клупска статистика[уреди | уреди извор]

Статистиката е ажурирана на 19 август 2017.

Сезона Клуб Првенство Национален куп Континентален куп Останати купови Вкупно
Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Наст Гол
2004-2005 Франција Троа Л2 2 0 ЛКФ 1 0 - - - - 3 0
2005-2006 Л1 31 1 КФ+ЛКФ 0+0 0 - - - - 31 1
2006-2007 Л1 34 3 КФ+ЛКФ 0+1 0 - - - - 35 3
Вкупно Троа 67 4 2 0 - - - - 69 4
2007-2008 Франција Сент Етјен Л1 35 0 КФ+ЛКФ 1+1 0 - - - - 37 0
2008-2009 Л1 27 2 КФ+ЛКФ 2+1 0 КУ 9 0 - - 39 2
2009-2010 Л1 36 1 КФ+ЛКФ 3+2 0 - - - - 41 1
2010-2011 Л1 34 0 КФ+ЛКФ 1+2 0 - - - - 37 0
Вкупно Сент Етјен 132 3 13 0 9 0 - - - 154 3
2011-2012 Франција Париз Сен Жермен Л1 29 1 КФ+ЛКФ 2+0 0 ЛЕ 4[60] 0 - - 35 1
2012-2013 Л1 37 5 КФ+ЛКФ 4+2 1+0 ЛШ 9 2 - - 52 8
2013-2014 Л1 36 5 КФ+ЛКФ 2+4 0+1 ЛШ 9 1 СФ 1 0 61 7
2014-2015 Л1 35 4 КФ+ЛКФ 5+4 0 ЛШ 10 1 СФ 0 0 54 5
2015-2016 Л1 31 4 КФ+ЛКФ 5+2 1+0 ЛШ 9 0 СФ 1 0 48 5
2016-2017 Л1 34 4 Кф+ЛКФ 6+4 1+0 ЛШ 8 2 СФ 0 0 52 7
јул.-авг. 2017 Л1 2 0 КФ+ЛКФ 0+0 0+0 ЛШ 0 0 СФ 1 0 3 0
Вкупно Париз Сен Жермен 204 23 40 4 49 6 3 0 295 33
авг. 2017-2018 Италија Јувентус А 32 3 КИ 5 0 ЛШ 9 1 СИ 0 0 46 4
2018-2019 А 31 3 КИ 1 0 ЛШ 9 0 СИ 1 0 42 3
2019-2020 А 35 0 КИ 3 0 ЛШ 5 1 СИ 1 0 44 1
Вкупно Јувентус 98 6 9 0 23 2 2 0 132 8
2020 САД Интер Мајами МЛС - - УСКуп - - - - - - - - - -
Вкупно во кариерата 500 36 64 4 81 8 5 0 650 48

Титули[уреди | уреди извор]

Матуиди (во средина), за време на прославата по освојувањето на Лига купот на Франција 2014.

Клупски[уреди | уреди извор]

Франција Париз Сен Жермен[61][уреди | уреди извор]

2012–2013, 2013–2014, 2014–2015, 2015–2016
2014–2015, 2015–2016, 2016–2017
2013–2014, 2014–2015, 2015–2016, 2016–2017
2013, 2014, 2015, 2016, 2017

Италија Јувентус[уреди | уреди извор]

2017-2018, 2018-2019, 2019-2020
2017-2018
2018

Репрезентативни[уреди | уреди извор]

Франција

Русија 2018[59]

Поединечни[уреди | уреди извор]

  • Тим на годината на Лига 1: 1
2012–2013,[62] 2015–2016
2015[63]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Matuidi : "Paris, c'est l'avenir" (француски). 16 март 2013. Архивирано од изворникот на 2013-06-18. Посетено на 23 август 2017.
  2. „Matuidi è il dopo Pogba nel motore della Juve. Un colpo da 30 milioni“. 25 август 2016. Посетено на 23 август 2017.
  3. 3,0 3,1 „Matuidi, mediano scudo della difesa“. Corriere dello Sport (италијански). 2 February 2010. Архивирано од изворникот на 2011-07-22. Посетено на 19 February 2011.
  4. „Matuidi è bianconero!“. 18 август 2017.
  5. 5,0 5,1 5,2 „Matuidi a tout d'un grand“. Le Parisien (француски). France. 15 January 2006. Посетено на 19 February 2011.
  6. „Gueugnon v. Troyes Match Report“. Ligue de Football Professionnel (француски). 23 ноември 2004. Архивирано од изворникот на 7 мај 2012. Посетено на 19 февруари 2011.
  7. „Guingamp v. Troyes Match Report“. Ligue de Football Professionnel (француски). 4 февруари 2005. Архивирано од изворникот на 7 мај 2012. Посетено на 19 февруари 2011.
  8. „Les resultats des clubs de CFA2 Groupe B“. Stat2Foot (француски). Архивирано од изворникот на 16 јули 2011. Посетено на 19 февруари 2011.
  9. „Troyes v. Lille Match Report“. Ligue de Football Professionnel (француски). 11 јануари 2006. Архивирано од изворникот на 7 мај 2012. Посетено на 19 февруари 2011.
  10. „Matuidi signe son premier contrat pro“. FootMercato (француски). 16 June 2006. Посетено на 19 February 2011.
  11. „Troyes v. Sedan Match Report“. Ligue de Football Professionnel (француски). 28 април 2007. Архивирано од изворникот на 13 мај 2012. Посетено на 19 февруари 2011.
  12. „Troyes v. Lens Match Report“. Ligue de Football Professionnel (француски). 26 мај 2007. Архивирано од изворникот на 13 мај 2012. Посетено на 19 февруари 2011.
  13. „Matuidi seals St Etienne move“. Sky Sports. 12 July 2007. Посетено на 19 February 2011.
  14. „Saint-Étienne v. Valenciennes Match Report“. Ligue de Football Professionnel (француски). 11 август 2007. Архивирано од изворникот на 13 мај 2012. Посетено на 19 февруари 2011.
  15. „Wenger planning £8m raid for France Under-21 midfielder Matuidi“. Daily Mail. UK. 8 October 2008. Посетено на 19 February 2011.
  16. „Saint-Étienne v. Sochaux Match Report“. Ligue de Football Professionnel (француски). 16 август 2008. Архивирано од изворникот на 13 мај 2012. Посетено на 19 февруари 2011.
  17. „H. Tel-Aviv v. Saint-Étienne Match Report“. Union of European Football Associations. 18 септември 2008. Архивирано од изворникот на 20 јануари 2016. Посетено на 19 февруари 2011.
  18. „Lille v. Saint-Étienne Match Report“. Ligue de Football Professionnel (француски). 15 ноември 2008. Архивирано од изворникот на 18 March 2012. Посетено на 19 February 2011.
  19. „Matuidi seeks summer exit“. Sky Sports. 4 July 2009. Посетено на 19 February 2011.
  20. „Saint-Étienne v. Bordeaux Match Report“. Ligue de Football Professionnel (француски). 3 октомври 2009. Архивирано од изворникот на 13 мај 2012. Посетено на 19 февруари 2011.
  21. „Saint-Étienne v. Toulouse Match Report“. Ligue de Football Professionnel (француски). 8 мај 2010. Архивирано од изворникот на 30 April 2012. Посетено на 4 February 2011.
  22. „ASSE: "Il ne manquait plus que ça". Le Progrès (француски). 10 May 2010. Посетено на 4 February 2011.
  23. „Payet va être sanctionné“. Football365 (француски). 12 May 2010. Архивирано од изворникот на 2011-07-20. Посетено на 4 February 2011.
  24. „Payet et Matuidi ont fait la paix“. RMC Sport (француски). 6 октомври 2010. Архивирано од изворникот на 10 септември 2012. Посетено на 4 февруари 2011.
  25. „Matuidi et Menez au PSG (off.)“. L'Equipe (француски). 25 јули 2011. Архивирано од изворникот на 4 август 2011. Посетено на 25 јули 2011.
  26. „PSG signs Menez, Matuidi to spur title ambitions“. Sports Illustrated. 25 July 2011. Архивирано од изворникот на 2012-11-04. Посетено на 25 July 2011.
  27. „Matuidi et Ménez s'engagent avec le PSG“. Paris Saint-Germain F.C. (француски). 25 July 2011. Архивирано од изворникот на 2015-01-11. Посетено на 25 July 2011.
  28. „Paris Saint-Germain v. Lorient Match Report“. Ligue de Football Professionnel (француски). 6 August 2011. Посетено на 18 August 2011.
  29. Valenciennes – PSG 3-4, 06/05/12, Ligue 1 11-12 Archives Paris Football
  30. „Paris St G 2-2 Barcelona“. BBC. 2 April 2013.
  31. „Ligue1.com unveils its Team of the Year for the 2012-13 season“. Ligue 1. 24 May 2013.
  32. „BLAISE MATUIDI PROLONGE JUSQU'EN 2018“. Paris Saint-Germain FC (француски). 26 February 2014. Архивирано од изворникот на 2014-02-26. Посетено на 2017-08-23.
  33. „Lille 1-3 Paris St G“. BBC. 10 May 2014.
  34. „Agreement with Paris Saint-Germain for the definitive acquisition of the player Blaise Matuidi“ (PDF). Juventus F.C. 18 August 2017. Архивирано од изворникот (PDF) на 2017-08-28. Посетено на 2017-08-23.
  35. „History made in Juventus-Cagliari“. Football Italia. 19 August 2017. Архивирано од изворникот на 2017-08-22. Посетено на 19 August 2017.
  36. „Juve thump Bologna to go second“. Football Italia. 17 December 2017. Архивирано од изворникот на 2018-11-27. Посетено на 2018-06-30.
  37. „Real Madrid goalkeeper Keylor Navas makes huge blunder against Juventus in Champions League“. USA Today. 11 април 2018. Посетено на 1 јули 2018. Text "author-Мартин Роџерс" ignored (help)
  38. Antonino Milone (25 февруари 2020). „Matuidi juventino dentro: apprezzato prima da Allegri e ora da Sarri“ (италијански).
  39. Luca Bianchin (7 август 2020). „Juventus-Lione: Sarri e i tre alleati: Higuain, Rabiot e Ronaldo“.
  40. „COVID-19, secondo giocatore positivo“. 17 март 2020.
  41. „Grazie di tutto, Blaise!“ (италијански). 12 август 2020.
  42. „Inter Miami CF Signs French National Team Midfielder Blaise Matuidi“ (англиски). 13 август 2020.
  43. „Бекам го донесе Матуиди во Интер Мајами“. ekipa.mk. 10 август 2020. Посетено на 19 август 2020.
  44. „Payet et Matuidi ont fait la paix“. French Football Federation (француски). 5 October 2006. Посетено на 20 February 2011.
  45. „La Belgique s'impose 1–0“. French Football Federation (француски). 15 August 2006. Архивирано од изворникот на 2011-07-20. Посетено на 20 February 2011.
  46. „France et Israël dos à dos (1–1)“. French Football Federation (француски). 7 October 2006. Посетено на 20 February 2011.
  47. „La France éliminée“. French Football Federation (француски). 11 October 2006. Посетено на 20 February 2011.
  48. „Karim Benzema and Hatem Ben Arfa in Laurent Blanc's first France squad“. Guardian Media Group. 5 August 2010. Посетено на 20 February 2011.
  49. „Cabaye forfait, Matuidi en renfort“. French Football Federation (француски). 1 September 2010. Архивирано од изворникот на 2012-10-09. Посетено на 20 February 2011.
  50. „Blaise MATUIDI“. FIFA. Архивирано од изворникот на 2014-06-25. Посетено на 20 June 2014.
  51. „France 2 Holland 0“. Daily Telegraph. 5 March 2014. Посетено на 6 March 2014.
  52. „World Cup 2014: Samir Nasri and Gael Clichy not in France squad“. BBC Sport. 13 May 2014. Посетено на 21 May 2014.
  53. „France 8-0 Jamaica“. BBC. 8 June 2014. Посетено на 21 June 2014.
  54. „France 3-0 Honduras“. BBC. 15 June 2014. Посетено на 21 June 2014.
  55. „Switzerland 2-5 France“. BBC. 20 June 2014. Посетено на 21 June 2014.
  56. „Pogba leads France squad for Euro 2016 as Schneiderlin and Ben Arfa miss out“. FourFourTwo. 12 May 2016. Посетено на 16 May 2016.
  57. Fletcher, Paul (3 July 2016). „France 5–2 Iceland“. BBC Sport. Посетено на 3 July 2016.
  58. Andy Charles (18 May 2018). „Alexandre Lacazette and Anthony Martial on standby for France World Cup squad and Dimitri Payet out“. Sky Sports. Посетено на 18 May 2018.
  59. 59,0 59,1 McNulty, Phil (15 July 2018). „France 4–2 Croatia“. BBC. Посетено на 15 July 2018.
  60. 1 настап во плејофот.
  61. „B. Matuidi“. Soccerway. Посетено на 26 May 2016.
  62. „2012/13 UNFP Awards“. French Football Weekly. Архивирано од изворникот на 2013-06-21. Посетено на 12 July 2012.
  63. Garin, Erik; Pierrend, José Luis (8 јануари 2015). „France – Footballer of the Year“. Rec.Sport.Soccer Statistics Foundation. Архивирано од изворникот на 5 September 2015. Посетено на 13 January 2016.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]