Бисерна Река

Од Википедија — слободната енциклопедија
Бисерна Река
珠江
Џуџанг
Бисерната Река во Гуангџоу
Земји Кина, Виетнам
Подрачје Јинан, Гуејџоу, Гуангси, Гуангдунг, Хонгконг, Макао, Као Банг, Ланг Сон
Извор разни извори на притоките
Утока Јужнокинеско Море
Должина 2.400 км [1]
Слив 453.700 км2 [2]
Истек
 - просечен 9.500 м3 [3]
Течението на Бисерната Река низ Кина и Виетнам
Течението на Бисерната Река низ Кина и Виетнам
Течението на Бисерната Река низ Кина и Виетнам
Поглед на реката Си од Џаоќинг кон Гаојао

Бисерна Река или Џуџанг (кинески: 珠江, пинјин: Zhū Jiāng) — голем речен систем во јужна Кина. Називот се користи во поширока смисла, опфаќајќи ги притоките Си („Западна“), Беј („Северна“) и Дунг („Источна“) поради тоа што имаат иста делтаДелтата на Бисерната Река. Системот на Бисерната Река е трета река во Кина по должина (2.400 км, по Јангцекјанг и Хоангхо) и втора по полноводност (по Јангцекјанг). Сливот зафаќа површина од 409.480 км2 и опфаќа голем дел од средиштето на јужна Кина (покраините Гуангдунг и Гуангси), како и делови од југозападна Кина (покраините Јинан, Гуејџоу, Хунан и Ѓангси) и североисточен Виетнам (покраините Као Банг и Ланг Сон).

Името „Бисерна Река“ се однесува и конкретно на поединечна растока во делтата, која е најширока, но мошне кратка. Ракавот го добива тоа име со слевање на помали рекави северно од Гуангџоу. Коритото во естуарот редовно се прокопува за да биде пловно за големи морски бродови. Устието образува голем залив во југоисточниот дел од делтата. Овој залив ги дели Макао и Џухај од Хонгконг и Шенџен.

Реката е наречена по школките со бисерна боја што се распослани во коритото во делот што минува низ градот Гуангџоу.

Близу устието преку реката поминува 500-киловолтен далновод, чии кули се највисоки далноводни кули во светот.

Градови[уреди | уреди извор]

По течението на реката се расположени следниве градови (по азбучен ред):

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. ЈангцекјангЕнциклопедија „Британика“ (англиски)
  2. „珠江概况“. 珠江水利网. Архивирано од изворникот на 2013-01-22. Посетено на 2013-10-27.
  3. „Chapter 5: Plate D-6 — GES DISC: Goddard Earth Sciences, Data & Information Services Center“. Disc.sci.gsfc.nasa.gov. Архивирано од изворникот на 2013-03-17. Посетено на 2012-11-08.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Координати: 22°46′N 113°38′E / 22.767° СГШ; 113.633° ИГД / 22.767; 113.633