Бертран Деланое

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Бертранд Делано)
Бертран Делано
Bertrand Delanoë
Градоначалник на Париз
На должноста
Стапил
25 март 2001
Претходник Жан Тибери
Сенатор на Париз
На должноста
24 септември 1995 – 27 март 2001
Пратеник во собранието на French National
за {{{constituency_пратеник}}}
На должноста
21 јуни 1981 – 1 април 1986
Претходник Жоел ле Тац
Наследник Ален Жипе
Лични податоци
Роден(а) 30 мај 1950(1950-05-30)(73 г.)
Тунис (град), француски Тунис
Националност Французин
Партија Социјалистичка партија
Портал bertranddelanoe.net
Деланое во 2013

Бертран Деланое (француски: Bertrand Delanoë) (роден 30 мај 1950 Тунис (град), француски Тунис) е француски политичар и градоначалник на Париз од 2001 година (реизбран до 2014). Истакнат член е на Социјалистичката партија на Франција. Тој е потенцијален кандидат за претседател на Франција во 2012 година.

Детство и образование[уреди | уреди извор]

Деланое е роден во градот Тунис (Тунис) во француско-туниско семејство. За време на детството, се доселуваат во Франција. На 6 годишна возраст станува член на локален хор. На 11 годишна возраст, е сведок на Битката кај Бизерт (северен Тунис). По доселувањето во Франција, се запишува на правни студии во Тулуза. Стекнува и диплома по економски науки.

Политичка кариера[уреди | уреди извор]

Политичката кариера ја започнува на 23 годишна возраст, како секретар на Социјалистичката федерација во Авејрон. Во 1977 за првпат е избран за советник во Париз. Во 1993 година, станува претседател на огранокот на социјалистите за Париз. Во 1995 е избран за сенатор во францускиот Сенат, а истовремено ја врши и функцијата секретар на Комитетот за надворешни работи и одбрана.

Градоначалник на Париз[уреди | уреди извор]

Деланое е избран за градоначалник на Париз на 18 март 2001 година, кога за првпат по Француската Комуна од 1871 година, контролата врз општинскиот Совет ја презема левицата. Изборите ги добива со целосна поддршка на неговите социјалисти, партијата на зелените и комунистите, со што го поразува конзервативниот противкандидат. На функцијата градоначалник, доаѓа како наследник на Жак Ширак (1977-95) и Жан Тибери (1995-2001).

Сè до изборите во 2001 година Деланое беше малку познат во јавноста. Неговите активности, како организирањето на културни и рекреативни настани (Paris Plage и слични) му донесоа популарност кај париските семејства. Неговите идеи од овој вид, денес нашироко се применуваат во многу светски градови. Откако стапи на должноста, Деланое започна со остварување на изборната програма, која пред сè е концентрирана на подобрувањето на квалитетот на животот, намалувањето на загадувањето и редуцирање на сообраќајот и зголемувањето на пешачките и велосипедски патеки низ Париз. Минатата година е реизбран со поддршка од 57,7%. Оваа година, тој остро се спротивстави на изјавата на папата Бенедикт, во која тој изјави дека користењето кондоми е бескорисно, дури и контрапродуктивно во борбата против СИДА-та.

Обид за атентат[уреди | уреди извор]

На 5 октомври 2002 година, Деланое преживеа обид за атентат, кога за време на фестивалот „Бели ноќи“ психички болно лице го избоде со нож. Изјавата на напаѓачот (Азедин Беркан) била дека нападот бил резултат на неговата омраза кон политичарите, Социјалистичката партија и хомосексуалците. Деланое ја напушти болницата по две недели од нападот, додека напаѓачот беше вратен во психијатриска болница каде претходно долго се лекувал.

Олимписки игри 2012[уреди | уреди извор]

Како најголем неуспех на Деланое, се смета необезбедувањето Париз да биде домаќин на наредните Олимписки игри (Лондон, 2012). Сепак, спротивно на очекувањата, популарноста на Деланое по овој неуспех се зголеми. Причината за ова беше што јавноста за науспехот го обвинуваше претседателот Ширак, кој со цел да ја оцрни Британија имаше изјавено дека „полоша храна од британската, е само финската“ и дека „единствениот придонес на Британија за европското стопанство е кравјото лудило“ што наиде на остри реакции кај Тони Блер и комисијата за доделување на организацијата на игрите.

Приватен живот[уреди | уреди извор]

Во текот на 1998 година, во телевизиско интервју, Деланое соопшти дека е хомосексуалец.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]