Бад Гандерсхајм

Координати: 51°52′19″N 10°01′31″E / 51.87194° СГШ; 10.02528° ИГД / 51.87194; 10.02528
Од Википедија — слободната енциклопедија
Бад Гандерсхајм
Грб на Бад Гандерсхајм
Бад Гандерсхајм во рамките на Германија
Бад Гандерсхајм
Управа
Земја Германија
Покраина Долна Саксонија
Округ Нортхајм
Градоначалник Франциска Шварц (СДП)
Основни податоци
Површина 9,049 км2
Надм. височина 143 м
Население 9.492 (31 декември 2020)[1]
 - Густина 1.049 жит/км2
Други информации
Часовен појас CET/CEST (UTC+1/+2)
Рег. табл. NOM, EIN, GAN
Пошт. бр. 37575–37581
Повик. бр. 05382
Портал www.bad-gandersheim.de
Местоположба на градот Бад Гандерсхајм во рамките на округот Нортхајм
Карта
Карта
Координати 51°52′19″N 10°01′31″E / 51.87194° СГШ; 10.02528° ИГД / 51.87194; 10.02528

Бад Гандерсхајм (германски: Bad Gandersheim) — град во округот Нортхајм, во јужниот дел на сојузната покраина Долна Саксонија, Германија.

Градот поседува многу зачувани фахверк куќи и се наоѓа на „германскиот фахверк пат“. Во близина на градот се наоѓа истоимениот аеродром.

Географија[уреди | уреди извор]

Местоположба[уреди | уреди извор]

Градот Бад Гандерсхам се наоѓа помеѓу Лајнското Средногорје, Везер и подножјето на Харц во долина на реката Ганде, која се влева во Етерна. На север се наоѓаат ридовите Хебер. Градското подрачје е претежно ридско. Околу десет километри источно од градот почнува Харц.

Градски единици[уреди | уреди извор]

Бад Гандерсхајм се состои од следниве градски единици:

  • Акенхаузен
  • Алтгандерсхајм
  • Клус
  • Данкелсхајм
  • Данхаузен
  • Елиероде
  • Геренроде
  • Гремсхајм
  • Хахенхаузен
  • Харихаузен
  • Хекенбек
  • Хелмшероде
  • Зеболдсхаузен
  • Волпероде
  • Врешероде

Историја[уреди | уреди извор]

Градот потекнува од 852 година, кога била создадена Опатијата Гандерсхајм во соседниот Брунсхаузен од Лиудолф, војвода на Саксонија, и неговата жена Ода. Првата опатиска црква (германски: Stiftskirche) во градот започнала да се гради во 856 година. Во 990 година, опатијата добила пазарни и даночни права. Во текот на X век, Гандерсхајм бил еден од најважните градови во Саксонија; првиот германски поет Хросвит живеел и работел тука до 973 година. Во 1159 година, Гандерсхајм бил првпат споменат како град.

Кога бил откриен минералниот извор во 1240 година, папата Григориј IX поттикнал изградба на болница на Светиот Дух. Околу 1330 година, војводите од Брауншвајг изградиле замок како секуларна спротивност на опатиската црква. Денес, замокот служи како суд и затвор за младинци.

Кон крајот на XIX век, градот започнал да станува познат по лековитите моќи на изворите и во 1932 година, Гандерсхајм го добил службеното право да се нарекува самиот „бањски град“, па така станал Бад Гандерсхајм.

Во летото 1926 година се одржала тридневна прослава во чест на 1000-годишнината на градот.

Во текот на Втората светска војна, од октомври 1944 година до април 1945 година, градот бил место на подкамп на концетрацискиот логор Бухенвалд.

Во 1952 година, градот го прославил 1100-годишниот јубилеј од основањето на манастирот од Лиудолф.

Градоначалници[уреди | уреди извор]

  • 1968–1970: Ханс-Дитер Готшалк (1932–2005)
  • 1974–1986: Хајнц Келер (1919-2010)
  • 1986–1991: Уве Шварц (SPD)
  • 1991–1996: Рудолф Хермес (CDU)
  • 1996–2001: Уве Шварц (SPD)
  • 2001–2014: Хајнц-Герхард Емен (независен)
  • од 2014: Франциска Шварц (SPD)

Збратимени градови[уреди | уреди извор]

Бад Гандерсхајм е збратимен со следниве градови:

Личности[уреди | уреди извор]

Галерија[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Населеност на окрузите, општините и месните заедници во Долна Саксонија на 31 декември 2020“. Служба за статистика и комуникациска технологија на Долна Саксонија. јули 2021. (германски)

Надворешни врски[уреди | уреди извор]