Аурих (округ)

Координати: 53°30′N 7°20′E / 53.5° СГШ; 7.33° ИГД / 53.5; 7.33
Од Википедија — слободната енциклопедија
Аурих
Landkreis Aurich

округ
Грб на Аурих Landkreis Aurich
Земја Германија
ПокраинаДолна Саксонија
СедиштеАурих
Површина
 • Вкупна1.287 км2 (497 ми2)
Население (31 декември 2020)[1]
 • Вкупно190.178
 • Густина150/км2 (380/ми2)
Часовен појасCET (UTC+1)
 • Лете (ЛСВ)CEST (UTC+2)
Рег. таб.AUR
Мреж. местоlandkreis-aurich.de

Аурих (германски: Aurich) — округ (Landkreis) во сојузната покраина Долна Саксонија, Германија. Административното окружно седиште е во истоимениот град.

Се граничи со Северното Море на север и северозапад, округот Витмунд на исток и округот Лер на југ. На југозапад се граничи со безокружниот град Емден.

Географија[уреди | уреди извор]

Аурих е сместен во најзападниот дел на Источна Фризија. На запад е устието на Емс и полуостровот Крумхерн кој се издава во него. Со население од околу 190.000 жители (2016) ова е најголемиот од окрузите на Источна Фризија.

Во состав на округот влегуваат и островите Јист, Нордернај и Балтрум од групата на Источнофризиските Острови. Малиот остров Мемерт јужно од Јист нема население, туку е заштитен како живеалиште на ретки птици. Дел од округот отпаѓа на националниот парк „Долносаксонско Ваденско Море“.

Историја[уреди | уреди извор]

Округот за првпат е созададен во 1885 година како дел од преуредувањето на управната структура наследена од Кралството Хановер, кое тогаш станало покраина на Прусија. Единицата е обликувана со составување на подрачната единица (амт) Аурих со истоимениот самостоен град.[2] Во денешен облик округ настанал во 1977 година со спојување на дотогашните окрузи Аурих и Норден.

Грб[уреди | уреди извор]

Грбот, прогласен во 1978 година, прикажува невин орел (или харпија), кое било хералдичко животно на семејството Кирксена, локален клан во средниот век. Желадите во грбот се симболи на градот Аурих, а шесткраките мамузи се симболи на Норден.

Поранешниот грб, доделен во 1950 година, прикажува златен даб, кое било дрво надвор од градот Аурих под кое се собирале Фризите за своите годишни состаноци.

Градови и општини[уреди | уреди извор]

Градови и општини во округот Аурих.
Градови Слободни општини Слободни области Општински заедници
  1. Аурих
  2. Висмор
  3. Норден
  4. Нордернај
  1. Балтрум
  2. Гросефен
  3. Гросхајде
  4. Дорнум
  5. Зидброкмерланд
  6. Илов
  7. Јист
  8. Крумхерн
  9. Хинте
  1. Мемерт
  1. Вирдум
  2. Лецдорф
  3. Мариенхафе1
  4. Остел
  5. Рехтсупвег
  6. Упгант-Шот

2. Хаге

  1. Берумбур
  2. Литетсбург
  3. Хаге1
  4. Хагермарш
  5. Халбемонд
1седиште на општинската заедница

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Населеност на окрузите, општините и месните заедници во Долна Саксонија на 31 декември 2020“. Служба за статистика и комуникациска технологија на Долна Саксонија. јули 2021. (германски)
  2. Kreisordnung für die Provinz Hannover (1884)

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

53°30′N 7°20′E / 53.5° СГШ; 7.33° ИГД / 53.5; 7.33