Антон Бозуков

Од Википедија — слободната енциклопедија
Антон Бозуков
Роден 17 септември 1869
Кортен, Бугарија

Антон Славов Бозуков бил бугарски револуционер, учесник во македонското револуционерно движење, деец на Македонскиот комитет.

Животопис[уреди | уреди извор]

Антон Бозуков е роден на 17 септември 1869 година во селото Кортен, Сливенско, Бугарија. Завршил Военото училиште во Софија во 1889 година со чин подпоручик. Служел во Шести трновски полк и станува член на Македонскиот комитет [1] по што учествува во Мелничкото востание организирано од Трајко Китанчев. Бил распределен во одередот Пирин Планина кој броел 148 души, а меѓу кој имало и 30 души со воена подготовка. Негов командир бил капетанот Тодор Матров, а од војводите бил Кочо Љутата. Одредот требало да ја помага Струмичката дружина.

Одредот Пирин Планина границата ја минал неколку дена по Струмичката дружина. Се поделин на две чети под команада на капетанот Тодор Матров и поручникот Антон Бозуков. По преминувањеѕо на границата тие се оглушиле на наредбата на МК, и ги нападнале турските селани од селата Стамер, Град и Вирче. За да се пресметаат со турските селани, на 3 јули испратиле повик до селаните на с. Лешко-Горноџумајско. Меѓутоа селаните не им помогнале и марале да се повлечат кон Беласица. На 4 јули се нашле на ридовите меѓу Беласица и Џумајско. На 5 јули кај с. Габрово имале судир со аскерот по што морале да се повлечат кон Црната Планина.

Тука старите арамии се оделиле со 40 души и се уптиле кон с. Кочариново. Од војводите останале Џалко, Ќучук и Љутата и дошле во судир со офицерите дали да се повлечат или да одат кон Струмица. Било решено да се упатат кон Струмица, но тие се разминале со Струмичката дружина, кој веќе се повлекува. На 8 јули кај Пехчево разбрале дека Струмичката дружина имал судир кај с. Габрово и се упатиле кон Пирин Планина. Старите арамиски војводи се оделиле за да вршат грабежи, а одердот спаднал на 66 души се пвлекле кон Бугарија. Одредот Пирин Планина не ја исполнил својата задача.

На ІІ македонски конгрес, Бозуков заедно со други офицери се отцепил и во декември го формирале Македонски комитет на офицерите. Во 1898 година поручникот Бозуков влегол со чета во Одринско. На VІ македонски конгрес во мај 1899 година Бозуков бил избран за член на Комитетот заедно со Борис Сарафов, Тома Давидов, Славчо Ковачев и Георги Петров. Во 1899 година како претставник на ВМОК го обиколувал Серско во заедно со Гоце Делчев. Во 1900 година заминал како доброволец во Англо-бурската војна. Избран е во раководството на Комитетот и на IX македонски конгрес во јули 1901 година, меѓутоа подоцна поднел оставка бидејќи не се дејствувало во согласност со бугарската влада [2].

Учествувал во Горноџумајското востание. Летото 1908 година заминал за САД, каде создал огранок на Бугарските конституциони клубови основани во Солун по Хуриетот. За време на Првата балканска војна 1912-1913 е командант на 6-та Охридска дружина при Македонско-одринското ополчение. Учествува и како офицер во Првата светска војна. По војната гравитираа околу дејците на Привременото претставништво на поранешната ВМОРО. Во почетокот на 20-те години му помага на ВМРО во Мало Трново и Царево [3][4][5][6].

Извори[уреди | уреди извор]

  1. Списък на членовете на Върховния македоно-одрински комитет (март 1895 – февруари 1903 г.) pdf
  2. Ванчо Ѓорѓиев, Слобода или Смрт, Македонското националноослободително движење во Солунскиот вилает 1893 - 1903 година, Табернакул, Институт за историја - Филозовски факултет, Скопје, 2003
  3. Биографични данни от библиотека на ВМРО-София[мртва врска]
  4. „Алманах на българските национални движения след 1878 г.“, София, 2005.
  5. Енциклопедия „Пирински край“. Том 1, Благоевград, 1995.
  6. Николов, Борис Й. Вътрешна македоно-одринска революционна организация. Войводи и ръководители (1893-1934). Биографично-библиографски справочник, София, 2001, стр. 20 - 21.