Антон Бернолак

Од Википедија — слободната енциклопедија
Антон Бернолак
Anton Bernolák
Антон Бернолак
Роден(а)октомври 3, 1762(1762-10-03)
Сланица, денес дел од Наместово, Кралство Унгарија (денес Словачка)
Починал(а)јануари 15, 1813(1813-01-15) (возр. 50)
Нове Замки, Кралство Унгарија (денес Словачка)
Занимањесвештеник, државник, јазичар
Познат(а) пого кодифицирал првиот стандард за словачкиот јазик
Биста на Бернолак во Братислава

Антон Бернолак (словачки: Anton Bernolák; 3 октомври 176215 јануари 1813) — словачки јазичар и католички свештеник и создавач на првиот стандард за словачкиот јазик.

Живот[уреди | уреди извор]

Бил роден во ниско благородно семејство во областа Орава. Учел гимназија во Ружомберок во периодот 1774-78, а подоцна во Трнава и во Виена, а дипломирал на теологија на општата богословија во Пресбург во 1787 година. Во истата година го кодифицирал првиот стандард за словачкиот јазик, кој бил заснован на западнословачките дијалекти говорени околу Трнава, со некои елементи од средишните дијалекти. Јазикот, наречен „бернолаковчина“ (bernolákovčina), не бил прифатен како национален стандарден јазик, иако бил пресвртница во создавањето на современата словачка држава. Од 1787 до 1791 година бил ѓакон во Бернолаково, од 1791 до 1797 година секретар во архиепископијата во Трнава и од 1797 година до својата смрт во 1813 година, свештеник во Нове Замки.

Неговиот јазик бил основа за активностите на „Словачкото образовно братство“ (Slovenské učené tovarišstvo), основано во 1792 година во Трнава и исто така за движењето на следбениците на Бернолак, кое траеле три генерации.

Дела[уреди | уреди извор]

  • 1782
Divux rex Stephanus, magnus Hungarorum apostolus
  • 1787
Dissertatio-critica de literis Slavorum
  • 1787
Linguae Slavonicae… compendiosa simul et facilis Orthographia
  • 1790
Gramatica Slavica („Словачка граматика“)
  • 1791
Etymologia vocum slavicarum („Етимологија на словенските зборови“)
  • 1825 / 1827
Slowár Slowenskí, Češko-Laťinsko-Ňemecko-Uherskí (Словачко-чешко-латинско-германско-унгарски речник), речник на шест јазици, предложен да биде ризница за зборови на литературниот јазик, издаден по смртта на Бернолак во Будим од Јурај Палкович

Надворешни врски[уреди | уреди извор]