Антиген

Од Википедија — слободната енциклопедија
Дијаграм на антитело и антигени.

Во имунологијата, антиген, односно генератор на антитела, е секоја супстанција која служи како целна одредница за рецепторите на стекнатиот имун систем, T-клеточниот рецептор, B-клеточниот рецептор или неговата секретирана форма, антителата.

Потекло на антигените[уреди | уреди извор]

Егзогени антигени[уреди | уреди извор]

Егзогените антигени навлегуваат во телото од надворешната средина, со инхалација, ингестија или инјектирање.

Ендогени антигени[уреди | уреди извор]

Ендогените антигени се оние антигени кои се создаваат во клетките како резултат на нормалниот клеточен метаболизам, или поради вирусна или меѓуклеточна бактериска инфекција.