Анзабеговско-вршничка култура
Анзабеговско-вршничка култура (или Анзабегово-Вршник) — археолошка култура во Македонија од времето на средниот и доцниот неолит. Застапена е во Вардарска, Егејска и Пиринска Македонија.
Културата постоела од 5300 до 4200 г. п.н.е. Влегува во состав на поширокиот балканско-анадолски комплекс. Името на културата доаѓа од двете типски наоѓалишта — Амзабегово (Анзабегово, главно Барутница) во Светиниколско и Вршник во Виничко.[1]
Реконструираната населба Тумба во скопско Маџари е направена врз основа на археолошките остатоци на тој терен, по урнек на културите Анзабегово-Вршник и Велуша-Породин.[2] Својот расцут Тумба го доживеала токму во културата Анзабегово-Вршник, околу 5800 – 5200 г. п.н.е.[3]
Развојот на културата е поделено на 4 фази — Анзабегово-Вршник I до IV. Првата фаза опфаќа три потфази — Анзабегово-Вршник I-a-b-c). Таа се совпаѓа со раниот неолит, а останатите со средниот.[1]
Спомениците на оваа култура се сместени во долини, како на пример во долината на Брегалница, како и во околината на Скопје. Слични наоди се среќаваат и во Пиринска Македонија, по долината на реката Струма, како и во пределите покрај Вардар во Егејска Македонија, што говори за раширеноста на културата на повеќе подрачја.[1]
Живеалиштата од фазата Анзабегово-Вршник I се изградени само од глина, додека пак во следните фази тие се малтерисани, имаат мала основа и подот им е покриен со плочки. Покојниците понекогаш се погребувале близу домовите, во згрчена положба, но без особена насоченост кон некоја од страните на светот.[1]
За време на четирите периоди на културата Анзабегово-Вршник се појавиле три вида керамика. Првиот е претставен од садови со тенки ѕидови и светли бои и со додадени зрна од лискун. Вториот тип е груб, без украси. Третиот вид керамика е поредок и исто така е груб, бидејќи садовите му се со дебели ѕидови, но од глина, смешана со кршени камчиња. Садовите од фазата I често се украсени со бела боја под рабниците, триаголници и цветни украси. Црвената керамика преовладува во фазите I и III, додека во фазата IV керамиката е сива и црна. Керамиката од фазата II се одликува со сива и кафеава боја, како и со сребрени украси.[1]
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ 1,0 1,1 1,2 1,3 1,4 Boardman, John (1982). The Cambridge ancient history: The prehistory of the Balkans; and the Middle East and the Aegean world, tenth to eighth centuries B.C., Tome 3, Partie 1. Cambridge University Press. стр. 89–90. no-break space character во
|pages=
во положба 3 (help) - ↑ „Археолошки локалитет Тумба Маџари“. Тумба Маџари. Архивирано од изворникот на 2020-07-01. Посетено на 2020-12-24. Занемарен непознатиот параметар
|access=
(се препорачува|access-date=
) (help); Недостасува права црта во:|access=
(help) - ↑ „Археолошки локалитет „Тумба – Маџари"“. Управа за заштита на културното наследство. Архивирано од изворникот на 2017-10-03. Посетено на 3 октомври 2017. no-break space character во
|title=
во положба 28 (help)
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- За наодите на Вршник и Анзабегово — Културно наследство на Општина Карбинци
- Здравковски, Драгиша (2006). „Култот на Големата Мајка во неолитот на Македонија“ (PDF). Folia archaeologica Balkanica. I: 55–61.