Андреј Љапчев

Од Википедија — слободната енциклопедија
Андреј Тасев Љапчев
Андрей Тасев Ляпчев
22ри Премиер на Бугарија
На должноста
4 јануари 1926 – 29 јуни 1931
Монарх Борис III
Претходник Александар Цанков
Наследник Александар Малинов
Лични податоци
Роден(а) 30 ноември 1866(1866-11-30)
Ресен, Османлиска империја (денес Македонија)
Починал(а) 6 ноември 1933(1933-11-06) (возр. 66)
Софија, Бугарија
Почивалиште Централни софиски гробишта
Сопружник Констанца Љапчева

Андреј Тасев Љапчев (бугарски: Андрей Тасев Ляпчев; роден 1866 во Ресен, Отоманско Царство; починал 1933 во Софија, Бугарија) бил истакнат политичар и државник од Бугарија со потекло од Македонија.[1]

Од лево на десно, прв Ѓорче Петров, четврт Тодор Александров, шести Андреј Љапчев, седми Симеон Радев, осми Војвода Стаматов

После Првата светска војна Љапчев е избран за Министер на војната на Бугарија (28 ноември 1918 – 7 мај 1919). Подоцна во 1926 година е избран за премиер на Царството Бугарија и на таа позиција останал до 1931 година.

Во историјата е запаметен по неговата политичка максима „Со кротце, со благо и со малце кьотек“ (Полека, нежно и со малку ќотек).

Извори[уреди | уреди извор]

  1. Виктор Цветаноски, "Македонците крем на бугарското општество" (5), "Ресенецот Љапчев бил бугарски Бизмарк", "Утрински весник", број 2861, сабота, 13 декември 2008.