Ана Чапман

Од Википедија — слободната енциклопедија
Ана Чапман
Ана Чапман во 2010 година
Роден(а)Ана Васильевна Кущенко
23 февруари 1982
Волгоград, Советски Сојуз
ЖивеалиштеМосква, Русија
Други имињаАна Кушенко
ДржавјанствоРусинка
Британка (одзедено државјанство) [1]
Занимањепретприемач, телевизиски водител, агент на Русија
Кривично обвинениеЗаговор дека дејствувала како агент на Русија во САД
Кривичен статусДепортирана во Русија[2]
СопружникАлекс Чапман (разведени)[3]
РодителиИрина и Василиј

Ана Василевна Чепмен (руски: Ана Васильевна Чапман), родена како Ана Василевна Кушченко (руски: Ана Васильевна Кущенко) — поранешна руска шпионка која станала позната во 2010, кога, заедно со уште девет други лица, била уапсена во Соединетите Американски Држави на основа на сомневање за шпионажа во корист на Русија.

Чепмен, која е руски државјанин, се преселила од својата татковина во Лондон во 2000 година, каде се запознала со идниот сопруг Алекс Чепмен (кое презиме подоцна го користела). Тие стапиле во брак во 2001 година во Москва, при што Чепмен добила британско државјанство, истовремено задржувајќи го и руското државјанство.

Во 2006 Чепмен се вратила во Русија, а наскоро потоа заминала во Њујорк, каде се занимавала со онлајн трговија со недвижности во светот преку фирмата PropertyFinder LLC.

На 27 јуни 2010 агенти на US Marshals Service ја уапсиле Чапман заедно со уште девет лица осомничени како агенти на шпионска мрежа која работи за руската Служба за надворешно разузнавање. Против членовите на групата биле покренати обвиненија за извршување на разузнавачки активности во корист на странска држава, а не за шпионажа, бидејќи не било утврдено дали тие добиле пристап до доверливи информации. Откако биле признаени за виновни, вклучувајќи ја и Чапман, тие биле разменети против четворица руски државјани, тројца од кои имале односно одржувале казни за шпионажа во Русија, врз основа на постигнат договор за размена на затвореници меѓу САД и Русија.

По ослободувањето Чапман изразила намера да се пресели повторно во Лондон, но британските власти во меѓувреме презеле постапка за поништување на британското државјанство, и објавувиле дека Чепмен нема да биде добредојдена на британска територија. По ова, таа се заминала во родниот Волгоград, а подоцна започнала со работа во "Фондсервисбанк" како советник на претседателот на одборот Александар Воловик, добивајќи поддршка "за својот културологичен проект за апсорбирањето на вселенскиот простор".

Во декември 2010 Чапман била назначена за во советот на младите сили на Единствена Русија. Според организацијата, таа "ќе биде ангажирана во едукација на младите луѓе". На 21 јануари 2011 година, Чапман започнала да води неделно телевизиско шоу во Русија.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Russian spy UK citizenship revoked“. Press Association. 13 July 2010. Архивирано од изворникот 2010-07-26. Посетено на 13 July 2010.
  2. 'Russian spies' deported; some kids to stay“. News.yahoo.com. 8 July 2010. Архивирано од изворникот 2010-07-11. Посетено на 10 July 2010.
  3. Gordon Rayner and Andy Bloxham (2 July 2010). 'Russia spy' Anna Chapman's husband: I thought I knew her“. London: Telegraph. Посетено на 13 July 2010.