Ана Кендрик

Од Википедија — слободната енциклопедија
Ана Кендрик
Кендрик во 2014 година
Роден(а)Ана Кук Кендрик
9 август 1985(1985-08-09)(38 г.)
Портланд, Мејн, САД
ЖивеалиштеЛос Анџелес, Калифорнија
Занимањеглумица, пејачка, автор
Активен период1998–сè уште

Ана Кук Кендрик (родена на 9 август 1985 г.) — американска глумица и пејачка.

Таа ја започнала својата кариера како глумица уште како дете во театарски претстави. Нејзина прва значајна улога била улогата во Бродвејскиот мјузикл Високо општество, за која добила номинација за наградата Тони за најдобра глумица во мјузикл. Првата филмска улога таа ја добила во музичката комедија Камп (2003).

Кендрик ѝ станала позната на пошироката јавност со споредната улога во Самрак (2008–12), филмската франшиза заснована на истоимениот серијал на романи на Стефани Мајер. Таа добила номинација за Оскар за најдобра споредна глумица за нејзината изведба во Горе во воздухот (2009).

Кендрик исто така глумела во комичната драма 50/50 (2011), криминалистичката драма Последна стража (2012), мјузиклот-фантазија Во шумата (2014), и комедијата Мајк и Дејв бараат женски (2016). Таа се стекнала со популарност играјќи главна улога во музичката комедија Совршен ритам (2012) и во продолжението Совршен ритам 2 (2015).

Надворешни врски[уреди | уреди извор]