Алфред Драјфус

Од Википедија — слободната енциклопедија
Алфред Драјфус
Alfred Dreyfus
Роден 9 октомври 1859
Алзас, Франција
Починал 12 јули 1935
Париз, Франција
Националност Французин
Познат Централна фигура во Аферата Драјфус
Занимање артилериски офицер (1880-1918), одликуван со Легија на честа во 1918.

Алфред Драјфус (фр. Alfred Dreyfus) бил француски артилериски офицер од еврејско потекло чие судење во 1894 година за предавство и шпионажа предизвикало голема политичка афера во француската и европската понова историја. Оваа афера и денес е позната како Аферата Драјфус. Пензиониран е со чин потполковник во 1918, откако бил рехабилитиран во 1906 и служел сѐ до крајот на Првата светска војна.