Алојз Зенефелдер

Од Википедија — слободната енциклопедија
Алојз Зенефелдер
Литографија на Зенефелдер од Примероци од Полиавтографијата.
Роден(а)6 ноември 1771
Прага, Кралство Бохемија
Починал(а)26 февруари 1834 (на 62 години)
Минхен, Германија
НационалностГерманец
РодителиПетер Зенефелдер (татко)

Алојз Зенефелдер (6 ноември 1771, Прага - 26 февруари 1834, Минхен) бил австриски глумец и драматург кој во 1798 година ја измислил техниката за печатење на литографија.[1]

Животопис[уреди | уреди извор]

Роден бил како Алојз Јохан Непомук Франц Зенефелдер во Прага. Се образувал во Минхен и добил стипендија за студирање право во Инголштат. Татковата смрт во 1791 година го натерала да ги напушти студиите за да ги издржува мајката и осумте браќа и сестари, а потоа станал глумец и напишал успешна драма Познавач на девојки (Connoisseur of Girls).

Поради проблемите со печатењето на делот Матилд фон Алтенштајн (Mathilde von Altenstein) западнал во долгови, па бидејќи немал средства да го печати новиот дел кој го напишал, Зенефелд експериментирал нова техника на гравирање користејќи мастило отпорно на киселини. Набрзо открил дека тоа може да се прошири на печатење со рамна површина на самиот камен, со што правел планографски процес во печатењето.

Се здружил со семејството Андре, издавачи на музика и постепено ја доведувал својата техника до употребливост, усовршувајќи и хемиски процеси и посебни облици на печатарска преса потребна за користење на камен. Тој техниката ја нарекол „камено печатење“ или „хемиско печатење“, но бил прифатен и францускиот назив „литографија“.

Во 1818 година тој ги објавил своите откритија во книгата Сеопфатен учебник на литографија (Vollstandiges Lehrbuch der Steindruckerei), која во 1819 година била преведена на англиски и француски јазик (англиско име — A Complete Course of Lithography). Оваа Зенефелдова комбинирана историја на неговиот изум и практичен вовед во литографијата останала во печатење сè до раниот XX век.

Зенефелдер исто така успеал да искористи и потенцијал на литографија како уметнички медиум. Литографијата им овозможувала на уметниците да цртаат директно на плоча користејќи блиски пера. Веќе во 1830 година Андре во Лондон објавил портфолио на уметнички литографии под насловот Примероци на полиатографија (Specimens of Polyautography).

До 1820-те години литографијата се развивала и овозможувала печатење во боја на повеќеструки плочи, а сè до воведувањето на печатењето во боја, хромолитографијата била најважна техника за печатење во боја.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Meggs, Philip B. A History of Graphic Design. John Wiley & Sons, Inc. 1998. p 146 ISBN 0-471-29198-6