Ален (Баден-Виртемберг)

Координати: 48°50′N 10°6′E / 48.833° СГШ; 10.100° ИГД / 48.833; 10.100
Од Википедија — слободната енциклопедија
Ален

Aalen

Грб на Ален
Ален во рамките на Германија
Ален
Управа
Земја Германија
Покраина Баден-Виртемберг
Адм. подрач. Штутгарт
Округ Источен Алб
Градоначалник Тило Ренчлер (СДП)
Основни податоци
Површина 146,63 км2
Надм. височина 430 м
Население 67.344 (31 декември 2015)[1]
 - Густина 459 жит/км2
Други информации
Часовен појас CET/CEST (UTC+1/+2)
Рег. табл. AA
Пошт. бр. 73430–73434
Повик. бр. 07361/-66/-67
Портал aalen.de
Местоположба на градот Ален во рамките на округот Источен Алб
Карта
Карта
Координати 48°50′N 10°6′E / 48.833° СГШ; 10.100° ИГД / 48.833; 10.100

Ален (германски: Aalen) – град во округот Источен Алб во источниот дел на сојузната покраина Баден-Виртемберг во Германија. Од 1 април 1956 година Ален има статус на „Гросе Крајсштат“ (главен град на округот)

Во Ален забележливи се бројните градби со дрвена конструкција фахверк изградени од 16 до 18 век.[2]

Географија[уреди | уреди извор]

Ален се наоѓа во горниот тек на реката Кохер, во подножјето на Швапска Јура на југ и југоисток и близу брдовитиот Елвангер на север, во сојузната покраина Баден-Виртемберг во округот Источен Алб, 70 км источно од Штутгарт и 48 км северно од Улм. Седиште е на округот Источен Алб и негов најголем град.

Градот се наоѓа на надморска висина од 430 метри. Површината на општината изнесува 146,6 км2 и е рангиран на 7-мо место во Баден-Виртемберг.

Население[уреди | уреди извор]

Во самиот град, според податоци од 2015 година, живееле 67.344 жители. Просечната густина на населението била 454 жители /км2. Според населението Ален е 15. најнаселено место во Баден-Виртемберг.

Збратимени градови[уреди | уреди извор]

Ален е збратимен со следните градови Partnerstädte sur www.aalen.de</ref> :

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Општини во Германија по површина, население и поштенски број на 30 септември 2016 г.“. Сојузна статистичка служба на Германија. 2016. (германски)
  2. Munro 1995, стр. 1

Надворешни врски[уреди | уреди извор]