Албус Дамблдор

Од Википедија — слободната енциклопедија
Албус Парсифал Вулфрик Брајан Дамблдор
лик од 'Хари Потер'

Мајкл Гембон како Албус Дамблдор
во Хари Потер и Пламениот пехар.
ДомГрифиндор
ГлумецРичард Харис[ХП1][ХП2]
Мајкл Гембон[ХП3][ХП4][ХП5][ХП6]
Прво појавување Хари Потер и Каменот на мудроста

Албус Персивал Валфрик Брајан Дамблдор (англиски: Albus Percival Wulfric Brian Dumbledore) е измислен лик и главен протагонист во Хари Потер романите напишани од британската писателка Џ. К. Роулинг. Во најголем дел од серијалот, тој е директорот на волшебничкото училиште Хогвортс училиште за магии и волшебништво. Како дел од неговото минато, се открива дека тој е основачот и водачот на „Редот на фениксот“, организација посветена за борење со главниот антагонист на серијалот, Лорд Волдеморт.

Името „Дамблдор“ е стар девонски збор за „бумбар“ и бил избран од Роулинг бидејќи таа го замислувала како талка низ замокот зуејќи си.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Роулинг, Џ. К. (1999-03-19). „Barnes and Noble interview, 19 март 1999“. AccioQuote!. Посетено на 2007-02-28.