Алајдин Абази

Од Википедија — слободната енциклопедија
Алајдин Абази
Алајдин Абази
Роден(а)април 26, 1939(1939-04-26)
Тетово, Македонија,
ЖивеалиштеТетово
НационалностАлбанец
ПолињаЕлектротехника, енергетија
УстановиЕлектротехнички факултет во Приштина, Универзитет на Југоисточна Европа - Тетово
ОбразованиеЕлектротехнички факултет во Загреб
Теза(1977 докторска дисертација)

Алајдин Абази (Тетово, 1 ноември 1942) — македонски теоретски електротехничар и академик, универзитетски професор и член на МАНУ[1].

Животопис[уреди | уреди извор]

Абажи е роден во Тетово, Република Македонија. Завршил на тетовската гимназија, а дипломирал во 1965 г. на Електро-техничкиот Факултет при Универзитетот во Загреб, Хрватска, каде што и магистрирал во 1973 година, а во 1977 и докторирал на истиот универзитет бранејќи ја докторската дисертација на тема "Складирање и неутрализирање на електрично полнење на изолациони филмови”. Во моментот е ректор на Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово.

Од 1966 до 1969 тој работел како професионален инжeнер во регионот. Во 1969 тој се вработил на Универзитетот во Приштина каде и бил Декан на Техничкиот Факултет (1979-1981), а во 1985 бил назначен за редовен професор на Одделот за Теоретска Електротехника.

Од 1982 до 1990, паралелно со неговата академска работа бил избран и за Претседател на Одборот на Институтот за истражување и развој „Инкос“ и Заменик претседател на одборот за Електро-Економија во Косово. Тој бил член на Одборот на ЈУ-САД за Научна и Истражувачка Соработка.

Неговите интереси за образованието, умешноста и способноста за зборување на странски јазици му овозможиле да предава и истражува и надвор од земјата, вклучувајќи ја и работата на Универзитетот во Северен Велс во Велика Британија, Јаш во Романија, Тирана во Албанија и на Академијата за Науки и Уметности во Кина. Тој како стипендист на Фулбрајт има поминато една година на Универзитетот Западна Вирџинија во САД. Д-р Абази има издадено повеќе од педесет научни статии и има учествувано во голем број научни проекти.

Во 2001 г. професор Абази е назначен за директор на фондацијата ЈИЕУ Архивирано на 22 ноември 2008 г. во Тетово. По изградбата и отворањето на тетовскиот универзитет ЈИЕУ (Штулов универзитет), д-р Абази е назначен за ректор на универзитетот.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Проф. д-р Алајдин Абази, „Билтен“, Петнаесетто изборно собрание. Предлози на кандидати за избор на редовни членови на МАНУ поднесени од три члена на Академијата, од наставно-научни совети на високообразовни установи, од совети на научни установи и од собранија на научни и уметнички здруженија, I том, прв дел, Скопје, февруари 2006, 223–244.