Аеродром Стокхолм Скавста

Од Википедија — слободната енциклопедија
Аеродром Стокхолм Скавста
Stockholm-Skavsta flygplats
Stockholm-Skavsta Airport
{{{name}}}
Општо
Писти
Правец Должина Површина
ft m
08/26 9,442 2,878 Асфалт
16/34 6,690 2,039 Асфалт

Аеродромот Стокхолм Скавста (IATA: NYO, ICAO: ESKN), (Шведски: Stockholm-Skavsta flygplats), е меѓународен аеродром близу Норшепинг, Шведска, на оддалеченост од 100 километри од центарот на Стокхолм. Најмногу е искористен од ниско буџетните и карго компаниите. Тој е втор по големина аеродром што го оплужува Стокхолм, и трет по големина во Шведска со 2,5 милиони патници[1] .

Историја[уреди | уреди извор]

Аеродромот беше изграден како воено воздухопловна база во 40-тите години на минатиот век, за некаде во 1994 година да биде приспособен за цивилно воздухопловство. Во 1997 година, првата релација беше воведена од Лондон Станстед до Стокхолм Скавста аеродромот, на авиокомпанијата Ryanair. Во 2003 година, Ryanаir воспостави база на аеродромот со воведување на 6 нови одредишта. Накратко потоа, WizzAir воспостави нови одредишта до Источна Европа. Во 2005 година, Финскиот национален авиопревозник Finnair започна да лета на релација Хелсинки - Бостон, со застанување на Стокхолм Скавста аеродромот, но набргу потоа своето застанување го пренасочи кон Стокхолм Арланда аеродромот.

Транспортација до аеродромот[уреди | уреди извор]

  • Изнајмување на кола е возможно од терминалот на аеродромот
  • Автобус
    • Аеродромско комби сообраќа директно од аеродромската зграда до центарот на Стокхолм (90 минути пат и чини 900 денари во еден правец, и повратен билет чини 1550 денари)
    • Локалните автобуски линии 515 и 715 можат да ве однесат до Нишепинг и Окселосунд од 04:00 до полноќ. Цената на еден билет е 130 денари
  • Воз
    • Локалната железничка станица во Нишепинг е оддалечена 7 километри од аеродромот. До станицата може да се стигне со такси (1250 денари) или со автобуските линии 515 и 715 (130 денари). Од железничката станица до централната железничка станица се патува за околу 60 минути и еден билет чини 800 денари.
  • Паркинг*

Паркинг пократок од еден ден чини 190 денари на час. За паркинг подолг од еден ден, цената е помеѓу 250 и 550 денари дневно, во зависност од тоа колку денови возилото ќе престојува на паркингот.

Авиокомпании и одредишта[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Stockholm Skavsta Corporate Information“. Stockholm Skavsta Airport. Архивирано од изворникот 23 July 2011. Посетено на 17 April 2011.