Адријан Бертран

Од Википедија — слободната енциклопедија
Адријан Бертран
Роден/а4 август 1888
Нион, Франција
Починат/а18 ноември 1917
Грас, Франција
Занимањеписател
Националностфранцузин

Адријан Бертран (4 август 188818 ноември 1917) — француски писател, кој во кратката писателска кариера создал низа надреални антивоени романи, кои ги напишал на смртната постела од повреди кои ги здобил за време на Првата светска војна служејќи во француската армија. Во 1916 ја добил Гонкуровата награда за романот L'Appel du sol, во кој зборувал за војниците водени од слеп патриотизам и неговата деструктивна природа. Делото L'Orage sur le jardin de Candide е составено од четири раскази кои ги напишал неколку седмици пред да почине. Освен проза, напишал неколку поеми кои биле посмртно објавени.

Животопис[уреди | уреди извор]

Бертран е роден 1888 во Нион, каде по завршување на училиштето заминал за Париз да работи како новинар во повеќе весници, меѓу кои Paris-Midi и L'Homme libre. Во тој период започнал со книжевното списание Les Chiméres, каде ги објавувал неговите социјалистички идеи и надреалната поезија, а објавувал и текстови од истомисленици. Иако Бертран бил пацифист, кога наполнил 26 години се приклучил на француската војска за време на Првата светска војна. Бил дел од коњаницата, а се истакнал за време на тримесечната Битка за границите, каде Французите војувале против германската армија.

Во октомври 1914, претрпел оштетување на белите дробови откако германска граната го погодила неговиот полк, а шрапнел завршил во неговите гради. Бертран ја преживеал повредата, но бил даден на палијативна нега, која пружала ниска медицинска грижа. Лекарите му кажале дека дробовите му се трајно оштетени и не ќе можат правилно да работат, тој нема да може да се движи и дека набрзо би починал. Соочен со принудното лежење во кревет, Бертран се вратил на писателската дејност и напишал два романи пред да подлегне на раните по три години.

Дела[уреди | уреди извор]

  • 1908: Catulle Mendès
  • 1910: E. Brieux
  • 1915: Les jardins de Priape
  • 1916: L'Appel du Sol
  • 1917: L'Orage sur le jardin de Candide
  • 1917: Le Verger de Cypris

Литература[уреди | уреди извор]

  • Cross, Tim, The Lost Voices of World War I, Bloomsbury Publishing, Great Britain: 1988. ISBN 0-7475-4276-7

Надворешни врски[уреди | уреди извор]