Џуна Барнс

Од Википедија — слободната енциклопедија
Џуна Барнс
Џуна Барнс ц. 1921
Роден/а12 јуни 1892
Њујорк
Починат/ајуни 18, 1982(1982-06-18) (возр. 90)
Њујорк
ЗанимањеРоманописец, поет, новинар, уметник
Книжевно движењеМодернизам
Значајни делаLadies Almanack (1928)
Nightwood (1936)

Џуна Барнс (12 јуни 1892 - 18 јуни 1982) била американскa писателка која имала улога во развојот на модернистичкото пишување на англиски јазик во 20 век и била една од клучните фигури во 1920-тиот и 30-тиот бохемски Париз по пополнувањето на слична улога во Гринич Вилиџ. Нејзиниот роман Nightwood стана култно дело на модерната фантастика. Тој се издвојува денес поради лезбејските теми и специфичниот стил на пишување. Романот се одликува со портрет на Барнс во ликот на Нора Флуд, додека љубовникот на Нора, Робин Воут е заснован на Телма Вуд и бароницата Елса фон Фрејтаг-Лорингховен.[1] По смртта на Барнс, интересот за нејзината работа се зголеми и многу од нејзините книги се вратиле во печат.

По пристигнувањето во канцеларијата на Brooklyn Daily Eagle, Барнс прогласила: "Јас можам да цртам и да пишувам, вие би биле будала да не ме вработите", зборови кои подоцна биле напишани во Музејот на Бруклин.[2] Во текот на следните неколку години нејзината работа се појавила во речиси секој весник во Њујорк; таа пишувала интервјуа, статии, театарски осврти, и за разновидни вести, често илустрирајќи ги со сопствените цртежи.[3]

Барнс влијаела на различни писатели како што се Труман Капоти, Анаис Нин, Карен Бликсен, Џон Хокс, Берта Харис, и Вилијам Гојен. Писателката Берта Харис ја опиша нејзината работа како "практично единствениот достапен израз на лезбејската култура што ја имаме во современиот западен свет од времето на Сафо."

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Gammel, Baroness Elsa, 357.
  2. Klarl, Joseph (April 2012). „Djuna Barnes: Newspaper Fiction: The New York Journalism of Djuna Barnes, 1913 – 1919“. The Brooklyn Rail.
  3. Herring, 40–41, 64–66, 75–76, 84–87.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Викицитат има збирка цитати поврзани со:

Дела онлајн[уреди | уреди извор]