Џон Мокли

Од Википедија — слободната енциклопедија
Џон Мокли
Џон Мокли
Роден(а)август 30, 1907(1907-08-30)
Охајо, Синсинати
Починал(а)јануари 8, 1980(1980-01-08) (возр. 72)
Амблер, Пенсилванија
ЖивеалиштеСоединетите Американски Држави
НационалностАмериканец
ПолињаФизика и Информатика
Познат поENIAC
UNIVAC
BINAC
Влијание одЏонс Хопкинс

Џон "Вилијам" Мокли (30 август 19078 јануари 1980) беше Американски физичар кој, заедно со Џ. Преспер Екерт, го создаде ENIAC, првиот електронски дигитален компјутер кој следи инструкции, како и EDVAC, BINAC и UNIVAC I, првите комерцијални компјутери направени во Соединетите Американски Држави.

Заедно тие ја основаа првата компјутерска компанија, Екерт-Мокли компјутерска корпорација (EMCC), и создадоа фундаментални компјутерски концепти вклучувајќи ги меморизирачка програма, подрутини, и програмските јазици. Нивниот труд, прикажан во широко читаната Првична верзија на извештајот за EDVAC (1945) и како предавано во Moore училишните Предавања (1946), влијаеше на експлозија од компјутерски развој во доцните 1940-ти насекаде низ светот.

Основни биографски податоци и образование[уреди | уреди извор]

Мокли е роден на 30 август 1907 г. во Синсинати, Охајо. Пораснал во Шеви Чејс, Мериленд, додека неговиот татко Себастијан бил физичар на Карнеџи институтот во Вашингтон. Тој ја добил инженерската стипендија која му овозможила да продолжи со едукација на универзитетот Џон Хопкинс, есента во 1925г. како студент на електро-инженерска струка. Во 1927г. тој се запишал на докторската програма и се префрлил на програмата во областа на физиката. Докторатот го завршил во 1932г. и станал професор по физика во Урсинус колеџот во близина на Филаделфија, каде предавал од 1933 до 1941г. Таму тој работел на развој на електронска компјутерска машина за да ја тестира теоријата која претпоставувала дека сончевата променливост влијае врз времето (климата).

Училиштето "Moore"[уреди | уреди извор]

Во 1941г. д-р Мокли посетил курс по воена електроника на универзитетот во Пенсилванија. Таму тој се запознал со Преспер Екерт, скорашен дипломец од тој универзитет. Екерт го охрабрувал Мокли да верува дека вакуум цевките можат да бидат направени поиздржливи со правилни инженерски вештини. Во Март 1946, веднаш откако ENIAC беше најавен, Училиштето Moore одлучи да ја замени нивната политика за заштита, со цел да добијат комерцијални права за било кој следен и минат напредок на компјутерската технологија.Но Екерт и Мокли дадоа оставка, бидејќи мислеа дека ова е не прифатливо. Меѓутоа тие веќе имаа потпишано договор со Училиштето Moore да дадат серија разговори за дизајнот на компјутерите.

Предавањата во училиштето "Moore"[уреди | уреди извор]

Курсот "Tеорија и техники за дизајн на дигитални компјутери, траеше од 8 јули до 31 август 1946 година. Екерт изведе 11 предавања, а Мокли и Голдстејн секој по 6 предавања. "Предавањата во Училиштето Moore", како што подоцна станаа познати, беа посетувани од претставници на армијата, морнарицата, институтот за технологија од Масачусетс, националното биро за стандарди, Универзитетот Камбриџ, Колумбија, Универзитетот Харвард, Институтот за Напредно учење, IBM, Bell лабораториите, Кодак компанијата, General Electric, и Државни регистар за пари.Дел од присутните подоцна започнаа со производство на компјутери, како Maurice Wilkes од Кембриџ кој го го произведе EDSAC.

Електронски бројчен интегратор и компјутер(ENIAC)[уреди | уреди извор]

Во 1942г. Мокли напишал белешки каде предложил изградба на електронски компјутер со основни функции. Ја нагласил огромната предност во брзина која би можела да биде постигната со користење на дигитална електроника без подвижни делови. Поручникот Херман Голдстајн го замолил Мокли да напише формален предлог. Во април 1943г. армијата и универзитетот се договориле да го конструираат ENIAC. Мокли го водел планот за дизајн додека Екерт ја водел градбата на хардверот на ENIAC. Поради способноста за брзи пресметки, ENIAC можел да решава проблеми кои претходно било невозможно да се решат. Бил отприлика 1000 пати побрз од постоечката технологија во тоа време. Можел да додаде 5,000 бројки или да направи 357 10цифрени множења во една секунда. ENIAC можел да биде програмиран да извршува собирање, одземање, множење, делење, коренување, влезни-излезни функции и условни гранки. Програмирањето на почетокот се вршело со жици и прекинувачи, а ре-програмирањето траело со денови. Бил редизајниран во 1948г. со цел да може да користи складирани програми, со одреден губиток на брзина. .[1]

Електронски дискретен променлив компјутер(EDVAC)[уреди | уреди извор]

Дизајнот на ENIAC беше сопрен во 1944 заради конструкција.Екерт и Мокли веќе беа свесни за границите на оваа машина и започнаа планови за втор компјутер,кој ќе биде наречен EDVAC.До јануари 1945 тие подготвија договор за произведување на овој компјутер за меморизирање програми.Екерт предложил живина обновувачка меморија кој ќе складира и програми и податоци.ПОдоцна истата година, математичарот Џон Њуман го проучи проектот и се приклучи во некои од инженерските дискусии.Тој го произведе таканаречениот внатрешен документ кој го опишува EDVAC. Моделот на Њуман,издвоен од неговиот текст, Првична верзија на извештајот за EDVAC, кој датира од 30 јуни 1945, беше рано напишан извештај за пресметувачка машина со основни функции која функционира со меморизирање на програми. Голдстајн, во потег кој подоцна ќе стане контроверзен, ги избриша сите препораки за Екерт и Мокли и го достави документот на колеги од Њуман низ државата.Идеите станаа познати меѓу малкуте компјутерски дизајнери. И покрај недостатокот на заслуга,Екерт и Мокли, претрпеа додатни препреки заради акциите и дејствата на Голдстејн. Патентот за ENIAC, издаден во 1964 беше документиран на 26 јуни 1947 и одобрен на 4 февруари 1964, но општото откритие на деталите за дизајнот на EDVAC во Првична верзија на извештајот за EDVAC беше подоцна истакнето како причина за невалидноста на патентот за ENIAC од 1973.

Екерт-Мокли компјутерска корпорација(EMCC)[уреди | уреди извор]

Во 1947 Екерт и Мокли ја основаа првата компјутерска компанија, наречена Екерт-Мокли Компјутерска Корпорација(EMCC), каде Мокли беше претседател.Тие обезбедија договор со националното биро за стандарди за изградба на EDVAC II, подоцна наречен UNIVAC. Првиот компјутер дизајниран за бизнис апликации имаше многу значајни технички предности како магнетната дискета за складирање на маса. Како привремен производ, компанијата произведе и издаде помал компјутер, BINAC, но сè уште беа во слаба финансиска состојба.Па така бе откупени од Remington Rand и постанаа одделот за UNIVAC.

Софтвер[уреди | уреди извор]

Многу рано во историјата на EMCC, Џон Мокли презема одговорност за програмирање, кодирање и апликации за планираните компјутерски системи. Неговата рана средба со претставници на Census Bureau во 1944 и 1945, и дискусијата со луѓе коишто се интересираат во статистика, временска прогноза и различни бизнис проблеми во 1945 и 1946 предизвика да го пренасочи неговото внимание кон стекнување на нови корисници со софтвер кој ќе им служи за постигнување на нивните цели. Тој знаеше дека ќе биде тешко да се продаваат компјутери без апликациски материјали, и без објаснувања како да се користат системите.Па така EMCC започна со составување на кадар од математичари заинтересирани за кодирање во раните години од 1947. Интересот на Мокли лежеше во апликацијата на компјутерите, а исто така и во нивната архитектура и организација. Неговото искуство со програмирањето на ENIAC и неговите наследници доведе до создавање на Short Code, првиот програмски јазик всушност којшто беше користен на компјутер.Беше псевдокод интерпретер за математички проблеми предложен во 1949 и извршуван на UNIVAC I и II. Вербата на Мокли во важноста на јазиците го доведе до запослување на Grace Murray Hopper за развивање на компајлер за UNIVAC. Џон Мокли е исто така познат како првиот човек кој го користел глаголот "програмира" во неговиот документ од 1942 година за електо пресметување, иако во контекст со ENIAC, но не во неговото денешно значење.

Кариера[уреди | уреди извор]

Д-рМокли остана поврзан со компјутерите целиот негов живот.Тој беше основач и претседател на Association for Computing Machinery (ACM) и исто така помогна во основањето на Society of Industrial и Applied Mathematics (SIAM).Додека Екерт-Мокли корпорацијата беше откупена од Ремингтон Ренд во 1950 година и Д-рМокли остана како директор на UNIVAC во одделот за апликациските истражувања. Кога ја напушти корпорацијата во 1959 година тој ја основа Мокли групацијата, консултирачка компанија кој подоцна го претстави Critical Path Method (CPM) за планска конструкција со компјутер.ВО 1967 тој го основа Dynatrend, консултирачка компјутерска организација. Во 1973 тој стана советник за Sperry Univac.

Награди и почести[уреди | уреди извор]

Мокли има добиено бројни награди и почести. Тој беше доживотен член на Франклин Институтот, Националта академија за инженерство и Здружение за напредок на менаџментот.Тој беше избран за Пријател на Институтот за радио инженери, претходник на IEEE здружението во 1957 и беше Пријател на Американската статистичка Асоцијација. Тој доби LLD диплома од Универзитетот во Пенсилванија и aDSc диплома од Факултетот Ursinus. Тој беше добитник на Филаделфија Наградата, Скот Медалот за храброст, Goode Медалот од Американската Федерација на Научници за обработка на информации,Пенсилванија Наградата, Емануел Р.Пиор Наградата, Хауард Н.Потс Медалот, и бројни други награди.

Контроверзија со заштитните права[уреди | уреди извор]

Патентот на Мокли и Екарт за ENIAC беше прогласен на невалиден од Федералниот Суд во октомври 1973 заради неколку причини, од кои некои беа во врска со времето помеѓу издавањето и датата на документирање на патентот (1947). Федералниот судија кој претседаваше со случајот одлучи дека " предметот на иновацијата водел потекло " од поранешен компјутер наречен Atanasoff–Berry Computer (ABC).Оваа изјава стана центар на контроверзија. Критичарите велат дек кога судот рекол дека АBC бил првиот електронски дигитален компјутер, не го дефинирал поимот компјутер.Тие го поврзувале со личност којашто пресметува, но поимот бил адаптиран за да биде поврзан со машина. Критичарите на одлуката на судот исто така велат дека не постои поврзаност меѓу двете машини.ABC компјутерот бил бинарен додека ENIAC бил децимален. ABC користел регенеративна меморија, а ENIAC користел електронски декаден бројач. АBC користел туби за имплементирање на бинарен серијален број додека ENIAC користел туби за имплементирање на комплетно множество од децимални операции. Множеството од инструкции за генералната употреба на ENIAC, заедно со можноста за автоматско подредување помеѓу нив, го направиле ENIAC компјутер кој следи инструкции. Застапници на судската одлука нагласуваат дека постојат сведоци дека Мокли дефинитивно имал пристап до Машината на Атанасоф и до документите кои ја опишуваат.Писмата кои му ги пишувал на Атанасоф покажуваат дека барем еднаш размислувал да ја изгради машината преку Атанасоф пристап. Мокли постојано наведуваше дека употребата на брзи електронски лостови во уреди кои бројат космички зраци во Swarthome колеџот е тоа што му ја дало идејата за пресметување со електронска брзина.

Погледни[уреди | уреди извор]

Врски[уреди | уреди извор]

  1. „National Inventors Hall of Fame“. Архивирано од изворникот на 2013-08-24. Посетено на 2011-12-17.
  • McCartney, Scott (1999). ENIAC: The Triumphs and Tragedies of the World's First Computer. Walker & Co. ISBN 0-8027-1348-3.
  • Shurkin, Joel N. (1996). Engines of the Mind: The Evolution of the Computer from Mainframes to Microprocessors. W.W. Norton. ISBN 0-393-01804-0.
  • Antonelli, Kathleen R. (April 1984). „John Mauchly's Early Years“. Annals of the History of Computing. 6 (2): 116–138. doi:10.1109/MAHC.1984.10022.
  • Stern, Nancy (1981). From ENIAC to UNIVAC: An Appraisal of the Eckert-Mauchly Computers. Bedford, Massachusetts: Digital Press. ISBN 0-932376-14-2.
  • Norberg, Arthur L. (2005-06-01). Computers and Commerce: A Study of Technology and Management at Eckert-Mauchly Computer Company, Engineering Research Associates, and Remington Rand, 1946-1957. The MIT Press. ISBN 0-262-14090-X.

Додатни линкови[уреди | уреди извор]