Џон Голсворди

Од Википедија — слободната енциклопедија

Џон Голсфорди (14 август 1867 - 31 јануари 1933) — англиски писател. Избил на површината на книжевниот живот на почетокот на XX век, прво со драми, а потоа со романи. Читателската публика ја освоил пишувајќи за животни теми, кои биле блиску до поголемиот број луѓе. Станал популарен не само во Англија, туку и во целиот свет.[1]

Џон Голсворди
Џон Голсворди

Творештво[уреди | уреди извор]

Главно и најпознато дело на Голсворди е познатата трилогија на семејството Форсајт („Сага за Форсајтови“, „Модерна комедија“ и „Крај на делото„). Неговиот љубовен роман „Темниот цвет“ станал класика на тој жарн (по правило, книгите од тој жарн критиката слабо ги цени, но затоа читателите со задоволство ги прифаќаат). „Темниот цвет“ е даден во форма на триптих, од три независни љубовни приказни: Пролет, Лето и Есен.[1]

Темниот цвет[уреди | уреди извор]

Романот-триптих во секој од своите три дела ги има сите особини на љубовен роман: љубовен заплет, карактерни ликови со меѓусебно сложени односи. ако на тоа се додаде стилската јасност, и, несомнено, книжевната вештина и квалитет, се добило класичен љубовен роман, кој, иако напишан во почетокот на 20 век, 1913 година, секогаш актуелен и интересен за публиката.[1]

Награди[уреди | уреди извор]

Во 1932 година ја добил Нобеловата награда за литература.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 Бисери на светската книжевност, Книга бр.5, МПМ, Џон Голсводи, Темниот цвет, Дневник, Утрински весник, 2004