Џазмин Саливен

Од Википедија — слободната енциклопедија
Џазмин Саливен
Џазмин Саливен во 2009 г.
Животописни податоци
Роден(а)9 април 1987(1987-04-09)(37 г.)
Филаделфија, Пенсилванија, САД
ЖанровиРнБ, соул
ЗанимањаСтудиска пејачка, глумица
ИнструментиВокал
Период на активност2003—денес
ИздавачиJ Records, Arista, RCA Puppy Love
Мреж. местоJazmineSullivanMusic.com

Џазмин Мари Саливен (родена на 9 април 1987 г.) а американска пејачка од Филаделфија, Пенсилванија што снима музика професионално. Таа исто така е протежето на раперката Миси Елиот. Нејзиниот дебитен сингл "Need U Bad" се искачи на врвот на Билборд топ-листата за Хот РНБ/Хип Хоп песни, додека пак нејзиниот втор сингл "Bust Your Windows" се искачи на четвртото место. Во нејзините песни можат да се слушнат елементи на реге, даб, поп, џез, нео соул и ду-уп. Џазмин вели дека најголемо влијание и најголема инспирација има од Ким Бурел, Лорен Хил, Бренди, Доринда Кларк Кол, Лејди Со, и Changing Faces.

Ран живот[уреди | уреди извор]

Родена и израсната во Филаделфија, Пенсилванија; Џазмин Саливен ја израсна средната сестра Ла’Вита. Таа има и постар брат Донел и помлад брат Андре. Нејзината мајка порано била бекап пејачка за продуцентската куќа Philadelphia International Records. Кога имала 5 години, татко ѝ добил работа како чувар на градскиот историски замок “Strawberry” во делот “Strawberry Mansion”, и нејзиното семејство се преселило на тоа историско место. На Саливен и било тешко да се вклопи на училиште. Таа завршила средно училиште во 2005 година во средното училиште на Филаделфија за креативност и изведувачки уметности, каде што завршила за вокалист. Саливен започнала да пее во детксиот хор како контралто, а неколку години подоцна и во возрасниот хор. На почетокот, изложеноста на Саливен на секуларна музика била ограничена. Таа се потсеќа: „Пеев соло во црква и некој сакале да потпишам за госпел куќа кога имав единаесет години, но јас не бев подготвена да го направам тоа“. „Потоа, кога МекДоналдс одржа натпревар за деца во големите градови, имав шанса да ја изведам песната 'Accept What God Allows' на шоуто It's Showtime at the Apollo и одговорот на публиката беше многу позитивен.“ На 13 години, таа пеела на роденденот на внукот на Стиви Вондер. Таа на 16 години, најпрво потпиша договор со продуцентската куќа Jive Records. Во таа куќа сними цел албум наречен Break My Little Heart, но нејзиниот албум никогаш не беше издаден и Саливен беше отпуштена од продуцентската куќа. Таа одржа бизнис врска со Миси Елиот којашто и продуцираше некои од песните за Heart, а продолжи и да ѝ пишува песни сè додека Саливен не потпиша договор со сегашната продуцентска куќа J Records.

Музичка кариера[уреди | уреди извор]

Почетоци на кариерата и на пишувањето текстови (2004–денес)[уреди | уреди извор]

Пред да го издаде својот деби албум, песната којашто Џазмин ја напиша и сними со продуцентите Cool & Dre наречена "Say I" ѝ беше дадена на тогашната девојка на Дре – Кристина Милиан за нејзиниот трет албум So Amazin'. Песната стана водачкиот сингл, достигнувајќи го тринаесеттото место на Билборд топ-листата за Хот РнБ/Хип Хоп песни како и на дваесет и првото место на топ-листата Хот 100. Откако го постигна својот успех (таа помогна во пишувањето на целото нејзино деби), Џазмин напиша песни за Џенифер Хадсон, Тамиа, Моника и Фантејжа Барино.

2008–2009: Fearless[уреди | уреди извор]

Саливен напрво се појави на главната музичка сцена со нејзиниот деби сингл "Need U Bad", издаден во мај 2008 г. Песната, на којашто имаше соработувано со Миси Елиот и Сенди “Пепа„ Дентон од “Salt-n-Pepa fame„, го достигна првото место на Билборд топ-листата за Хот РнБ/Хип Хоп песни а исто така се искачи на триесет и седмото место на Билборд топ-листата Хот 100. Деби албумот “Fearless„ на Саливен бее издаден на 23 септември 2008 г. Саливен ги напиша сите песни на албумот, а исто така влезе во улогата на продуцент заедно со Миси Елиот, Салам Реми и Питер Еџ. Како продуценти на албумот работеа Елиот, Реми, Старгејт, Карвин и Иван, Џек Сплеш и Фисткафс. Албумот дебитираше на прво место на Билборд топ-листата за Хот РнБ/Хип Хоп песни и на шесто место на Билборд топ-листата 200. Албумот се доближува до златниот сертификат од Здружението на музичките сниматели на Америка, со тоа што се продадоа 510,000 копии од албумот во САД досега. Саливен ја продолжи славата на деби синглот со вториот синглот од албумот “Fearless” "Bust Your Windows", којшто беше издаден во септември 2008 година и се искачи на четвртото место на Билборд топ-листата за Хот РнБ/Хип Хоп песни и триесет и првото место на Билборд топ-листата Хот 100, станувајќи до тогаш најуспешниот сингл на таа топ-листа. Песната "Bust Your Windows" исто така беше номинирана за Греми за Најдобра РнБ Песна, но не ја доби наградата. Песната "Lions, Tigers & Bears" беше издадена во декември 2008 г. како третиот сингл од албумот. Со тој сингл успеа да биде трипати по ред во топ-десет на Билборд топ-листата за Хот РнБ/Хип Хоп песни, искачувајќи се на десеттото место на таа листа, и постигна и голем успех со тоа што се искачи на седумдесет и четвртото место на Билборд топ-листата Хот 100. Подоцна, Саливен имаше и успех во Обединетото Кралство кога го издаде синглот "Dream Big" како нејзиниот прв официјален британски сингл во февруари во 2009 г. но за жал не успеа да се пласира на топ-листите таму. Песната подоцна беше издадена и во САД како четвртиот американски сингл од албумот во април 2009 г. но и таму не успеа да се пласира на топ-листите. Петтиот и последен сингл од албумот "In Love with Another Man", беше издаден во август 2009 г. и беше само умерено успешен со тоа што се искачи на триесет и седмото место на Билборд топ-листата за Хот РнБ/Хип Хоп песни. Требаше да се издаде и шестиот сингл "Switch!" во ноември 2009 г. но издавањето беше откажано. Во 2009 г., Саливен соработуваше со Џедакис на песната наречена "Smoking Gun" за неговиот албум “The Last Kiss„. Таа исто така ги отвораше концертите на РнБ пејачот Максуел на неговата многу успешна американска турнеја во 2008 г. како и турнејата “Year of the Gentleman„ на Ни-Јо во 2009 г. Таа исто така се појави и на вториот албум на Ејс Худ “Ruthless„ на песната наречена “Champion„. Саливен учествуваше и на музичкиот фестивал “Essence„ во јуни 2009 г. на којшто настапи со поддршката на РнБ пејачот и продуцентот Рајан Лесли. Во 2009 г., Саливен се појави во рекламите за “Cotton Incorporated„. Таа исто така се појави како гостин во десеттиот студиски албум на Снуп Дог “Malice n Wonderland„ на песната "Different Languages".

2009–11: Love Me Back[уреди | уреди извор]

Саливен почна да работи на нејзиниот втор албум во 2009 г. Ни-Јо, Лос да Мистро, Рајан Лесли, Ламб, Миси Елиот и Салам Реми се продуцентите кои придонесоа за овој албум. Тие исто така ги продуцираа и поголемиот број на песните на албумот “Fearless„. Некои од песните снимени за албумот се: "Blow", "Don't Make Me Wait" (во чест на Принц), и најавено продолшение на песната "Bust Your Windows" наречена "You Get On My Nerves", којашто ја напишаа заедно со Ни-Јо. Вториот албум на Џазмин “Love Me Back„ беше издаден на 30 ноември 2010 г. Албумот беше завршен во јуни 2010 г. Уште пред да испадне албумот, водачкиот сингл "Holding You Down (Goin' In Circles)", беше издаден на 10 јули 2010 г. Синглот се искачи на место број 3 на Билборд топ-листата за Хот РнБ/Хип Хоп песни. Вториот сингл од албумот "10 Seconds" беше пуштен на радио на крај на септември, и оттогаш се искачи на место број 31 на Билборд топ-листата за Хот РнБ/Хип Хоп песни. Најпрво, песната требаше да се издаде на 25 октомври, но всушност беше издадена на 22 ноември, додека пак музичкиот видео запис на 12 ноември. На почеток на декември 2010 г. Билборд ја прогласи Џазмин Саливен како “Ѕвездата во подем„ за 2010 г.

2011–денес: Трет студиски албум[уреди | уреди извор]

Џазмин сега работи на нејзиниот трет студиски албум.

На 7 октомври 2011 г. продуцентската гупација “RCA Music Group„ најави дека ќе престане да работи како организација на продуцентската куќа “J Records„, “Arista Records„ и “Jive Records„. Со затворањето, Саливен (и другите пејачи претходно што потпишале со овие три продуцентски куќи) продолжиле да го издаваат нивниот иден материјал во продуцентската куќа “RCA Records„.

Дискографија[уреди | уреди извор]

Награди/Номинации[уреди | уреди извор]

  • Билборд награди: Жените во музиката
    • 2010, Билборд награда за Ѕвезда во подем (Победи)
  • БЕТ Награди
    • 2009, Најдобар женски РнБ пејач (Номинирана)
    • 2009, Најдобар нов пејач (Номинирана)
    • 2009, БЕТ Централна награда (Победник)
  • Греми награди
    • 2009, Најдобар нов пејач (Номинирана)
    • 2009, Најдобра женска РнБ вокална изведба: "Need U Bad" (Номинирана)
    • 2009, Најдобар РнБ современ албум: "Fearless" (Номинирана)
    • 2009, Најдобра РнБ песна: "Bust Your Windows" (Номинирана)
    • 2009, Најдобра традиционална РнБ вокална изведба: "In Love With Another Man" (Номинирана)
    • 2010, Најдобра женска РнБ вокална изведба: Lions, Tigers & Bears (Номинирана)
    • 2010, Најдобра РнБ песна: Lions, Tigers & Bears (Номинирана)
    • 2011, Најдобра женска РнБ вокална изведба: "Holding You Down (Goin' In Circles)" (Номинирана)
  • “Image„ Награди
    • 2009, Најдобар нов пејач (Номинирана)
  • “Soul Train„ Награди
    • 2009, Најдобар нов пејач (Номинирана)
    • 2009, Најдобра РнБ песна “Song, Lions, Tigers and Bears„ (Номинирана)
  • “ASCAP„ Награда
    • 2011, РнБ/Хип Хоп песна, "Holding You Down (Goin' In Circles)" (Победник)

Кинематографија[уреди | уреди извор]

  1. „Jazmine's Jimmy Kimmel Live performance of "Bust Your Windows" and "Lions, Tigers, & Bears" | The Official Jazmine Sullivan Site“. Jazminesullivanmusic.com. Архивирано од изворникот на 2009-04-17. Посетено на 2010-04-25.