Њу Делхи

Од Википедија — слободната енциклопедија
Панорамски поглед кон градот

Њу Делхи (хинду: नई दिल्ली), урбана област во општината Делхи, е главен град на Индија и седиштето на владата на Индија. Тој е една од трите општински корпорации на Престолнинската територија Делхи.

Администрација[уреди | уреди извор]

Од 2005 година, владината структура на Општинскиот совет на Њу Делхи вклучува претседател, три члена од Законодавното собрание на Њу Делхи, два члена номинирани од премиерот на Њу Делхи и пет члена номинирани од централната влада. Сегашен премиер е Шеила Дикшит.

Знаменитости[уреди | уреди извор]

Њу Делхи е просторен, отворен град кој има многу владини згради и амбасади. Исто така тој поседува и места од историски интерес. Важни атракции на Њу Делхи се Раштрапати Бхаван, едновремената империјална резиденција на британските вајсројси; потоа Портата Индија, споменик подигнат во чест на индиските војници убиени за време на авганистанските и другите околни војни; храмот Лаксминарајан, изграден од Бирласите, една од водечките индиски индустриски фамилии; сваминарајанскиот Акшардхам храм; Гробот на Хумајун; Пурана Квила, изградена од Хумајуните, со подоцнежни модификации на Шер Шах Сури; Тугхлаквабад, најпознатото пристаниште на Делхи; Кјутаб Минар, изграден од Кјутб-уд-дин Ајбак од Династијата на Робовите; Бахајска Куќа на Обожување итн.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]