Јошинори Осуми

Од Википедија — слободната енциклопедија
Јошинори Осуми
大隅 良典
Јошинори Осуми
Роден(а)9 февруари 1945(1945-02-09)(79 г.)
Фукуока, Јапонија
Националностјапонска
Полињацитологија
УстановиТокиски технолошки институт
ОбразованиеУниверзитет во Токио
Познат поавтофагија
Поважни наградиНобелова награда за физиологија или медицина (2016)

Јошинори Осуми (јапонски: 大隅 良典 ); (Фукуока, 9 февруари 1945) – јапонски цитолог, специјалист по автофагија, професор на Токискиот институт за технологија. Во 2012 година ја добил наградата Кјото за базични науки[1], а во 2016 година ја добил Нобеловата награда за физиологија или медицина за неговото откритие на механизмите на автофагија[2][3].

Животопис[уреди | уреди извор]

Јошинори Осуми е роден на 9 февруари 1945 година во Фукуока, Јапонија.

Образование[уреди | уреди извор]

На универзитетот Токио Осуми дипломирал во 1967, а докторирал во 1974 година. Од 1974 до 1977 година бил на постдокторски студии на универзитетот Рокфелер во Њујорк.

Кариера[уреди | уреди извор]

Во 1977 година се враќа на универзитетот Токио како истражувач; во 1986 е назначен за предавач, а во 1988 е промовиран во вонреден професор. Во 1996 година преминал на Националниот институт за базична биологија во Оказаки, Јапонија, каде бил назначен за професор. Од 2004 до 2009 година бил исто така професор на Универзитот за напредни студии во Хајама, Јапонија. И после пензионирањето во 2014 година, тој продолжува да предава на Институтот за иновативно истражување на Токискиот институт за технологија.

Во 2016 година ја добил Нобеловата награда за физиологија или медицина за своето откритие на механизмите за автофагија.

Награди[уреди | уреди извор]

  • Нобелова награда за физиологија или медицина за 2016 година[4]
  • Вајлиева награда за биомедицински науки (2016)
  • Меѓународна награда за биологија (2015)
  • Награда Розенстил (2015)
  • Награда Гајрднер (2015)
  • Награда Кјото за базични науки[5] (2012)
  • Награда на Јапонската академија (2006)

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Lawrence Biemiller, "Kyoto Prize Is Awarded to 3 Scholars" The Chronicle of Higher Education Nov. 10, 2012 [1]
  2. Јапонскиот научник Јошинори Осуми добитник на Нобеловата награда за медицина[мртва врска]
  3. „The Nobel Prize in Physiology or Medicine 2016“. The Nobel Foundation. 3 October 2016. Посетено на 3 October 2016.
  4. „Yoshinori Ohsumi wins Nobel prize in medicine for work on autophagy“. The Guardian. Посетено на 3 October 2016.
  5. „Yoshinori Ohsumi“. Kyoto Prize. Посетено на 3 October 2016.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]