Јокохама

Координати: 35°26′39″N 139°38′17″E / 35.44417° СГШ; 139.63806° ИГД / 35.44417; 139.63806
Од Википедија — слободната енциклопедија
Јокохама
横浜
横浜市 · Град Јокохама[1]
Знаме на ЈокохамаАмблем на Јокохама
Амблем
Location of Yokohama in Kanagawa
Location of Yokohama in Kanagawa
Јокохама is located in Јапонија
Јокохама
Јокохама
 
Координати: 35°26′39″N 139°38′17″E / 35.44417° СГШ; 139.63806° ИГД / 35.44417; 139.63806
CountryJapan
RegionKantō
PrefectureKanagawa
Управа
 • MayorFumiko Hayashi
Површина
 • Вкупна437,38 км2 (16,887 ми2)
Население (June 1, 2012)
 • Вкупно3.697.894
 • Густина85/км2 (220/ми2)
Часовен појасJapan Standard Time (UTC+9)
– TreeCamellia, Chinquapin, Sangoju
Sasanqua, Ginkgo, Zelkova
– FlowerRose
Phone number045-671-2121
Address1-1 Minato-chō, Naka-ku, Yokohama-shi, Kanagawa-ken
231-0017
Мреж. местоcity.yokohama.lg.jp

Јокохама (јапонски: 横浜市) — град во Јапонија и перфектурата Канагва во Токискиот Залив. Според пописот на населението од 2005 година во градот живееле 3,579,133 жители. Тој е втор град по големина во Јапонија (по Токио) според бројот на населението. Најголемо пристаниште и голем индустриски центар на Јапонија. Јокохама скоро е споен со Токио.

Географија[уреди | уреди извор]

Положбата на Јокохама во перфектурата Канагва

Се наоѓа во регијата Канто и перфектурата Канагва. Се наоѓа на западната страна на Токискиот Залив, 30 километри од Токио, со кој е повржан со бројни пруги и автопати. Многу жители на Јокохама работат во Токио и се забавуваат таму, а само спијат во Јокохама. Токио, Јокохама и Кавасаки сочинуваат еден мегаполис.

Во близина на градот реката Цуруми се влева во моерто.

Во Јокохама се наоѓа и Ландмарк кулата, што претставува највисока зграда во Јапонија, висока 296 метри.

Клима[уреди | уреди извор]

Климата е доста пријатна со оглед на близина на морето. Средната годишна температура се движи меѓу 16 и 17 °C. Средната температура во јануари е 5,6 °C, а во август 26,4 °C. Годишното количество на врнежи изнесува 1,630мм. Најмногу врнежи има во јуни и септември.

Историја[уреди | уреди извор]

Јокохама бил мал рибарски град, сè до средината на 19 век. Кога Јапонија под американско влијание повторно почналa да се отвора кон светот, Јокохама е изберена како една од неколкуте пристаништа, преку кои ќе оди трговијата со светот. Пристаништето е отворено во 1859 година и брзо станала најзначајно прстаниште за трговија со светот.

Пругата, која ги поврзува Токио и Јокохама изградена е во 1872 година, што овозможува увоз на суровини за едно пошироко подрачје. Растот на јапанската индустрија доведува до просперитет на градот. Јокохама бил најинтернационален град во Јапонија.

Големиот Канто земјотрес од 1923 година разурнал поголем дел од градот. Со американските бомбардирања добар дел од градот е запален и уништен. Во текот на американската окупација, Јокохама била најголемата транспортна база за снабдување на трупите, а посебно во текот на Корејската војна. По окупацијата поголемиот дел од американската поморска активност е преселена во Јокосука.

Население[уреди | уреди извор]

Според проценките од пописот во 2005 година, во градот живееле 3,579,133 жители.

Движење на бројот на населението
1995 2000. 2005.
3.307.136[2] 3.426.651[2] 3.579.133[2]

Индустрија[уреди | уреди извор]

Во Јокохама индустријата е доста развиена. Посебно се истакнуваат индустриите за челик, машинската, електроиндустријата и елекротехничката, индустрија за превозни средства, биотехнолошка, полупроводничка, хемиска, текстилна и прехранбена. Во градот исто така е развиена бродоградбата, а постои и рафинерија. Претпријатието „Нисан“ има седиште во Јокохама.

Спорт[уреди | уреди извор]

Стадионот Нисан

Во градот се наоѓа фудбалскиот стадиот Јокохама Мариноса, најголем стадион во Јапонија, изграден во октомври 1997 година. На овој стадиот е одигран финалниот натпревар на Светско првенство во фудбал 2002 година. Во Финалето на 30 јуни се сретнале репрезентациите на Германија и Бразил (0:2). Претпријатието „Нисан“ е главен покровител, па така стадионот е преименуван во Стадион Нисан на 1 март 2005 година.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Yokohama official web side Архивирано на 18 јануари 2009 г. (англиски)
  2. 2,0 2,1 2,2 „Population Census“. StatisticsBureau.