Јовица Михајловски

Од Википедија — слободната енциклопедија
Јовица Михајловски
Роден 12 јуни 1955(1955-06-12)(68 г.)
Битола, Македонија Македонија
Националност Македонец
Познат по улогите во:
Соба со пијано
Јас сум од Титов Велес
Самоуништување
Викенд на мртовци
Среќна нова '49
Бушава азбука
Солунски патрдии
Театарче лево ќоше
Тетовирање
Ангели на отпад
Занимање глумец
Роднини Горан Михајловски (брат)

Јовица Михајловски (роден на 12 јуни 1955 во Битола) — македонски театарски, филмски и телевизиски глумец.

Живот и дело[уреди | уреди извор]

Јовица Михајловски е роден во 1955 година во Битола. Веднаш по завршувањето на Факултетот за драмски уметности во Скопје (1981 г.) се вработил во Драмскиот Театар (1983 г.), учествувајќи во проекти на Детската и Малата сцена, како и во претстави реализирани на т.н. Голема сцена. Тој имал претстави и во Македонски народен театар - Скопје. Во 2022 година се пензионирал во Драмски театар - Скопје

Михајловски настапувал во претставите: во Драмски театар - Скопје Сомнително лице од Б.Нушиќ (Ѓока), Дупло дно од Горан Стефановски (Јаков II), Солунски патрдии од М.Попоски (Кире и Баже), Крвави свадби од Лорка (Младичот), Долго патување во ноќта од О’Нил (Џејмс Тајрон), Грев или шприцер од С.Насев (Јоцо), Харем од С.Насев (Топуз Паша), Изгубени Германци од Слободан Унковски во продукција на Македонски народен театар - Скопје и многу други. Освен тоа има настапувано и во поголем број сценски реализации за најмладите, во радиотелевизиски драми, серии и слично.

Филмографија[уреди | уреди извор]

Филмографија на глумецот Јовица Михајловски
Год. Назив Улога
1950-ти
1955 Волчја ноќ ТВ-филм /
1980-ти
1982 Илинден ТВ серија Гино
1984 Опасни траг ТВ-филм /
1984 Белото циганче ТВ-серија /
1985 На наш начин ТВ-серија /
1985 Трговецот од Солун ТВ-филм Лука
1985-1986 Крале Марко јунак стана ТВ-серија Турчин
1985 Дупло дно ТВ-филм Јаков Ии
1985 Бушава азбука ТВ-серија Ќелавиот
1985 Тетовирани души ТВ-филм
1986 Среќна Нова ’49 ТВ-филм /
1986 Солунски патрдии ТВ-серија Цире
1986-1989 Македонски народни приказни ТВ-серија
1987 Трето доба ТВ-серија /
1987 Ѕвездите на 42-та ТВ-филм Спанецот
1987 Театарче лево ќоше ТВ-филм /
1988 Викенд на мртовци ТВ-серија Ноне
1988-1991 Тврдокорни ТВ-серија
1989-1993 Еурека ТВ-серија Бечеролд
1990-ти
1990 Викенд на мртовци ТВ-филм Ноне
1991 Женски оркестар ТВ-филм
1991 Тетовирање ТВ-филм Боле Змија
1992 Чернодрински се враќа дома ТВ-филм
1992 Време, живот ТВ-филм Клапер
1992 Хераклеја по вторпат ТВ-филм /
1993 Светлосиво ТВ-филм Цветко (сегмент "Вондерфул Ворлд")
1993 Грев или шприцер ТВ-филм Бугар
1994 Пред дождот ТВ-филм
1994-1995 Бумбари ТВ-серија Жиле
1995 Ангели на отпад ТВ-филм Милиционерот
1996 Самоуништување ТВ-филм Кумплунг
1997 Интихарин ел китаби ТВ-филм /
1999 Време, живот ТВ-филм
2000-ти
2003 Волци ТВ-филм Борко
2004 Сакам да бидам кошаркар ТВ-серија Лазе Темелков
2005 Обични луѓе ТВ-серија Мандра
2005 Остани исправен Краток филм /
2006 Стрмоглави ТВ-филм Јане
2006 Пусто турско ТВ-филм
2006 Американецот ТВ-филм /
2007 Превртено ТВ-филм Шефот
2007 Јас сум од Титов Велес ТВ-филм Доктор
2010-ти
2010 Шесто чуло ТВ-серија Професор Тодоров
2010 2011 Од денес за утре ТВ-серија Ал Капоне
2011 Панкот не е мртов ТВ-филм Гуру
2011 Ова не е Американски филм ТВ-филм
2012 Скопје ремиx ТВ-филм /
2012 Човекот со чудна навика да ме удира со чадор по глава ТВ-филм
2013 Соба со пијано ТВ-филм Манагер
2013 Изгубени Германци ТВ-филм Бењамин
2014 До балчак ТВ-филм Непознатиот
2017 Фамилијата Марковски ТВ-серија Драган
2016-2019 Преспав ТВ-серија Археолог Славе/Историчарот
2019 Вера ТВ-филм Живко
2019 Ефектот на Среќа ТВ-филм Петар
2020.- те
2020 Хомо ТВ-филм Богатин
2022 Куќен притвор ТВ-серија Адвокат Кољо
2022-2023 Бистра вода ТВ-серија
2024 Црвениот поет ТВ-серија Обвинителот

Награди, признанија и дела[уреди | уреди извор]

Награда од ревијата Екран, за улогата на Кумплунг во играниот филм Самоуништување, 1997 година, награда намеѓународниот фестивал на мали сцени во Риека, Хрватска, за најдобро гостварување, односно за најдобра машка улога Лаки во претставата Другата страна -2005 година, добитник на нградата за најдобра машка улога на фестивалот Војдан Чернодрински за улогата Шајлок во претставта Венецијанскиот трговец 2017 година, добитник на наградата од ДФРМ, Златна рамка, за особен придонес во македонскиот филм, 2021 година.

Литература[уреди | уреди извор]

  • Книгата Досие на Драмски Театар-Биографија за Михајловски Јовица

Надворешни врски[уреди | уреди извор]