Јежи Нејман

Од Википедија — слободната енциклопедија
Јерзи Нејман
Роден(а)16 април 1894
Бенреди, Бесарабија, Русија
Починал(а)5 август 1981
Оукленд, Калифорнија
НационалностПолски американец
Полињаматематика
УстановиУниверзитетот во Калифорнија, Беркли
ОбразованиеВаршавскиот универзитет
Докторски менторWacław Sierpiński
ДокторандиWolfgang Bühler
Douglas Chapman
George Dantzig
Lucien Le Cam
Erich Leo Lehmann
Anastasios Tsiatis
Joseph Hodges
Познат поинтервал на доверба, теорија за испробување на хипотези
Поважни наградиGuy Medal, Fellow of the Royal Society[1]

Јерзи Нејман, полски: Jerzy Spława-Neyman (16 април 1894, Русија - 5 август 1981, Калифорнија, САД) бил полски математичар и статистичар, кој работејќи на руски, полски и англиски, придонел во оформувањето на статистичката теорија за испробување на хипотезите. Нејман, како еден од значајните основачи на модерната статистика, во 1968 година ја добил престижната награда National Medal of Science[2].

Младост и образование[уреди | уреди извор]

Јерзи Нејман е роден во полско семејство во Бендери, Русија. Во тој период Полска не постоела како држава, бидејќи била поделена помеѓу Германија, Австрија и Русија. После смртта на неговиот татко на 12 годишна возраст, Нејман заедно со своето семејство се преселил во Краков, каде што го започнал своето основно и средно образование. И покрај тоа што е роден во полско семејство, тој го владеел рускиот јазик како мајчин. На својата рана возраст тој владеел и други јазици како: украински, германски, француски и латински. Откако го завршил средното образование, тој одлучил да студира математика на универзитетот во Краков есента 1912 година.[3] Бил заинтересиран за математика и физика, но најмногу уживал изведувајќи ги практичните физички експерименти. Тој бил фасциниран кога го прочитал делото на '''Henry Lebesque''' “Lecons sur L'intégration et la Recherche des Functions Primitives”, затоа во текот на неговото школување самиот докажал 5 теореми за Лебесковиот интеграл. Под влијание на неговиот професор по веројатност - '''Александар Бернштајн''', Нејман бил поттикнат да го чита делото на '''Карл Пирсон''' “The Grammar of Science”, кое во иднина придонело за развојот на неговата кариера[4].

Научна кариера[уреди | уреди извор]

Јерзи Нејман во 1917 година ги започнал своите постдипломски студии во Краков, каде што по една година станал доцент на институтот за технологија[5]. Тој започнал со својата научна работа издавајќи ја својата прва студија "Sur une théoréme metrique concernant les ensembles fermés", објавена во 1923 година. Една година подоцна Нејман станал доктор на науки по филозофија на универзитетот во Варшава. Најголемо достигнување во статистиката постигнал работејќи самостојно, особено како статистички асистент во националниот институт за земјоделство во Бидгошч. Есента 1925 година Нејман добил стипендија од полската влада, да изучува математичка статистика заедно со Карл Пирсон во Лондон. Тогаш тој го развива своето огромно пријателство со синот на Карл, Егон Пирсон. За време на академската година (1926 - 1927 година) тој добил стипендија да изучува математика во Париз[6]. Таму Нејман го добил потребното знаење за потоа да му се придружи на Егон Пирсон во развивањето на статистичките теории. На крајот на оваа академска година, тој се вратил во Варшава, каде станал директор во ''Biometric Institute''. Во периодот од 1928 до 1934 година Нејман и Пирсон објавиле 7 од своите 10 значајни студии за теоријата на испробувањето на статистичките хипотези. Оваа теорија сосема се разликувала од традиционалниот начин на испробување на хипотезите. Додека предавал на University College во Лондон, тој заедно со Пирсон издале уште 3 студии за испробување на хипотезите. Во текот на неговата кариера, Нејман ја развивал идејата за оценување со помош на интервал на доверба. Покрај овие теории, тој придонел за развивање на други гранки од статистиката. Сметал дека практичните проблеми се извор на инспирација за теоретските статистичари. Пролетта 1937 година Нејман држел предавања за математичка статистика и веројатност на одделот за земјоделство во Вашингтон, каде јавноста имала можност за првпат да ги слуша неговите предавања во живо. Во 1938 година тој станал професор по математика на универзитетот во Калифорнија, Беркли каде во 1955 година го вовел департманот статистика, а потоа бил назначен за директор на статистичката лабораторија. За време на неговото работење во лабораторијата, почнал да го подготвува симпозиумот за математичка статистика и веројатност. Успехот од овој симпозиум го поттикнал Нејман да размислува за одржување симпозиуми на секои 5 години. На секој нареден симпозиум, бројот на членови видно се зголемувал.

Јерзи Нејман е еден од најзначајните статистичари, кој со своето дело придонел за полесно изучување на статистиката. Придонесот на Нејман во статистиката, кој вклучува теории за интервалот на доверба и испробување на статистички хипотези, пронашол голема примена во доменот на генетика, медицинска дијагноза, астрономија, метерологија и земјоделство. Во текот на целиот овој период, Нејман целосно се залагал и бил воден од една мисла - СТАТИСТИКАТА Е КЛУЧОТ ЗА ПОСТИГНУВАЊЕ УСПЕХ ВО СИТЕ НАУКИ.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. doi:10.1098/rsbm.1982.0015
    Овој навод ќе се дополни автоматски во текот на следните неколку минути. Можете да го прескокнете редот или да го проширите рачно
  2. http://www.britannica.com/EBchecked/topic/413357/Jerzy-Neyman
  3. „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2013-02-16. Посетено на 2013-04-23.
  4. http://www.nasonline.org/publications/biographical-memoirs/memoir-pdfs/neyman-jerzy.pdf
  5. http://www-history.mcs.st-and.ac.uk/Biographies/Neyman.html
  6. „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2013-09-30. Посетено на 2013-04-23.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

1.http://www.angelfire.com/scifi2/rsolecki/jerzy_neyman.html 2.http://statprob.com/encyclopedia/jerzyneyman.html 3.http://www.encyclopedia.com/topic/Jerzy_Neyman.aspx