Јан Мајен

Од Википедија — слободната енциклопедија
Јан Мајен
Местоположба на Оланд
Главен град-
70°59′N 08°32′E / 70.983° СГШ; 8.533° ИГД / 70.983; 8.533
Најголем град Олонкинбиен
Службен јазик норвешки
Површина
 •  Вкупна 377 км2 (нерангирана)
Население
 •  проценка за  г. 25-35 

Јан Мајен (норвешки: Jan Mayen) е вулкански остров во северниот дел на Атлантскиот Океан и административно му припаѓа на кралството Норвешка.

Географски одлики[уреди | уреди извор]

Островот се наоѓа на околу 600 км северно од Исланд, 500 км источно од Гренланд и на околу 1000 км западно од Норвешка. Составен е од два дела, Северен Јан (Nord-Jan) и Јужен Јан (Sør-Jan).

Морето што го окружува во голема мера влијае на временските прилики, па просечната зимска температура е -5 °C, а летната просечна температура изнесува 5 °C. Животинскиот свет е многу сиромашен и главно го сочинуваат птици, а од растителниот свет најмногу се распространети мововите.

Според истражувањата на геолозите во морските длабочини околу островот има значителни резерви на нафта и природен гас.[1]

Население[уреди | уреди извор]

Пред да биде откриен во 16. век, островот бил ненаселен. Денес Јан Мајен има околу 30-тина жители кои не живеат постојано, туку се дел од персоналот на метеоролошката станица или од воената база.

Местоположба на Јан Мајен во однос на Норвешка

Администрација[уреди | уреди извор]

Од историски аспект, како дел од Норвешка, Јан Мајен претставувал една политичка целина заедно со Свалбард. Денес, за разлика од Свалбард, овој остров нема посебен статус, поради што нема влада или друг вид политички институции што би биле посебни од норвешките. Островот е дел од норвешкиот округ Нурлан.

Политичка поделба[уреди | уреди извор]

Норвешка е поделена на повеќе области или окрузи (fylke). До 1 јануари 1995 г. со островот управувал гувернерот на Свалбард. По овој датум Јан Мајен административно станал дел од округот Нурлан и со него управува гувернерот (fylkesmann) на Нурлан.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Oil majors eye oil, gas off Arctic Jan Mayen island“. reuters. Архивирано од изворникот на 2013-08-24. Посетено на 2013-08-25.