Корисник:Wikimk

Од Википедија — слободната енциклопедија
Википедија:Вавилон
mkMајчин јазик на овој корисник е македонскиот.
en-4 This user speaks English at a near-native level.
sr-3Овај корисник врло добро говори српски језик.
hr-3 Ovaj korisnik vrlo dobro govori hrvatski jezik.
sl-1 Uporabnik pozna osnove slovenskega jezika.

Википедија не претставува сигурен извор на информации[уреди | уреди извор]

Се сложувам со сите што тврдат дека Википедија не смее да се прифати како сигурен извор на информации како во академската заедница така и при размената на информации воопшто. Тие што се осмелуваат да ги поткрепат своите тврдења велејќи „Ама така пишува во Википедија“ самите се доведуваат во подредена положба. Сите информации до кои ќе стигнете на Википедија треба да бидат проверени, не само на верзиите на Википедија на другите јазици, туку и во примарни извори на информации.

Во однос на овде изнесеното мислење ги препорачувам следните статии.

  1. The real bias in Wikipedia [1],
  2. Why Wikipedia Must Jettison Its Anti-Elitism [2] - мислење на Larry Sanger еден од основачите на Википедија.

Зошто сум јас на Википедија?[уреди | уреди извор]

За да помогнам во нејзиниот развој во областите за кои сум заинтересиран.

Послание[уреди | уреди извор]

Без вас, Тире и Сидоне,
овде се живеело илјадници години
и пак ќе се живее.
Ние луѓето сме како тревана –
ја газат, се суши, се задушува, гине,
само земјата останува.
Ние луѓето сме како мравине –
ги гмечат, ги ништат и пак се збрале купче.
Одовде тргнал некогаш поход до Инд,
кој можел да го предвиди тоа?
По Виа Егнација Цицерон одел во прогонство
во Солун.
Близу до Драма
призракот на Цезар му се јавил на Брута
под шаторот
спроти решителната битка.
Па се посветиле во Тивериопол
петнаесет маченици.
Наум соградил манастир
на извирот на Белото езеро.
Оваа земја го крепела и Маркота Крале.
И сепак,
зар не доживувала таа униженија?
Зар можело без тоа до зрелоста?
Сето е предвидено –
ние си одиме,
а земјата останува.

Блаже Конески