Црноризец Храбар

Од Википедија — слободната енциклопедија
Црноризец Храбар
Роден крај на IX век?
Починал X век
Познат по делото
О писменех
Занимање писател

Црноризец Храбар (старословенски: Чръноризьць Храбръ) — анонимен средновековен писател од Преславската книжевна школа во Првото Бугарско Царство. Псевдонимот Црноризец Храбар значи „храбар калуѓер“.

Страна од најстариот препис на О писменех (1348)

Некои слависти како Милош Вајнгарт и Блаже Конески сметаат дека под овој псевдоним се крие името на Св. Наум Охридски, еден од истакнатите ученици на Св. Кирил и Методиј и активен деец во Охридската книжевна школа, други како Ф. Снопка - Климент Охридски, проф. Г. А. Илински - Јоан Екзарх, проф. Васил Златарски - Симеон I, Е. Георгиева - Црноризец Докс.

За Црноризец Храбар се знае дека е автор на делото „О писменех“ („За буквите“), напишано во Охридската или Преславската школа во почетокот на X век.[1] Според податокот во делото, со кој се кажува: „Уште се живи што ги виделе нив“, Храбар го напишал „За буквите“ кон крајот на 9. или почетокот на X век, не повеќе од една генерација по Моравската мисија.

Во Бугарија по него е именуван Варненскиот слободен универзитет.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Преславски извори за трактата "За буквите" на Черноризец Храбър, проф. Христо Трендафилов, Преславска книжовна школа, т. 7, стр. 305-306“ (PDF). Архивирано од изворникот (PDF) на 2016-03-06. Посетено на 2013-04-01.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]