Душко Аврамов

Од Википедија — слободната енциклопедија

Душко Аврамов — македонски поет за деца. Роден е во Скопје на 29 април 1938 година. Починал во Скопје на 19 јули 1998 година. Завршил Виша Педагошка Школа во Скопје 1963 година и Филолошки факултет во Скопје 1969 година. Работел како наставник до 1964 година новинар во радио Скопје до 1967 година главен уредник на весник Стакларец до 1988 година. Член на ДПМ од 1970 година[1].

Автор е на книгите:

  • Славејот на одмор (1970),
  • Болен зајко (1971),
  • Со песни низ оган (1971),
  • Ајкулата заби мие (1972),
  • Свет без граници (1974),
  • Има еден убав збор (1979),
  • Венец од ѕвезди (1980),
  • Те сакам, ме сакаш (1985),
  • Најсветлата ѕвезда (1990),
  • Ајде да се дружиме (1994),
  • Цвет до цвет (1996),
  • Стевче смелче (1996).

Идеалите и импозантното дело на Гоце Делчев станале негова непресушна инспирација во творештвото.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Членови на ДПМ“. dpm-pisateli.mk (мк). Посетено на 17.01.2021. Проверете ги датумските вредности во: |access-date= (help)CS1-одржување: непрепознаен јазик (link)