Главна страница

Од Википедија — слободната енциклопедија

Добре дојдовте на Википедија

слободната енциклопедија што може секој да ја уредува
имаме 143.182 статии на македонски јазик
Избрана статија за оваа седмица

Telephone“ — песна од американската пејачка Лејди Гага. Издадена е од нејзиниот трет EP албум, The Fame Monster (2009). Песната, која е дует заедно со американската Р&Б пејачка Бијонсе Ноулс, е напишана од Гага и Родни Џеркинс. Инспирирана од нејзиниот страв што не е во состојба да ужива поради посветеноста на нејзината кариера, Гага објаснила дека текстот ја прикажува поголемата љубов кон подиумот отколку да се јави на нејзиниот партнер од другата страна на телефонот, кој во реалниот свет всушност бил нејзиниот мозок кој ѝ кажувал дека треба да работи понапорно.

Музички, „Telephone“ содржи издолжен завршен дел, рап стихови и епилог во кој гласот на мобилниот оператор кажува дека корисникот не е достапен. Ноулс се појавила во средината на песната, пеејќи ги стиховите во многу брзо темпо, придружена со посилни ритми. Песната се искачила на првото место во неколку држави поради дигиталните продажби кои го проследиле издавањето на албумот, главно во САД, Австралија, Канада, Холандија, Нов Зеланд, Шведска и Унгарија. Песната била успешна и во Европа каде се искачила на првите места на табелите во Белгија, Данска, Унгарија, Ирска, Холандија, Норвешка и Велика Британија. Според IFPI, синглот продал 7,4 милиони примероци во 2010 година. Критичарите забележале дека песната се одделува во позитивна насока од другите песни на The Fame Monster и добила Греми-номинација за Најдобра поп-соработка со вокали во 2011. (Дознајте повеќе...)


Слика на денот

Пупки на германски лук (Allium senescens glaucum).
Дали сте знаеле…

Занимливости од содржините на Википедија:

Стапчиња за јадење
Стапчиња за јадење
На денешен ден…

Денес е 17 април 2024 г.

Настани:

1492  Изабела I Кастиљска и Кристофер Колумбо склучиле договор за неговото патување до Азија преку Атлантикот.
1941  Кралството Југославија капитулирало пред нападот на Силите на Оската во Втората светска војна.
1946  Последните француски војници ја напуштиле Сирија, која стекнала независност.
1961  Инвазија во Заливот на Свињите: 1.511 кубански бегалци во САД, обучени и финансирани од ЦИА, се истовариле во Заливот на Свињите на Куба со цел да го соборат Фидел Кастро.
1969  Александар Дубчек поднесол оставка на функцијата шеф на Комунистичката партија на Чехословачка.
1970  Тешко оштетениот модул на ракетатаАполо 13“ безбедно се вратил на Земјата со тричлениот екипаж.
1971  Излегол првиот соло-албум на Пол МекартниMcCartney“.
1975  Војската на Црвените Кмери го зазеле Пном Пен.
1977  Жените во Лихтенштајн добиле право да гласаат на изборите.

Родени:

1877  Коце Ципушев — македонски револуционер.
1894  Никита Хрушчовсоветски политичар и државник.
1912  Архиепископ Охридски и Македонски г.г. Гаврил — поглавар на Македонската православна црква.
1916  Сиримаво Бандаранаике — првата жена-премеиер на Цејлон (денешна Шри Ланка).
1918  Вилијам Холден — американски глумец.
1923  Линдзи Андерсон — британски режисер.
1935  Владица Поповиќ — српски фудбалер и тренер.
1937  Бранка Петриќ — српска глумица.
1952  Жељко Ражнатовиќ - Аркан — водач на Српската доброволна гарда.
1951  Хорст Хрубеш — германски фудбалер и тренер.
1955  Васил Рингов — македонски фудбалер.
1957  Ник Хорнби — англиски писател.
1957  Африка Бамбата — американски хип-хоп музичар.
1960  Владимир Полјаков — руски и советски атлетичар.
1964  Мајнард Џејмс Кинан — американски пејач, член на групата „Тул“ (Tool).
1967  Лиз Фер — американска музичарка.
1974  Викторија Бекам — британска пејачка.
1983  Роберт Вагнер — германски велосипедист.
1985  Џо-Вилфред Цонга — француски тенисер.
1987  Меди Бенатија — француско-марокански фудбалер.
1992  Шкодран Мустафи — германски фудбалер.

Починале:

167  Аницетримски папа.
326  Александар Александрискипатријарх на Александрија.
858  Бенедикт III — римски папа.
1695  Сор Хуана Инес де ла Крус — латиноамериканска калуѓерка, поетеса, композиторка и филозофка.
1790  Бенџамин Франклин — американски државник, филозоф, физичар, економист и писател.
1898  Дедо Иљо Малешевски — македонски револуционер.
1903  Јордан Поп Јорданов - Орцето — македонски револуционер.
1913  Ахмед Нијази-бег — отомански војник и политичар.
1984  Радка Кушлева — бугарска народна пејачка.
1993  Тургут Озал — осми по ред претседател на Турција.
2014  Габриел Гарсија Маркес — колумбиски писател, добитник на Нобеловата награда.
2018  Барбара Буш — сопруга на американскиот претседател Џорџ Х. В. Буш.
2021  Блек Роб — американски рапер.
Што е Википедија?

Википедија е енциклопедија напишана преку соработка на многу од нејзините читатели. Таа е посебен вид на мрежно место, наречено вики, што го прави придонесот кон неа брз и лесен.

Сакате да помогнете?
Започнете со нашиот вовед!

Други области
  • Селска чешма — централниот форум за дискусија на Википедија, место каде што можете да поставувате прашања и да давате коментари.
  • Портал на заедницата — проекти, ресурси и активности за сите кои сакаат да се вклучат во проектот.
  • На други јазици — Википедија е повеќејазичен проект. Освен на македонски, Википедија е достапна и на преку 300 други јазици.
Братски проекти

Википедија е проект на Фондацијата Викимедија — непрофитна организација која опфаќа и други проекти:

Ризница
Складиште на слики, снимки и други мултимедијални содржини
Викивести
Вести со права за слободна употреба
Викиречник
Речник и лексикон
Викицитат
Збирка на цитати
Викикниги
Учебници и прирачници со права за слободна употреба
Викиизвор
Библиотека на дела со права за слободна употреба
Викивидови
Именик на видови
Викиуниверзитет
Материјали и активности за учење со права за слободна употреба
Мета-вики
Усогласување на проектот „Викимедија“
Википодатоци
База на слободни знаења
Википатување
Отворен туристички водич