Бранко Варошлија

Од Википедија — слободната енциклопедија
Бранко Варошлија
Роден/а1 јануари 1934
Социјалистичка Федеративна Република Југославија Вучитрн, СФР Југославија
Починат/а1 јануари 2004
Македонија Скопје, Македонија
ЗанимањеПисател

Бранко Варошлија (роден на 1 јануари 1934 во Вучитрн, СФР Југославија (денес Србија) - починал на 1 јануари 2004 Скопје) — македонски писател, театарски критичар, романтичар и раскажувач..[1]

Животопис[уреди | уреди извор]

Се запишал и завршил Филолошки Факултет во Скопје. По завшувањето на факултетот се вработил во Радио Скопје, потоа во „Млад борец“, потоа неговата кариера ја продолжил во „Разгледи“ и на крајот се вработил како новинар во „Нова Македонија“ каде што работи најдолго. Во 1978 се одлучува да се пишува драми и се приклучува на Македонскиот народен театар каде што работел како драматург до 1996. Починал на 1 јануари 2004 година во Скопје.[2]

Книжевно творештво[уреди | уреди извор]

  • „Последниот лет на птицата селица“ (роман, 1968)
  • „Осамени минувачи“ (раскази)
  • „Џувалековски“ (монографија, 1975), соавторство со Гане Тодоровски
  • „На два брега“ (драма, 1953)
  • „Триптихон“ (драма,1965)
  • „Балада“ (драма, 1967)
  • „Едно друго царство (драма, 1970)
  • „Учителката“ (драма, 1986)
  • „На сечило“ (драма, 1989)

Тој бил член на оценувачката комисија и учесник во разговорите на тркалезната маса за претстави на Македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ и на фестивалите „Стерино позорје“ и Мали и на некои експериментални сцени Сараево. Тој го превел делото „Бесови“ од Фјодор Достоевски.

Бранко Варошлија е добитник на наградата “Рациново признание“ за збирката раскази “Осамени минувачи “.

Живот на Варошлија[уреди | уреди извор]

“Има некоја симболика во тоа што Бранко Варошлија реши да го напушти овој свет токму на својот 70-ти роденден, на први јануари во штотуку почнатата година. Реши да замине тивко и повлечено, онака како што сакаше да живее. Луциден проценувач на севкупните состојби, врвен полемичар и критичар, Бранко Варошлија се јави во македонската книжевност во 50-тите години со брилијантните прозни остварувања “Последниот лет на птицата селица” и “Осамени минувачи”. Брилијантните височини што ги дофати уште од младоста како да му покажаа дека проблесоците во севкупниот културен и културолошки жабурник се залудни, речиси донкихотовски обиди за отворање на вратите за некои свежи проветрувања и нови ветришта. И Бранко Варошлија речиси целосно се повлече од овдешната творечка стварност. Може да се каже и вака: Варошлија веднаш летна толку високо што повисоко и не можеше да се летне. Па затоа мораше да паѓа. Но остана во културата. Од судбината не се бега. Остана како ултимативен проценувач на театарот и на литературата. Некои, со право, ќе кажат и на визуелната естетика. Други ќе додадат: и на политичките состојби. Трети ќе ја споменат неговата остра и до цинизам развиена мисла. И сите ќе бидат во право, зашто нема којшто барем еднаш се сретнал со Варошлија (било лично, било преку некој негов текст) кој нема да потврдат дека станува збор за редок ерудит, за невообичаена проникливост, за аналитичар кој знае да ги толкува знаците околу нас. Варошлија е, значи, еден од ретките бардови на овдешната култура. Би се осмелил да кажам - последниот бард. Зад него ќе останат и приказните за неговата боемија, за непроспаните ноќи, за безбројните анегдоти... Варошлија беше еден од главните глумци на пишувањето на една паралелна историја на овдешниот културен и социјален живот. Паралелна, но бездруго многу битна. Онаа таканаречена кафеанска историја. Би се осмелил да кажам дека Варошлија беше последниот боем. Делото “Додека паѓа дожд” на Бранко Варошлија (за(за жал, овој расказ, претпоставувам поради техничка грешка, не е објавен интегрално, му недостасува крајот). Подоцна и јас, веќе бев во пензија, според текстот на Бранко Варошлија, ја одиграв монодрамата ”Учителка”, заснована врз вистински настан, кога во шеесеттите години една учителка, на која и беше одземено правото на учителствување, се самоуби во хотелот Бристол во Скопје.”1*”

Неколку збора од разговорот помеѓу покојниот Бранко Варошлија и Венко Андоновски[уреди | уреди извор]

“ Потем рез во сеќавањето: поголем сум, не знам колку години имам. Татко ми и покојниот Бранко Варошлија, кој ги решеташе сите седат таму: дежурни се, чекаат да излезе првиот број од утрешната “Нова Македонија”, да го погледнат и да го одобрат печатењето. Некаде приквечер, со нив одам во најмистичното место - печатницата, меѓу големите машини линотипери, а потем и во одделот за ротација. Уште во ноздринките го чувствувам мирисот на оловото и боите. Прашувам што мириса така. “Тоа е олово”, вели татко ми. “Отровно ли е?” прашувам. А Бранко Варош се насмевнува и, како што го дал господ луциден, вели: “Не. Не е отровно, заразно е.”2*”

1*. Извадок од дневен весник ”Утрински Весник” со наслов “ОМАЖ - Бранко Варошлија (1934 - 2004) Заминувањето на последниот бард” од Ѕвездан Георгиевски

2*. Извадок од дневен весник “Нова Македонија” со наслов “Етика на оловото “ од Венко Андоновски

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Ристовски, Блаже (2009). Македонска енциклопедија. Скопје: МАНУ. стр. 244. ISBN 978-608-203-023-4. OCLC 499142958.CS1-одржување: датум и година (link)
  2. Македонски писатели, Друштво на писатели на Македонија, 2004, стр. 49.