Наос (ѕвезда)

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Zeta Puppis)
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Zeta Puppis
Zeta Puppis.png
Уметнички приказ на ѕвездата Наос (Зета Пупис).
Податоци од набљудување
Епоха J2000      Рамноденица J2000
Соѕвездие Крма
Ректасцензија 08ч 03м &1000000000000035100000035,1с[1]
Деклинација −40° 00′ &1000000000000011600000011,6″[1]
Привидна величина (V)2.21
Особености
Спектрален типO5 IAf
U−B боен показател−1.09
B−V боен показател−0.27
Променлив тип?
Астрометрија
Радијална брзина (Rv)−24.0[1] km/s
Сопствено движење (μ) RA: −30.82[1] mas/yr
Dec.: 16.77[1] mas/yr
Паралакса (π)3.00 ± 0.10 mas
Растојание1090 ± 40 ly
(330 ± 10 pc)
Апсолутна величина (MV)−5.96
Податоци
Маса64 M
Полупречник16 R
Сјајност(bolometric)790,000 L
Температура42,400 K
Металичност?
Вртење>211 km/s.(>4.8 days)
Старост4 × 106 години
Други ознаки
Naos, Suhail Hadar, HR 3165, HD 66811, SAO 198752, FK5 306, CoD C-39 3939, CPD P-39 2011, HIP 39429.
Наводи во бази
SIMBAD— податоци

Наос или Зета Пупис (Zeta Puppis / ζ Pup / ζ Puppis) е ѕвезда во соѕвездието Крма. Позната е по имињата Наос („Naos" од грчки ναύς „брод“) и Сухаил Хадар („Suhail Hadar“ од арапски, „светла ѕвезда на тлото“).

Нејзиниот спектрален тип е O5Ia, што значи дека ова е екстремно жешка ѕвезда. Таа е една од ретките ѕвезди на ноќното небо од типот „O“ што се гледаат со голо око. Температурата на површината ѝ е 42.400 K[2], а масата 59 соларни маси.

За разлика од многу други ѕвезди на толкава далечина, за Зета Пупис се знаат точните параметри, а се знае и дека потекнува од реонот со молекуларен облак во соѕвездието Едро.[3] Според тоа, за оваа ѕвезда можеме точно да ја одредиме оддалеченоста, што на пример не можеме за ѕвездата Денеб.

Зета Пупис е есктремно плава суперџин ѕвезда, една од најсјајните ѕвезди во нашиот Млечен пат. Визуелно е 21.000 пати помоќна од нашето Сонце, но бидејќи е екстремно плава ѕвезда, поголемиот дел од нејзиното електро-магнетно зрачење е ултравиолетово. Плавите ѕвезди не се многу големи, па така и Наос не е исклучок, околу 20 пати е поголем од соларниот радиус. Во тој поглед најголеми се црвените џинови, како што е Бетелгез на пример.

За неколку илјади години, Наос ќе се излади и ќе се претвори во црвен суперџин, и ќе мине низ спектралните типови: B, A, F, G, K, и M. Кога ќе се случи ова, гледано од Земјата, Наос ќе биде една од најсјајните ѕвезди на небото. За 2 милиони години, Наос ќе се претвори во црвен суперџин од типот M5, а се прептоставува дека на крајот ќе експлодира во хипернова толку моќно и сјајно, што ќе се види на небото посјајно од полна Месечина.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 1,4 „SIMBAD Query Result“. Results for NAOS. конс. 2009-01-09. 
  2. Lamers & Cassinelli 1999, accurate to 200 K.
  3. http://www.astro.uiuc.edu/~kaler/sow/naos.html
  • Schaerer, Daniel; et al.. Fundamental Stellar Parameters of γ2 Velorum from HIPPARCOS Data. „Astrophysical Journal Letters“ том  484: L153–L156. doi:10.1086/310785.