WordPress

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Вордпрес (англиски: WordPress) — отворен код блог-платформа изработена од PHP и MySQL, која исто така може да се користи како систем за управување со содржини (англ. Content System Managment или скратено CMS). Содржи многу додатоци кои доаѓаат со самата платформа, и плус има можност за инсталирање на други додатоци и систем за управување со теми. Го користат 2 % од 10.000 големи мрежни места и WordPress е најпопуларната блогерска платформа.

За првпат бил објавен во мај 2003 година од Мат Вуленвег, додека во септември 2009 бил користен од 202 милиони сајта низ целиот свет.